Какви се тие капки само омега? Јас барав само омега по аптеките ми ги даваат д3 +омега, оние што се за над 3месеци и ми велат дека други нема
@marchi-cool чим цица и полни пелени, притоа велиш расположено е, нема простор за грижи. Едноставно не можеш да броиш часови на спиење, оти нема правило. Некои бебиња спијат повеќе, некои помалку, некои денови самото бебе ќе биде по успано, некогаш подолго будно, а сега и како растат ќе бидат подолго будни, и повторно ќе имаат денови кога ќе бидат поуспани. Ако му е нешто, ќе ти каже бебе со самото однесување. Ќе плаче, ќе биде раздразливо, анксиозно.. ќе одбива цицка, суви пелени.. Ти немаш за што да се грижиш сега.
Една збунета, тазе мама бара совет Вчера си дојдовме домче, бебе родено со царски. Додека бевме во болница си цицаше на два, два и пол часа. Откако сме дома бара и на час и половина. Педијатарот при испис ми рече да давам кога сака, ама па да не е многу често на саат и пол да и давам? Меѓу другото, од вчера на пладне до сабајлево, има само три мокри пелени. Во ред ли е и тоа? До првата контрола во понеделник, кој знае уште колку прашања ќе имам....
Давај и почесто да цица, односно на нејзино барање. Премногу е рано за воведување ред за цицање, а и со почесто цицање ќе ти се зголеми лактацијата, цицањето стимулира млекце. Бидејќи си породена царски, подобро е почесто да цица за побрзо да ти надојде млеко. Мојава е скоро 5 месеци па уште немаме ред за цицање (а ни за спиење ).
Ќе може ли некоја да ми помогне околу скоковите.. Бебче е 20 недели по датум на раѓање, а 18 недели по термин. Во принцип од кога е родена нема сон ни дење ни ноќе (ноќно спиење имаше еден период од 5 саати во трет месец ама толку и од тоа). Последниве 3 недели е неподносливо, спиење едвај вкупно 5-6 саати од 24, плачење, кенкање нон стоп, сака цело време во раце и на цице. На секој можен начин пробувам да ја успијам и џабе, а ако евентуално заспие, се буди за 10 мин. Дали е можеби скок во овој период?
Јас би те советувала доколку си бара сама да си и даваш,малечка е за да воведуваш ред. Кај нас некако спонтано одеше доењето беше многу поспан од жолтицата па јас го будев на 2 часа да цица. И до ден денес оснатавме на тие 2 часа. Вие сте многу мали,уште нема ни сила да трга,заспива и затоа си бара на 1 и пол да цица. А и е нормален временски интервал. А ноќе не ја буди.
Првите денови давај што повеќе, за да ти надојде млеко. Нормално е да сака да цица често. Пелени би требало да има барем 6-7 во 24 часа, на секои 3 часа менувај за да не се вцрви на газето. Колку повеќе цица, толку повеќе пелени ќе има. Па во понеделник ќе го измерат и ако треба ќе ви кажат што треба да промените. Скокови се сметаат по термин, значи сте во 4от месец, и тогаш е 4от скок, кој е еден од најлошите. Ама многу работи ќе научи штом заврши скокот. Издржете уште малку и ќе се изненадиш, како ново бебе ќе биде.
Дај боже да е тоа зошто колку и да трае ќе помине сепак. Мене ми е страв да не биде вака нон стоп, кај ќе ми е крајот, не се издржува
Кога си имаат мака, често ќенкаат или цицаат, едноставно мора да се издржи. Ако станува сред ноќ и пробува да си игра, јас сум голем поборник за sleep training.
Фала ви многу на сите, не успевам да ве означам во коментар. Ќе си тераме вака до понеделник. Пелени менувам на три часа секако, само ме збуни тоа што од 6 сменети, во тој временски интервал, 3 беа валкани, другите 3 суви.
Не очекувај дека ке тежат како нашиве пелени на 6м оброк и е од прилика 40мл колку може она да мочка најдобро со индикатор купи си пелени и ке си гледаш дали мочкала . И гушкајте се Ајјј денес ама сум емотивна гледав слики од болница. Колкав бил мал божееее. Додека трепнеш пораснале. И прашувај си се и сешто. Јас се сејќавам прашував дали е нормално кога спие да прави како кутре
Нас педијатарот ни рече двете капсули како сакаме или едно по друго заедно, или едн навечер друга сабајле, нема значење како ке се даваат. Јас ги давам заедно во првата половина од денот.
Чинам иста возраст ни се бебињата. И ние сме осумнаесет недели, скокот си го прави своето. Уште една недела имаме мајка, издржи Инаку мали се подава да седне. Играчка снима неколку секунди и ја граба, па ја префрла од една во друга рака. Целосно и многу лесно се врти од грб на стомак, и глава на страна става и така си лежи. Се научи и да гушка  дури и играчка една А дс, и го бара тато во кревет
Мојава се врти само на страна, на стомак сеуште не, играчки фаќа и одма во уста. Рацете по цел ден во уста, по најново плука и цела е утоп. Слатки се ама НАПОРНИ
Да прашам мајки , живеам во Германија, е сега педијатарот ми има дадено само Д витамин, а тие омега 3 не, не ми е јасно, да не има некој што знае како што?