Извод ти треба, тоа одма да се аплицира, зошто изводот ти треба за породилно во фондот, еднократна помош и слично. За извод можеш и онлајн да аплицираш, а за другите работи зависи во кој град и општина живееш. Бараат потврда од гинеколог за уредно водена бременост, извештај од болница за новородено дете, фотокопии од лични карти.
@Larahappy ќе те тагнам овде хм , бебе што цица тешко да знаеш кога е најадено. Јас на пример не можам да распознаам никако , мојава цица пола саат , па ќе ја тргнам од града ќе ја тапкам по грбче ако ждригне ок ако не по некое време повраќа обавезно. Почна да повраќа некаде од 20тиот ден. Дали се прејадува па повраќа а цело време виси на града , тоа немам збор. А навечер кога ќе се разбуди и давам да јаде , ако спие не ја будам. Ама најмалку по три пати се буди. За какање , ако приметам дека какала ја пресоблекувам обавезно дури и да спие
Мамички да ве прашам додека ја бањав ми мрдна и видов како малце крв, ептен малце на папочето...дали е страшно??? Ептен сум испаничена Иначе ни рекоа само со 70% алк. да мачкам ? Што мачкате и дали мачкате само на бањање?
Прво извод па потоа се друго. За извод треба копија од венчаница и копија од лични карти на мајка и татко. Нормално е да се појави и кај нас имаше. Прво третиравме со алкохол (пред да падне) , па хидроген ,алкохол и банеоцин прашак , од денес е скоро затворено па сега само алкохол и банеоцин. Заради крвта ни рекоа од Д3+К1 да даваме по 2 капки 7 дена. На бањање го покриваме,не го топиме а дозволено е вода само да помине низ него. Мачкаме по 2-3 пати дневно Ги вадите ли надвор малите? По колку време? Ноќе ги будите за јадење? Моево вчера прв пат го оставивме да стане само, цицаше 23:30 па се разбуди 04:30 па 07:30. Претходно го будевме на 3 часа и му дававме измолзено млеко. Патронажната не советуваше да го оставиме сам да се разбуди. Кога фаќаат ред бебињава за спиење,јадење? За цицањево секој ден сме подобри,почна да качува и на тежина. Е од вчера почна да витка ноџиња,да покажува знаци за грчеви, педијатарот рече за 10 дена на контрола за тежина па тогаш ќе каже за чај,капки за грчеви..
Зашто мислам дека моето има, 6 дена е старо. Витка нозе и кога ќе ја ставам до мене на стомак почнува со гасови и се олеснува. Дали се тоа грчеви?
Ја вадам по 5 минути на тераса уште откако дојдовме дома, замотана во тенко ќебенце. Само пазам да е доволно топло надвор, а сонцето да не свети директно во неа. Од болница не испишаа со совет да ја будам на 3 саати, на контрола ми кажаа да ја будам на 2 до 2 и пол саати. Овие денови сама си се будеше и пред да помине тоа време. Од денес и воведов капки за грчевите, цела се превиткуваше, поцрвенуваше, и откако и дадов првиот пат си цицаше и заспа. Прв пат тогаш ја оставив да видам за колку време ќе стане, зашто знаев дека убаво е најадена. Стана после 4 саати. Пак си цицаше и си презаспа. Не знам твоето колкаво е, моево е уште многу мало за ред некој да има. А пупаче на кој начин чистите со хидроген? И падна вчера, педијатар рече да продолжам со алкохол. Денес и со мојот се консултирав, зашто имаше крв на два пати кога менував пелена, ме советуваше да продолжам со банеоцин, а хидрогенов никој не го спомнува.
Не е страшно. Може да приметуваш и флека од крв на пелена кога ќе менуваш. Алкохол е доволно, нема потреба од друго, ќе го тапкаш папочето и тој го суши местото брзо. Јас мачкав на секое менување пелена на почеток. Да. Ќе приметиш дека непосредно пред да почне да се стега ќе и кркорат цревцата. Грчеви се. Ама чим и олеснува супер. И мојава има исто, 2+ сме. Фала богу од тие долгите што траат со саати ги имавме многу краток период, бар до сега. Вежби со ноџињата праиме секој ден, тоа највеќе и помага кога ќе почне да се грчи. Надвор ја вадам од седмиот ден на раѓање. На почеток по пола час, сега веќе подолго. Само да е соодветно облечено, поради немање терморегулација сеуште, и нема гајле. Ред за спиење и јадење со сите тие скокови што следат тешко. Ама ако има веќе 2 недели, фино напредува, полни пелени, нема потреба да го будиш ноќе, ќе си станува само кога ќе е гладно.
Добро утро Да и ние 7ми ден ја извадивме надвор. Сега сме 37 дена стари , излегуваме подолго ,само избегнувам затворени простории поготово места каде што се пуши.. За грчевите да прашам , и јас слушам како и кркорат цревата на моменти. И слушам дека има гасови нормално е кај бебиња или? И бебињата што имаат грчеви плачат многу? Извинете за прашањава ама првата ќерка не беше воопшто плачлива , а ова плаче често па викам грчеви да не има , не можам да ги распознаам
@Yowannty и останатите што имате летни бебиња како ги облекувате за надвор,и ги покривате ли со тенко кебенце? Моето е родено во зима и не го изнесував многу надвор(што е погрешно) ама страв ми беше дека нема соодветно да го облечам,ќе му студи на лицето и ќе настине Ама еве ако имам летно бебе,некогаш да знам како да го облечам.
Мајки малото ми е 5 ипол месеци пред недела ипол почна да крчи во носето ставав физиолошки но ништо последниве денови кашла цел со шлаеми го носам 3 пати докторката вика ништо не е нема на плуќа,брисеви чисти крвна слика црп се ок, ми даде вентолин по 1 мл два пати, но јас давам по еднаш бидејки ми е страф некако , искуства?
ТЕСТ 1: Подготовка Жени: За да се подготвите за бременост... 1. Облечете ноќна наметка и под неа ставете торба со грав во областа на стомакот. 2. Оставете ја таму. 3. По 9 месеци извадете само 5% од гравот. Мажи: За да се подготвите за деца... 1. Одете до најблиската аптека, извадете сè од вашиот паричник на шалтерот и речете му на фармацевтот да се послужи. 2. Одете во супермаркет. Договорете вашата плата да стигнува директно кај нив. 3. Одете дома. Земете го весникот и прочитајте го за последен пат. ТЕСТ 2: Знаење Најдете партнери кои веќе се родители и критикувајте ги за нивните методи за дисциплинирање, недостигот на трпение, ниското ниво на толеранција и за тоа дека им дозволуваат на децата да лудуваат. Предложете им како да ги подобрат навиките на спиење на децата, користењето на тоалетот, како и манирите на маса и воопшто однесувањето на децата. Уживајте. Тоа ќе биде последен пат во вашиот живот кога ќе ги имате сите одговори. ТЕСТ 3: Ноќите За да откриете како ќе се чувствувате навечер: 1. Обиколувајте низ дневната соба од 17.00 до 22.00 ч., носејќи мокра торба тешка речиси 4-6 kg и слушајќи гласно радио станица со пречки во преносот или некој друг иритирачки звук. 2. Во 22.00 часот спуштете ја торбата, наместете аларм точно на полноќ и легнете да спиете. 3. Станете во 23.00 и кружете со торбата низ дневната соба до 1.00 по полноќ. 4. Наместете аларм за да ве разбуди во 3.00. 5. Затоа што нема да можете да заспиете, станете во 2.00 и направете си шолја чај. 6. Легнете в кревет во 2.45 ч. 7. Повторно станете во 3.00 кога алармот ќе се вклучи. 8. Пејте песни во темница до 4.00 ч. 9. Наместете го алармот да ве разбуди во 5.00 ч. Станете кога ќе се вклучи. 10. Пригответе појадок. Правете го тоа во текот на 5 години. ИЗГЛЕДАЈТЕ ВЕСЕЛО. ТЕСТ 4: Облекување на мали деца 1. Купете жив октопод и мрежеста торба. 2. Обидете се да го ставите октоподот во мрежестата торба така што ниту една пипка да не виси надвор. Време за вежбата: 5 минути. ТЕСТ 5: Автомобили 1. Заборавете на BMW. Купете практично возило со 5 врати. 2. Купете чоколаден сладолед во корнет и ставете го во шкафчето напред во автомобилот. Оставете го таму. 3. Земете монета. Пикнете ја во ЦД плеерот. 4. Земете кутија со чоколадни бисквити; смачкајте ги на задното седиште. 5. Поминете со гриблото на двете страни од автомобилот. ТЕСТ 6: На прошетка 1. Почекајте. 2. Излезете низ вратата. 3. Вратете се повторно внатре. 4. Излезете. 5. Вратете се повторно внатре. 6. Повторно излезете. 7. Излезете до тротоарот пред куќата. 8. Вратете се назад. 9. Повторно стигнете до тротоарот. 10. Пешачете многу бавно по патот околу 5 минути. 11. Застанете, набљудувајте внимателно и поставете си најмалку 6 прашања за секоја гума за џвакање, валкано марамче и мртов инсект кои ќе ги видите по патот. 12. Вратете се по истиот пат. 13. Врескајте на начин кој покажува дека не можете да издржите повеќе сè додека соседите не излезат надвор и не започнат да зјапаат во вас. 14. Откажете се и вратете се назад во куќата. Сега сте речиси подготвени да однесете мало дете на прошетка. ТЕСТ 7: Разговори со деца Повторувајте сè што кажувате најмалку по 5 пати. ТЕСТ 8: Пазарување намирници 1. Одете во најблискиот супермаркет. Поведете со себе нешто што најмногу наликува на дете од предучилишна возраст – коза е одличен избор. Ако планирате да имате повеќе од едно дете, земете повеќе од една коза. 2. Купете ги сите потребни намирници за седмицата без да го тргнете погледот од козата. 3. Платете за сè што козата ќе изеде или уништи додека вие пазарувате. Сè додека не можете ова да го реализирате лесно, не ни помислувајте да имате деца. ТЕСТ 9: Хранење на едногодишно дете 1. Испразнете лубеница. 2. Направете мала дупка на едната страна. 3. Отстранете го горниот дел од лубеницата и лулајте ја. 4. Земете чинија со корнфлекс и обидете се со лажица да ставате корфлекс во дупката од лубеницата, додека глумите дека лажицата е авион. 5. Продолжете додека не ја испразните чинијата до половина. 6. Истурете го преостанатиот корнфлекс во својот скут, но уверете се дека добар дел ќе падне на подот. ТЕСТ 10: ТВ 1. Научете ги имињата на сите ликови од цртаните филмови со диносаурусот Барни, Телетабиси и Дизни. 2. Најмалку 5 години не гледајте ништо друго на телевизија освен цртани. ТЕСТ 11: Неред Дали можете да го поднесете нередот кој го прават децата? За да откриете: 1. Намачкајте путер од кикирики на софата и џем на завесите. 2. Сокријте риба зад звучниците и оставете ја таму цело лето. 3. Пикнете ги прстите во саксиите за цвеќиња и потоа истријте ги на чисти ѕидови. Покријте ги флеките со мрсни боички. Како ви изгледа тоа? 4. Испразнете ги сите фиоки/шкафови/кутии, ставете сè на подот и преминете на чекор 5. 5. Влечете произволни предмети од едната соба во другата и оставајте ги таму. ТЕСТ 12: Долги патувања со мали деца 1. Снимете некој кој постојано вика „Мамо“. ВАЖНО: Не треба да има повеќе од 4 секунди пауза помеѓу секое „Мамо“. 2. Пуштајте го овој аудио запис во вашиот автомобил каде и да патувате во следните 4 години. Сега сте подготвени да одите на долго патување со мало дете. ТЕСТ 13: Разговори 1. Започнете разговор со возрасна личност по ваш избор. 2. Некој постојано нека ве влече за кошулата, додека го слушате аудио записот со „Мамо“ звуци опишан погоре. Сега сте подготвени да водите разговор со возрасна личност додека има дете во собата. ТЕСТ 14: Подготовка за на работа 1. Изберете ден во кој имате важен состанок. 2. Облечете ја вашата најубава официјална облека за на работа. 3. Земете чаша шлаг крем и ставете во неа чаша сок од лимон. 4. Промешајте. 5. Истурете половина од него на вашата убава свилена кошула. 6. Накиснете крпа со другата половина од смесата. 7. Обидете се да ја исчистите вашата кошула со истата накисната крпа. 8. Не се преслекувајте (немате време). 9. Заминете на работа. Сега сте подготвени да имате деца. УЖИВАЈТЕ!
и јас имам летно бебе и изгледа не знам да го облекувам ако сме во количка ( а ептен многу ретко сме) ставам ќебе. За облека боди блуза тренерче и капче а долу само пантолони и чорапи. Е сега за холахопки мислам рано е ама дали е ок што горе има 3 слоја на облека... За палто исто рано е. кога го читав се изнасмеав реков што смешна зафрканција... Кога вака... Не бе ова некоја тешка и сурова реалност.
Kako gi davate kapkite Plivit D3, po nikakvi kapki neam videno. Ni tece ni nis pa ako go tropnis odozgora sisenceto kape poveke od kolmu so treba. I davam so silikonska lazicka po 2 kapki , taka mi kazaa i ustavri edna ipol e zalepena na lazickata... Da gi dotrosam i ke zeam drugi. Ovie nez dali tocno prima koga tece poveke koga pomallmu koga ic
Летото кога се роди ја чував само по боди дома и кога спиеше ја покривав со тенка тетра, а за надвор маичка или фустанче и долу само пеленката. За овој период имам купено шаренки шпикозни за шетање, а испод боди +/- чорапчиња. Или тенка блузичка со хеланчиња и чорапчиња, исто со боди испод. Ако е разбудена е активна и прета со раце и нозе не ја покривам со ништо, ако спие ја покривам со фланел пеленка. Ептен ми се најдоа фланелките. Вчера и облеков фустанче и холахопчиња ама заспа одма и спиеше цел саат дур шетавме, па ја имав покриено со фланелка. Иначе овде почесто дува ветер па имам памучно ќебенце за тие денови, како дупла фланелка е, многу е лесно и пријатно, и за ветер кога ќе има ми кажаа капче да ставам па и купив неколку памучни за менување. Според педијатарката ја облакам таман, со тоа што таа ми рече да не ја покривам со ништо сеа дека уште е топло и има сонце периодов денски, ама ја не можам така, гледам по мене кога ќе задремам па ќе ме стресе, па секогаш носам фланелка со нас за ако заспие. Туку и ја да прашам нешто околу облекувањето. Дали за спиење ги облакате во посебни шпикозни или пижамки?
Мајки осеќам ме фаќа настинка веројатно, ненормално боли глава, поткашлувам и денес и очите ми солзат а на доење сме. Што смеам да пијам? Парацетамол? Освен тоа за една недела сме на вакцината, 2+ сме
Mojatq vristese piskase do 2 mesaca. Sega sme 3ipol. Mislam dekq grcevite ne i bea tolku problem kolmu so ednostavno takvo bese bebeto. A sepak gi imase, crevata ne i krkorea bar jas ne primetiv, gasovi imase i den denes ima, si prtka haha. A koga placese i pocrvenuvase vo liceto togas i bea grcevi. Ke vidis ako nodzinjata gi stega isto ima grcevi. Jas 2 meseca pisev ovde na temata raat nemav sekoj den piskanje, 2 meseca id doka ne izlegovme. Taka da majka ti treba odmor, trpenie, sili... ke pomine ama dodeka pomine e rabotata. Tretiraj so kapki kolku da i oblaze ne ocekuvaj deka ke gi snema od niv.
Ја шетам надвор исто од 7-8 ден, секој ден кога има сонце за да искористам убаво време. За спиење имаме пижамки од Зара мн меки и слатки и обично и ги облекувам после бањање ама знам да ја легнам и во најобични шпихозни, само да се меки. Туку друго да прашам, веќе неколку дена ми кенка во сон, или подобро кажано цимоли онака, како да плаче без да отвори очи ама нежно и тивко, како да сонува нешто. Нормално ли е тоа и зошто одеднаш почна да прави така? Баш е жално, како некое маче, мрда малку со главчето лево десно и испушта звуци, ко кошмар да има.
Моето така правеше,и сеуште прави кога ќе го задеваат ептен преку ден,скокоткаат,кога ќе е во некоја гужва,па ноќе ми се плашеше.