Фала ви на сите , мора нешто такво да се напијам зошто главата ми е тупан @ocicka2014 да ти кажам одам помагам на мм , имаме сопствен мини маркет и пекара , никој не ме тера јас сама се нудам за помош единствен начин ми е ова малку да избегам од секојдневието , а инаку седам по 3-4 часа и си одам и моментално поради бебето не одам секој ден како што одев претходно , само недела и евентуално за некој празник ,(денес е празник неработен ден кај нас во Грција, ама ние сме секогаш отворени )
иста сум и јас. Наутро ме буди за цицање па после ме остава да си сварам кафе Ама па како што сум со шашаво притисок напладне кога ќе завршам со основните обврски ми праќа кондицијата координацијата и се ми паѓа и или морам да преспијам или пак кафе. ние во среда 11 недели правиме,според слика од апликацијата која ја имаа претходно споделени пишува скок во 12 та недела. Па ме интересира што ќе се случува мислам да знам што да очекувам. Инаку за која колата најискрено ве советувам да не пиете газирано ако доите
Нема правило ова со исхраната и грчевите. Јас не јадам она што наводно прави грчеви и ниту кафе пијам, ниту газирано. Бебе сепак е со колики.
Генерацијо со бебиња од 2+ месеци... Нешто играчиња за занимација на бебе дали имате? Дали користите? И ако да што?
Јас имам купено тракотешка од Софи и една обична што ја донел некој мекици кога праеше мајка. И тракотиме со маж над глава и ги загледува и се кикоти. Играчката што и виси на креветче со музика и се врти исто време кога си лежи во креветче будна и ја пуштам додека средам нешто низ дома, друга со тонови на вода и прожектор со ѕвезди и музика. Со тоа ја занимаваме за сега. Едит: 2+ месеци, бели звуци воопшто не помагаат, ниту ја интересираат. Ноќеска накај 3 се разбуди за цицка, какана ја пресоблеков, па ја стаив на другата за да заспие. Како и секогаш претходно кога се буди. Е вториот пат веќе нејќеше цицка, почна да се буни, мислев дека има грчеви ама немаше. Ја легнав до мене и почна да гуга и да се смее. По некое време пак ја земав, пак не беше среќна од идејата да цица и да спие, си имала нејзини планови девојката, па ја вратив назад до мене и си гугавме двете до 6. Нешто пред 6 почна да зева, само што ја стаив на цицка заспа. И така тоа...
И јас како Јованти. Тракотешки,тропалки и евентуално мм му лупа со некое пластично шише,некоја кутија по дома што ќе се најде. Обожава такби бзв работи,само да трешти и тропа нешто,он гледа и се смее на гласшто вика мм јас кловн изигравам он ужива
Читам за смеењето сите денес зборите па да прашам, кога почнаа свесно да се смеат? Моево е точно месец пред два дена и уште се смее рефлексно и во сон. Башка родена во 35+2 па за вежби ортопедот за сѐ ни кажа една недела подоцна да правиме од предвиденото за навреме родени и не знам смеењето кога да го очекувам. Едвај чекам вистински насмевки и гугање Цуцла инаку исто фати од прв ден дома, на авент мечињата најмногу ги сака.
Мајки има ли некоја чие бебе цел ден сака да цица? Мојата по цел ден е на цицка, како цуцла лажалка да и градата. И уште една мака имам, многу малку цица и заспива. Цица околу 5 минути и заспана е, ако ја држам во раце ќе продолжи да спие, ако ја легнам веднаш се буди, нормално не е најадена. В раце не можам да ја разбудам, многу ретко ако ја тргнам за коса. Нормално ли е ова? Ајде на почеток немав доволно млеко, сега и кога ми се полни градите не цица доволно.
Мојата цел ден би цицала ако ја оставам и преку ден заспива само додека цица и продолжува само ако ја држам во раце. Штом ја спуштам у секунда се буди, така сме веќе 5 месеци
Мојата не цица цело време, некоја минута и заспива уште гладна и штом ја легнам веднаш се буди. И цел ден така. Цела сум укочена од доење како Квазимодо во грбот се направив
Добро, како да го исфрлиме овај глупав секрет? 4+, а така е од 3+, значи месец, месец и пол. Едно време почна да и спушта, испивме доза антибиотик, инхалации...ама пак има. Некој нешто ново да сподели освен прскање со солена вода и влечење мрсули зашто она нема мрсули, шлајмче има.
леле се тешам дека не сум сама. Спие само додека цица и е во раце. Ептен ретко да го спуштам на кревет и да спие. После па се чудам преку ден не преспива а уствари спиењето му е дремење додека цица. А 2ипол месеци сме. Значи ќе тераме и даље штом вие на 5 месеци го имате истиот проблем. пробај со тапкање по грбче,знаеш сигурно како, свртено со глава надолу а Ти со шака да "чукаш" по плуќа. Одлепува и тоа како само после треба да се исфрли. Пробај и со оние "Банско" рецепти со сало
Да да, од раѓање до сега, а ноќе врзува сон максимум 3 саати и после секое успивање е саат ипол-два. До полудување е дојдена работава. Последниве неколку дена, плаче, рика, се дере по цел ден, а најлошо е што не ја знам причината. Јас веќе изгубив надеж дека ќе се подобри ситуацијава
ќе се подобри... Ко ќе порасне. Вие сте во период кога заби излегуваат,тешко колку и ние со грчевите сега
Тежок период се и грчевите ама барем знаев што е и реагирав. Ова сега не знам што е за да знам како да реагирам. Мора да се издржи ама тешко е.
што има еден виц: шишки да исраснеш не е лесно а не па дете.до годината е мачно послем година е тешко. Ама само нека се здрави и живи. И јас имам понекогаш периоди кога тука вришти и не знам што е ама пробувам да му најдам некоја положба за да се смири. Згора на се ти ствара и тебе нервоза а ти најмногу треба да си смирена.
Ние сме 5 м и цица на 4 саати , најадена си е и си качува на килажа, сега педијатарот ни кажа дека може да почнеме со вкусови...не ми се верува дека дојдовте до таа фаза
Дечки како се справувате со неспиење? Моево ноќта се буди за цицање од 4-5 пати, и на кај 6 е веќе расонето гуга спремно за акција. А мене душата ми спие. Преку ден неможам никако да заспијам, само лежам и по пола саат пак ке станам. Попладне па ич, имам едно школарче кое баш тогаш се враќа од школо. Имам денови кога мислам дека лебдам, и секој ден така со нова надеж дека баш вечерва ке поспие повеќе....очајно звучам нели
Добро утро Дали се имате соочено со испаѓање на брунчиња како гнојаниче??? , му се појавија 2 3 само под пазувите(и тоа навечер му испаѓаат), вчера на педијатар рекоа инфекција денес пак треба да одиме Го бањаме и сабајле вечер на др место нема освен под пазувите, нема никаде ни црвенило