Биди упорна со цуцла. Моево никако не сакаше, но јас секојдневно му ја пикав и држев во уста, 2+ сме и ние пред 10тина дена малку фати сега еве цуца повеќе. Не си давај пари за скапи цуцли ја на авент две земав 700 ден, и уште какви не скапи, на крај си фати бејби нова од 80 ден. онаа од каулук, меката.
леле ко јас да сум пишала. Чиниш заби вади. Па уште и нервозно одвреме навреме. Кој го види ми вика аман гладно е што му правиш. И јас не знам кој крај да го фатам ама мислам дека иако е мало ќе добие глодарка
Бебе има точно месец. Од синоќа плачки на саат-саат ипол, цело време гладна или сака барем во раце. Млеко има, лапа цело време па ако треба и ќе поврати после. Скок ли е што ли е? Не ми дава да ја оставам просто, а до сега бајче ми беше, цицање на три саати и спиење помеѓу. Друго вака не гледам да ја мачи нешто, пресоблечена, стокмена, не делува настинато или како да има друг проблем.
The wonder weeks е апликацијата, покажува скокови во развој според термин на раѓање. Не знам дали е точно бидејќи ќерка ми е во скок откако е родена
Цуцла не форсирам. Толку не сака што почнува да плаче од неа. Како и да е одвреме навреме нудам да видам дали ќе има промена. Веќе имам 2 на Авент, 2 нук и 1 мам... оваа на мам највеќе издржува.. @EvieBabe во скок сте мајка. Во најинтензивното. За некој ден ќе се смири.
@Yowannty мајка во орална фаза сте така они си го спознаваат светот. Ке потрае. @EvieBabe те читав пред некој ден како си задоволна од спиење и ред на бебе,несакав да те растажам да ти кажам дека менуваат,за жал. Што од скок,што од грчеви,што од правење ред/неред. Ајде ке пројдат брзо 14години
Ок, купи му ама неможе само да ја држи, ќе му ја држиш ти и колку толку ќе врши работа Па ти незнаеш што пубертет те чека на 14 години во полн ек со сите нишани , туку думкајте бебчовци и уживајте
Јас сум со 14год пубертетлија и бебе 2,5 месеци. Мераци. Јас со бебе легнувам во 21:00 синко тогаш се дотерува и излегува. Но не се жалам, Супер се снаоѓаме. Имам помош од него голем е и многу одговорен. @Yowannty давај упорно цуцла ќе се преродиш ако фати. Мојата на авент фати и 2-3 имам по дома. Во секое ќоше за секој случај
Кога пишуваш мислења во темава некогаш се враќам да видам јас да не сум го пишала. Значи бебињава исто ни се понашаат А мислења обично пишувам во ненормални времиња кога сѕм поспана или ненаспана а малиов цица и се враќам да видам да не сум го пишала во такво стање па не се сеќавам Дефинитивно мам цуцливе се најприфатени и кај нас е така, многу поскапи цуцли си стојат за украас така, а оваа најмногу го залажува кога сака да заспие, а мора дца има нешто во уста а не е изводливо секогш да е цицето оти се успуваме и по три часа некогаш Дома војна водам. Ќе дојде свеки, мама или маж ми ќе го видат такво со цели тѕпаници воуста и шмука, цуца, шлапа и одма ми го тутнуваат гладно било. Ќе му даам се прецицува и после млазови бљуцка па сум го прејала... Ме направија цуцла да му бидам на пола сат на цицка е поради тоа пикање на тупаници во уста. И само тоа или бришам подови, теписи и перам од повраќано оти се прејадува и го исфрла вишокот
Нешто слично сум и јас. Првото има 11 год и бебчо е 6+. За помош да, помага и мојот ептен, всушност и не очекував таква помош од него и одговорност, порасна за 1 ноќ буквално. За спиење не очекувам да почнам да спијам се додека не отидам во пензија или пак ги оженам . Тамн малово ќе среди спиење, големово ќе почне со излегувања па ќе треба да изигравам шериф или сл. Ќе ја препуштам таа обврска на мм но јас мајка како мајка ќе си дремам во дневна и ќе го чекам можеби така чекајеќи ќе ми падне седмица на лото
Дојдов да прашам за ставање цел бокс и уста,дури и мислам ќе се удави од што ја става цела рака,вие веќе сте се изнаправиле муабет се по ред исто прават значи Свеки ме побудале со тоа дека мм извадил заб на 3месеци и дека затоа и он вака праи,забче ќе му излегувало Мојов е зависник од цуцла ,и тоа првата што ја фати беше на бејбилав некоја 50ден,па после му купив на авент уште две,зошто почна сам со рака да ја зафрлува и додека ја најдам па стерилизирам он пишти за цуцла Се радувам што тој рефлекс за смеење му се изгуби. Беше како смеење у празно или у сон Сега се смее на играчки,на нас,кога ќе му напраам некоја фаца ,цепки е. И највеќе се смее кога е гол. Да се пофалам додека не почне другиот скок,па да плачеме сите заедно после
Женски нема да смета (поради доењево) ако се напијам некое капучино и кока кола со стевиа? Малава ме полуде од 3 часот по полноќ па до 8 сабајле на саат да се буди и да бара во раце да ја држам. И устата ја отвараше цела ноќ цицка да држи во уста заспа коооонечно во 10 саат и сега на раат излегов на работа. Ама ми се спие ми се плаче. Па сега си направив капучино па што сака нека биде. Дури на момент се загрижив , реков да не и е нешто па така се буди..
Као 2 кафиња се дозволени за да не сметаат на бебе а од 1 чаша кока кола ништо нема да и биде иако воопшто газирано демек не смее заради грчевите. Секое бебе е различно на некое му смета на некое не, тестирај си
Кафето има дејство одма така да не и давај одма да цица и нема да и реагира. Оно различно секое бебе пробај види. Јас неможам да функционирам без кофеин па напочетокја доев па пиев кафе.
јас кафе слабо пијам, ама после првиот месец-два, си пијам кока кола. Многу пиев пред да останам бремена, во бременост не ја сакав, од кога се породив сакав да пијам, ама некое време се пазев. После тоа може по литро на ден, сега веќе некогаш и 2 литра пијам, малата немаше грчеви, никакви проблеми заради тоа. Не дека е добро да пиеш 2 литра газирано, ама не е правило дека на бебе ќе му смета. Сега и кафе кога ќе се напијам, јас седам будна до 2 сабајле, а бебе спие, ни кафето не и смета. Пробај едно кафе, или една чаша сок, и ќе видиш. Ако добро се сеќавам, смееш до 300милиграми кофеин, или 2 турски кафиња по правило додека доиш. Пробај, ако на бебе не му смета, пиј си слободно.
Исто со цуцливе. Пишав дека секаде имам. Исто и за смеењето. Веќе се смее со умисла. Посебно на мене и на брат и. Тој и прави гримаси и таа на глас се смее. Туку и така спомна кога е нареден скок? Денес сме 1 месец и една недела. Или среда 10 недели. Во глобала бебе ми е многу мирна. Преку ден си преспива неколку пати по 1,5-2 часа. Си цица, кога не спие расположена е. Ноќе грев ќе ме фати. Бубаче. Само 1 станува за цицање кај 1-2 часот. Повеќе сега спијам од бремена. Имам јас само една мака. Приквечер околу 18-19:00 не сака цицка да види. Плаче ја плука. И шише со молзено или АД да и дадам не сака. Едвај 30 мл ги прима и тоа на сила. А делува гладно. И така ја бањам, ја спремам па кога ја ставам на града една тура плачки со зајдување имаме. Па заспива со цуцла и во полусон ја цицам и спие до 1-2:00 часот. Од што може да биде ова одбивање на цицка попладне? Пробав се доење на само, во темно, во тишина, со пеење, простум.. . Не бива Некој совет
Јас кафиња (макијато/нес) по 2 на ден пиев и сеуште така, а газирано сеуште не пијам, скоро 5 месеци сме ама мислам дека од малку нема да има реакција
Тој период од денот се вика witching hour, зошто сите бебиња тогаш се како вештерки , најчесто и грчевите им се најјаки тоа време. И моето спиеше многу, не стануваше ноќе, ама последниот саат пред спиење, додека се избања и облече, толку викаше што изгледаше како егзорцизам да правиме дома. Кога потпорасна и научи да се радува на бањање е подобра, ама ако не ја бањам тој ден исто е досадна последниот саат пред легнување. Нормално е.
Ти на работа ли одиш? Нели е мало бебче за да тргнеш или има некоја причина? Онака прашувам не се мешам секиј за себе си знае и си одлучува само ме интересира. Може имаш кажано ама не сум прочитала И не е нашаа работа ако не сакаш да кажеш зошто не е проблем