На почеток, барем според мое искуство, има повеќе станување. За памперс, доење, гушкање/сигурност, грчеви итн. Попрактично и подобро и за тебе и за бебето е да сте во иста соба. Ако е собата помалечка, ми се допаѓа идејата од погоре за креветчето некст-криб. Е сега, колку е изводливо тоа, поради големината на собата, најдобро ти си знаеш. Од друга страна, имам другарка на која буквално душата и излезе од станување ноќе, не функционираше како што треба, па го премести бебето во друга соба. Стануваше на секое будење, кое од ден на ден се повеќе се намалуваше, (што не беше случај кај мене на пример, до цели 2 години и нешто повеќе, со двете деца) се додека бебето за брзо, не почна да и сврзува цела ноќ. Бидејќи да, како што пишува погоре членката, бебињата ја осеќаат мајката по миризбата. Затоа и мајки, неретко ставаат носено парталче во креветчето кај бебето. Имам слушнато и за други вакви успешни примери. Но, секој е различен и не кај сите исто функционира. Јас лично, не би можела да го одделам во друга соба. Сакам да е до мене. И полесно за станување, а и сакам да го искористам периодот кога сум му потребна, максимално. Оти не секогаш ќе биде така. Плус, ги следам препораките за редукција на сидс, а една од нив е бебето да спие во сопствено креветче, а во истата соба со родителите. Не дека има 100% заштита, но мене некако ми е на мисла. Ете, не знам. Од друга страна, нема ништо лошо ниту во воспоставување здрави навики за сон од најрана возраст. Сигурно нема да биде оставено гладно, непресоблечено, неизгушкано. Размисли убаво која е најдобрата опција и за тебе и за бебето и прави така. Мајка најдобро знае како и најмногу од се сака, без разлика каде ќе спие бебето.
Фала многу на сите за одговорите, ептен ми помогнавте. Решив да додадам единечен кревет кај бебе во соба и јас да спијам во иста соба со него барем први 3 месеци, па за понатаму ќе видиме. Другата опција ми е да ја префрлам цела спална во детската соба, ама така ќе имам 2 нефункционални соби. Мери како сакаш, во новиве станови со 9м2 соби не собира и спална и плакар и креветче.
Јас од самиот почеток бегам да спијам во другата соба. Татко му р'чи и го испратив да спие во детска, а јас и мслиот во спална. Жива не наспана останав, тој постојано блада и испушта звуци а јас мислам се буди па неможев да спијам од него. На саат/два го доев и се успивав со него во раце ми беше мн страв дека ќе го повредам. Почнав да се преместувам и јас во детска со таткому, собите се врата до врата и креветчето до врата. Ми беше полесно, не го слушав како блада и спиев мирно, а кога ќе заплачеше за млеко додека одам до него се расонував и не заспивав со него в раце. Мене лично ми е вака полесно.
Смееш слободно. И поголема температура да е, пак смееш. Ако ти е лошо смееш и парацетамол да се напиеш. Ако си болна и пиеш други лекови, тогаш зависи од лекот дали смееш да доиш.
Те прочитав таму. Смееш да доиш. Земи парацетамол. И тоа смееш. Давај и да цица од таа града и истовремено компресирај ја додека цица. А другата одмолзувај ја во исто време кога она би цицала. Чести масажи и топло, да превенираш блокада на канали. Ќе помине, издржи. За блистерот, немам искуство. Но знам дека се пука со стерилна игла, а потоа се истиснува. Но ти веќе си го сторила тоа. А навистина не знам дали е препорачливо да се пукне повторно. Мачкај ланолин на болното место.
^ Кај мене ко дојде 4 месеци детево имаше. Од лошо по лошо Почнавме со дохрана Уствари, сокче дадов денеска за прв пат и плачеше, ич неќеше. До сега само на мајчино бевме, но мажето веќе 6 месеци. Сокче од хип, јаболко и морков. 20 мл со мака ги испи. Да пробам сеа само јаболко мислам или да сменам фирма ? Мислев да проба прво сок па после да прајме каши ово оно... Некој совет? (^.^)
Педијатрата да ми е здрава и жива од 4 месеци ме советуваше да почнам со купени кашички. Земав една од хип и само една лажичка дадов ама ич не ми беше по ќејф. Читав тука и сама размислував и престанав одма. Јас сум за домашно приготвена храна за детево а таа зш ми рече така не знам. После патронажната ко дојде рече никаква дохрана чим си е во ред со здравјето и килажата и ме советува ко ке почнам со сок да почнам Арно ама овој ко да го тепам плаче од сокот Да пробам пак после или доволно е еднаш во денот ?
Јас не сфаќам зашо толку мн се збори против купените каши коа има мајки што даваат 'домашен' морков растен у затруена земја или јаболки прскани преку 35 пати. А деметер знакот на холе што значи не се запрашале. Долга тема. Пробај пак слободно
Ништа не разуем Млада мајка не искусна и само слушам кој шо че каже Спие, нека станит и со сок ке го расонам
Моево бебе од мирно - мирно , стана плачка голема до кај 20-тиот ден се сите мирни потоа го `покажуваат` вистинскиот карактер..кога ја бањаме , кога ја соблекувам да и сменам пелена , плаче мислиш некој ја тепа. Од плачење дури гласот и се фати. Тоа со мајка ми си викаме , првата колку што не плачеше толку плаче вторава ќерка. надоена , преосблечена и плаче без причина. Си кака нормално , прво си викав грчеви да не има. Ама само плаче , не се стега и сл. Што знам претходно бев научена со бебе што гласот не му се слуша. Ај ваљда ќе смени кон подобро се надевам Јас сакам да прашам , ми излезе една афта прополис смеам да ставам?
Ви текнува кога ви кажував дека бањањето на бебле е хорор, оти вреска како на колење да е? Епа се сменија работите. Пак си вреска таа, ама сега кога ќе завршиме со бањање. Сега ужива во кадичката, ама тамам ја мотам во пешкир одма ги покажува оперските способности. И ќе ја ставам на цицка да се смири, и пак со цицка во уста испушта по некој звук као “како само се осудуваш да ме извадиш од кадичка после такво уживање” или “уште не ми се верува дека ми го скрати уживањето”!! Жими се мислам дека ја слушам како ми го префрла ова само низ фаците што ги праи и погледот што ми го упатува. Најново и е што научи со нозете да се турка нагоре додека лежи на кревет, па менувањето пелени е доста забавна активност. Таман сум ја наместила пелената, таа ќе се турне нагоре, па ај од ново.. и така доста пати додека конечно ја закопчам. Изутрина сме на преглед и први вакцини. Таа си спие, туку јас како да заспијам од толку мислење што и како ќе биде?! Конечно ќе тркнам и до гинеколог, ако нема гужва ќе ме ѕирне одма, а ако има, ќе ми закаже за утре-задутре.. Каков е првиот преглед после пораѓај? Вагинален?
Фала многу срцка, е ова е одговор ...да Д витамин и давам во вид на таблети ... сега сум мирна, мислев да не сум испуштила нешто пошто не сум долго тука...те гушкам мила
Ам кај мене беше вагинален и брисеви и пап. Ниш страшно, иако многу ми беше језиво да се одлучам да отидам после пораѓајот. Некако не ми се свиѓаше ама ич да ме чепкаат.. али јбг се за здравје.