Добро што е медицинскин термин за клинови? Трета особа ме праќа на бајачка зa ова како демек сите машки деца требало да поминат низ ова затоа може ми плачело "го дупеле" Прашав мајка и свекрва и биле за ова на бајачка на времето. Што чудо е тоа?
Јас имам слушнато дека тоа се демек влакненца. И затоа плачеле, оти овие ги боцкале. Па ги носат на бајачка и наводно паѓале влакненцата и бебињата се смирувале. Глупости. Не ме разочарувај сега, знам дека не си по бајачките. И мене една бабичка од маало, ми рече да одам на бајачка за клинови и да не дојам кога сум уморна, оти не чинело, прегреано ми било тогаш млекото. Како да и кажам, јас сум цело време уморна. Да не се објаснувам, убав ден и посакав.
Не сум по бајачки само ме интерсираше што е тоа што секој втор ме праќа. Па кога ги прашав моите и они не носеле А што јас траскам глупости? Културно прашав што е тоа некој да не знае. Прашав што значи каде виде дека ќе ги носам или дека сакам да го носам во мојот пост?
Па да речеше дека ќе го носиш на бајачка ќе речев. Бидејќи само праша што се, а не го знаев одговорот, не реков ништо. Глупости се тоа што бабичката и рекла на Лиана дека млекото и е прегреано зошто е уморна. Затоа неа ја цитирав. Извини што си се пронајде во муабетот, ама не беше наменет коментарот за тебе. И јас не знам што се клинови, ама да беа реален физички проблем верувам дека сите ќе те советуваа да одиш на лекар. Бидејќи не се, ова се само бабини деветини (како и муабетот на бабичката погоре). Не се нервирај, не мислев ништо лошо спрема тебе со коментарот.
За бабичката во мојот случај беше овој коментар. Не се однесува на тебе. Ама ич немав желба да се смарам. А у принцип, одговарам саркастично на вакви коментари. Среќа па и ретки се, па умеам да се контролирам. Засега.
Во врска со прегреаното млеко и јас ги имам тие коментари за жал. Одам на гости со количката седнувам таму вадам цицка и женава аааа не ми ја крева блузата, а бебе вришти гладно е најверојатно. Ми вика одмори прво 15тина минути што си изморена млекото ти е прегреано ќе добие пролив детето... Да речеш бабичка да беше ќе сфатев ама жена од 32години? Немам коментар за прегреаново млеко Инаку извини јас такаа сфатив дека е за мене дека многу фино ми објаснила
мене педијатар ми има кажано дека чајчињата од Бекутан - анасон освен за намалување на грчеви поволно делуваат на подобрување на варењето на дигестивниот систем и исто делуваат и како лаксативи. И јас паничев исто пред некоја недела имав ист случај за една ден што нема прочистување не е страшно ама дај чајче ако сметаш дека има потреба. Најдобро и по вкус и по функција е плантекс. Во кесички се една кесичка за 100 мл вода тебе те цитирам зашто ја започна темата ама сакам општи да прашам,зошто почнувате со сокови и кашички од хип или било кои купени? Мислам реално повеќе придобивки од свежо подготвени намирници има. се сложувам со цитираново. Јас со првото каши купував само ко ќе треба да сум излезена на подолго време некаде или на гости. да,и воздух и почва ни е загадена ама витамините во намирниците се природни а во нашите се синтетизирани.
Абе прајте си како вие мислите дека треба. Само не убедувајте што е подобро или најдобро. Да не се потпишуваат некои ствари ќе ви кажев.
ова со прегрееаново млеко .... Јас ми иде на ум логички дека демек ко ќе се движиме се загрева телото се забрзува срцевата акција се затоплува телото се подобрува циркулацијата ама млекото .... Што знам тоа дека се прегрева некако не ми иде.
Затоа јас се распрашувам и советувам со поиакусни. Мада шо јас слушам совети од секој. Не ми смета човек да си каже што мисли бидејќи сум заинтересирана а и неупатена. На крај секако јас ке одлучам што со моето бебе но секое мислење е добредојдено. За своето дете, секој нека си прави онака како што мисли дека е најдобро На пример, ти со што започна? Сок не даваше на почеток?
Бебле прими први вакцини. Гревот се изнаплака та и ја со неа. Којзнае колку ја болеше ноџето, мене толку душава ме болеше. Не знам кога станав ваква.. не бев. Сериозно размислувам да пратам маж сам на следна вакцина, ја не можам срце ќе ми препукне. Да беше дозволена некоја таблета за смирување пред вакцина, многу ќе ми беше полесно. Еве ја цело време плаче денеска.. не можам луѓе.. не можам срце ми се кине кога плаче... На добрата страна градите и грлото и се чисти. Тоа што крчка, педијатарката ми рече дека најверојатно и е од млекото оти имам многу, цврста е жилава, напредува фино, задоволна беше. Друга работа е што баш денеска кожата на грбчето и беше сува а претходно никогаш не и била, до вчера вечер кога ја бањав и беше се во ред. Се до сега Веледа ни беше добра, ама излезе дека и ја потсушувала кожичката. И оти и е доста суво позади увцата, а и на едното раче во пресекот на зглобчето на почетокот на дланката пред некој ден и се потсуши доста, па сметаше дека тоа што го користам до сега не и одговара. Е арно ама ми препишала фризи дерм.. а ја имам аверзија према компанијата, плус на форумов имам прочитано дека не е добар бренд. Ќе побарав некоја замена, ама маж веќе купи се само што излеговме од кај неа.. не успеав да видам што се има препишано... Atoprel, bath cream и emollient cream специјални формули за сува и сензитивна кожа со тенденција за атопичен дерматит... Да не користи некој случајно да сподели искуство?
Душа мала, и ние бевме такви на прва вакцина. Колку плачеше само, овој пат и дадов далерон и ми е гајле што зборат несмеело. Дете бајче
@Kukla994 да си смениш и педијатар и патронажна најарно би било Бебе на 4м да почне со дохрана е ако има стварно причина за тоа (уствари не знам, може имате и причина за дохрана на 4ри месеци) а пак да се почне со сок и да се полни мешко само со шеќер ич не е во ред. Почнав со купечки каши, се дури не почна да јаде убаво, за 50г, па и за 100г мене барем ретко ми се плескаше у кујна. Уствари се дури јадеше каши му купував, некогаш и ради побрзо и Х други причини, но некогаш и поради тоа што праски нема у зима, а повеќе верувам на каша Холе од праска, него ли на праска у Рамстор или Тинекс. Сепак онаа на Холе минала низ некоја контрола и добила сертификат, мене ми е битно бебе мое што внесувал. Точно, од толку овошје не мора да јаде баш праска, ама прво за да смени, а друго може баш каши со праска ќе сака да јаде и другите ги одбива. И чаре е да купиш за да го најадеш Зеленчукови каши дали 5 имам купено и сите ги џитнав, не ги сакаше и крај, па за ручек и за 100г готвев. 2год ми е дечко, сок уште не пробал и нема ни да проба наскоро, доста му е вода
Женски кога сме кај атопичниот дерматитис , дали некој ја има пробано кремава на бебе https://www.kidspot.com.au/lifestyl...a/news-story/f1ee07a7094f7bc16017bced0ef12c15 Кај малецкава гледам на вратчето до ушињата и се појавило нешто ко црвенило ко бубулички , егзема ли е што ли е сега ја мачкам со кремата на Babylove во зелено пакување, густа е убава и гледам и се повлече тоа. Ќе видам како ќе е во наредните денови ако не , да ја купам кремава на Lush..
Дали има кортико маста? Не верувам дека кај нас ќе ја има, едино ако може од некаде да се порача. Би било добро било каква информација посебно за некој кој се имат пробано и не помага ништо. Инаку егземот е како лишај, сува кожа со ситни брунченца кое повремено зацрвенува.
Кремава на Lush ја има во Македонија , поточно на нивниот штанд во Сити мол. А другава во ДМ на Бејбилов. И двете не содржат кортико во составот.
од 4ти месец ама домашно направен додуша од сок претежно од портокал и од лимон давав ама секогаш давав свежо а не купечко. Кога веќе купувам индустриски можам и од оние од по литар да давам исто е. И од каши исто дома приготвени. Купени кога веќе ептен не сум во можност да направам. се самоцитирам зашто прееска ко го пуштив линков бев од компјутер уклучена а не можев да дадам "објаснување" не знам колку е веродостојно станува збор за број на столици кај деца дневно и неделно. Може некому ќе му е од корист јас со првото почнав со дохрана од неполни 4 месеци. Беше на ад и веќе не сакаше да пие,секој ден се помалку и помалку. Сега со второво сме на доење па од 4ти месец планирам да почнам со пробување на вкусови и давање на сокчиња. Од 5ти месец веќе да воведам оброк од каши. ист таков проблем имав и со првото дете и сега,сега дури повеќепати. Педијатарот рече дека се брунчиња од што му е топло. И ни даде црвена вода (така ја викале) или еозин.