Јас пробав еспумисан, немаше некое подобрување, па зедов од nurse Harvey's од него сум задоволна, ги намалува грчевите посебно ноќе. Млекото може да го мешаш само на иста температура. Она второто што си го измолзила стави го до првото во фрижидер па по некој саат може да ги мешаш. Чај од Ким не давам, само Бекутан и давам. Но има многу шеќер и сакам хип или хумана да сменам. Јас пијам чај од Ким, анасон и оној за доилки. Мислам дека во денот повеќе од 5 Л течност ми се собира да испијам. И пак слабо млеко имам
Нели некаде низ темиве некој имаше пишано дека премногу течности може контраефект да има... Јас па деновиве намалив течности од заборавање, од обврски. Морам да зголемам пак, 2-3 литри ми е оптимално. Инаку јас давам Colief капки и Линекс бејби пробиотик.
Јас ја земав истата комбинација. Може да ми кажеш кога почна да ги користиш, како ги чуваш и како ги даваш (количина) пред или по доење? Чајче на Hipp по колку смеат да пијат?
Почнавме да и ги даваме од почеток на трета недела. Колиф-от ги чувам во фрижидер, Линексот во кујна така надвор. Ги давам одма после доење во 10-15мл измолзено млеко. За Колифот ми нагласи докторката дека мора да се во топло млеко и да стојат 10тина минути за да имаат ефект, а за Линексот не е важно колку ќе стојат. Давам Линекс еднаш дневно 6 капки, а Колиф 5-6 пати дневно по 4 капки.
Мене во болница, ми форсираа течности после царскиот. Третиот ден, вечерта ми надојде премногу млеко, а бебе уште не цицаше доволно за да осетам олеснување. Сестрата тогаш ми кажа штом ги осетам градите поцврсти и полни, да пијам само кога сум жедна. Тоа секако трае до следен подој. После пак си продолжувам со пиење. Иако сега кога сум дома, едвај стигам до 2 литра течност...
Моментално ги давам саб симплекс, презадоволна сум,преку ноќ му ги смири грчевите, нема повеќе вриштење Претходно користев колиеф и колактасе меѓутоа немаше некое видно подобрување.
Ако некоја води математики по колку време ви спиеле бебките на 10тина дена, во текот на 24 саати? Моево откако сме дома првите денови гледам по 13тина, 14саати, а вчера дури 17 Промената е единствено што воведов колиеф капки. Можно е од што и се смирени грчевите да спие повеќе?
И ти да си спиеш...и кај нас беше така до 3 недели. Е од 3 недели до 6 месеци нема спиење. Проверувај да не ти пожолтува. Кај син ми доцна се јави физиолошката жолтица. На 9-10 дена старост. Затоа спиеше
Среќна си штом спие толку. Моето многу малку спие, уште од почеток така. И премногу лесен сон има. Цела ноќ на 30 мин. станува, а дење скоро и да не спие. Првото дете спиеше многу, како бебе да немавме дома Ова сега ни враќа и за првото
значи да не надевам,нема крај офф... Најмногу мала виде женичке,да речам скок е ама мислам такво е детето. Уште е малечко. тт е нормална не знам зошто кревате паника на тт под 38. За поткашлување и моето поткашлува,се засркнува... Нос исто уште се чистиме. Ако е веќе раздразливо немирно спие и е кемкаво може да е настинато. Инаку немаш симптоми на настинка. А беше на преглед?
Како бе не спијат, како 13 саати? Моево станува, плаче, менуваме пелена, цица неколку минути со отворени очи, продолжува да цица спиејќи со затворени очи, се комира и спие следните три саати. После пак истото, и цело време така. За два дена правиме месец. Ако собирам вкупно колку е будна, сосе пресоблекување, цицање, бањање, вежби... дали има три саати вкупно во едно деноноќие. Единствено ноќе ако миеме газе ако е какана знае да се расони повеќе па да кенка пола саат ама ја заспивам и продолжува. Не знам луѓе од што зависи ова, карактер ли е, нешто друго ли е. А кога е будна, тежок живец е. Се бутка со нозе уште сега, скоро се врти сама на страна, урла нервозно еден глас мислиш пет кила бебе а не две ипол кила. А на редовни контроли одиме на една недела, плус само на мајчино е и ја изнесувам на сонце, така да дефинитвно нема жолтица да речеш поспана е од тоа... Не знам па и ова дали е нормално кога ве читам вас.
https://pedijatar.mk/prof-d-r-brani...na-dete-so-pokachena-temperatura-koe-si-igra/ Корисно е,би ви препорачала да прочитате. Одсекогаш сум се чудела на мајки кои на деца со тт до 38 им давале нешто за симнување. Па после камо имунитет на бебето/детето
Настината е дефинитивно, црвени очиња, кива на секои 5 минути, поткашлува и мрсули како чешма. Знам дека тт 37.5 не е за паника и затоа не ја носам на лекар за да не испозакачи таму нешто посериозно
Па тогаш во што ги облекувате по дома? Јас се што имам земено за по дома е памук и мекано да и е комфорно, само за надвор за шетање имам некое парталче што не е памук. Затоа и прашав, дали ви се поделени на ноќни и дневни... Да прашам, чистите ли увца кај бебињата и ако да, како?
Вие со машки бебки,дај разрешете ми една дилема. Пишав и во друга тема,ама овде сме поактивни. Уште на месец дена,педијатар ми рече понекогаш да му го отворам. Јас досега неколку пати сум пробала ама не знам дали е доволно,дали добро му го отварам и колку често да го правам тоа. Плус вчера видов има како бело внатре,се исплашив да не е инфекција. Пробав да го исчистам,ама како да не се вадеше тоа белото. Да го носам на педијатар или не е страшно?
И јас сѐ што имам земено е мекано и пријатно, затоа реков некогаш ја легнувам и во други шпихозни или пошироки ѕиврички ама овие пижамиве од Зара баш се како пижамки: бели, со овчички и пишуваше на нив ПИЖАМИ И едни од Картерс исто стоеја во ПИЖАМИ, со патент напред за полесно соблекување ноќе. Везе нема кога ќе видиш, сѐ им е памучно и меко, само ете за нас филм некој