И што рековте дека може да е причина за повремена зеленкаста кака? Немаме никаква промена, не е настината, не сум јадела нешто различно, а каката сега и беше мешана жолто со зелено
@marchi-cool фала ти патичињава што и ги облекувам се од оние меканите , во никој случај не се со цврст ѓон. Имаме уште едни што се баш како чевличиња ама пак се меки од доле. Ако не сум грешка такви кога ќе проодат @EvieBabe за какањето , јас прееска пак видов така беше зеленкасто со жолто , и стварно не знам што може да е. Некои викаат настинка или глад или грчеви.. Гладна не е во никој случај бидејќи постојано повраќа , вишокот го исфрла
Ни мојата нема шанси да е гладна зашто вчера бевме на мерење, топ е; плус кака по 6-7 пати во 24 часа. Настината не е. Е грчеви има повеќе денес, да А сега читав и дека може да било од недоцицувње на една града, а префрлање на друга. Денес така ме цицаше на рати цел ден и не обрнував внимание од која страна цица... може да е тоа, демек млекото на почеток било поретко и правело повеќе гасови.
Мамички, колку време ги заспивате бебињата ноќе кога се будат за цицање? Јас минимум саат време го заспивам и јас заспивам со него в раце. Два месеци сме.
Исто саат време и само што ќе ја ставам в креветче максимум 30 мин. спие и пак сака в раце. Немам повеќе од 2 саати сврзано ноќе. Дење скоро и да не преспива, само дреми Еден месец има мојата.
навечер кратко цица и брзо заспива ама па наутро.... да се здрави и живи сабајлево од 5 саати до 9 ме маткаше секој сат стануваше денес цркната сум. ќе речеш бебе па демек бебињата спијат ... Абе јас не знам ова што е преку ден око да не се затворело. чиниш големо дете е
Сега бев на ортопед на 9 месеца, и ми рече цврст ѓон не. Мојава кај и да е ќе прооди, уште е со меките бебешки кондури. Што помеко подобро, ама еве иде зима, ќе треба и чизмички да се облечат, обавезно кај прстите да е меко, да можеш да го свиткаш со рака. Логиката е дека најдобро проодуваат боси, и чевлите треба да им се што е можно помеки, без ѓон и специјални влошки за да сами си најдат рамнотежа и правилно го развијат стапалото.
Јас некогаш и по 2 саати, само првиот сон и е максимум 2-3 саати и после се буди на 40 мин. Од старт 5 месеци веќе така си тераме, а за денско спиење да не правам муабет, вкупно 1 до 2 саати преку сила.
Ново што прави е додека седи се навалува како да паѓа и истовремено со главата се гура и се исправа истото го прави и со лактите. Додека лежи постојано го крева стомакот мислиш мост прави За стоење со наша помош фатена за кревет или маса стои ама не долго, рацете и се постојано во акција па губи рамнотежа. Незнам што да кажам баш сега во 7ми месец сме на ортопед па ке пишам што ке ми кажат, вака стварно незнам што да мислам само нека е се во ред
Мајки, кожата на бебо му стана многу сува..прво го бањав со сапунче на Бекутан..па сменивме почнавме со хип..дали од хипот му стана многу сува..викенд ме фати..имала некоја слично искуство..со што го мачкавте..Земав на мустела грлчето многу му омекна телцето..но после бањање со што да го мачкам..
Индивидуално е тоа, ако си почнала сега со мустела купка, мачкај и со мустела млеко за тело и види каков ќе биде ефектот после одреден период. Јас од старт сум со крем купка и лосион за тело на "URIAGE" и сум задоволна. Дури и да не ја намачкам, кожата и мека и хидрирана.
Од ноќеска детево ми се поремети. Ај што не спие, не спие ама се буди и си е мирна ама од ноќеска, а еве и сега си продолжува, не плаче СЕ ДЕРЕЕЕ!! Најадена, не е гладна 100%, искакана, мочкана, пресоблечена, комотна облека, температура дома ок, во раце, во релксатор, во количка, во сите можни положби не се смирува, се дере. Ќе престане неколку секунди како ништо да не било, се смее, гуга и пак продолжува. Што може да биде лудилово? За неколку дена прави 5 месеци
Ваљда влегува во ,,убавиот,, петти скок кој започнува со будење на пола саат/саат и врескање. Ако не се заби или скок едноставно не му е погоден денот/ноќта
Еве што ми дава на апликацијата. Јас мислев конечно ќе помине 4 скок, а тоа изгледа директно од 4 во 5ти. Кои се симптомите доколку вади заби?
Врискање, одбивање храна, лигавење до земја, гризење се што ќе фати со рака...различно е кај секое бебе
Девојки, бебево да може ќе си ја изеде дланката. Стисната во бокс и да може цело дланкиче во уста ќе си го стаи. 2+ сме. Цуцла уште одбива.. да и дадам глодалка е рано, сама не може да држи стабилно ништо... може нешто друго да се даде?!
Ништо. Сосема е нормално. Почнува оралната фаза, прво рацете ќе ги носи во уста. После кога ќе почне да фаќа други работи (облека, лигавче, чорапи, глодалки) ќе ги става и нив во уста.