ќе се навикнеш. И јас така жали се жали се и кога на крај гледам се ми е џабе ќе си трпам ќе се навикнам колку се може и ќе чекам да помине тој период и дете ќе порасне и готово. Вака звучи ко на шала кажано ама исти сме нема што да се прави. Преку ден па моево не преспива исто школарчето наше многу галами и спиење само во раце додека цица едно 4-5 пати по 20 Тина мин и готово. Навечер некогаш цела вечер спие со еднаш станување за цицање некогаш така 3-4 сати ќе врземе и од 3-4 ноќта ќе си играме уште што не станавме фудбал да фатиме. А само 2ипол месеци сме. Веќе не знам дали сум будна или месечарам
Мајки ајде едно прашање Бебуш за некој ден праи 3 месеци,последниве денови, посебно навечер не спие мирно воопшто,мрда со рачиња,трие очиња,со главчето само лево-десно праи ко да бара позиција и на крај почнува со плачење па ајде се луламе,пееме и така цело време Активен е цело време откако е роден ама не до толку и во спиење,нормално е или има некоја причина?
@Septemvri слична ситуација и кај мене, имам една ќерка што е трето одделение и додека е во школо викам ајде да зачистам, да испеглам и толку ќе пројде времето се враќа па и со неа да седнам што како учела.. Малава не спие деновиве навечер денот и е ноќ а ноќта ден , за цицање се буди ноќта поготово овие два дена на секој саат , значи ќе цица ќе ждригне, ќе ја легнам ќе поврати па ајде соблекувај ја и таман ќе рече заспала ајде гледам пак шета лево десно со устата отворена, бара цице. И ми се смачи ноќта си ветив на 2-3 часа ќе и давам да цица и ја бутнав цуцлата во уста и се наспав како човек денеска. Исто и поручек кога сум сама дома , не можам во вц да отидам, ја ставам во креветче пишти мислиш ја тепаат така да цуцлава ми е единствено решение
Дали 110 е нормален хемоглобин за 2 месечно бебе? Правевме сабајле крвна слика,и др беше во фазон као ок е ,ама може и подобро. Овде реф вредност е 115. Само на доење сме.
Ноќеска бебе имаше грчеви. Во сон сирота се мачи, па ќе ја земам, праиме вежби со ноџињата, ќе прдне неколку пати, ќе и олесни и ќе заспие. Денеска ми е срце. Спиеше мирно во креветче саат време еден куп работа завршив. Сега пак ја ставив таму, ќе видам колку ќе тера. Иначе @EvieBabe праша, мојава од 2 месец почна да се смее свесно како реакција на нас, ама и сеуште се смее и рефлексно во сон. Кога ја забавуваме ние се смее сеуште безгласно или ќе испушти некој брз звук на возбуда ама не е тоа тоа, додека пак во сон се смее на глас овие 2 дена и иако кратко, е баш смеење. Очекувам наскоро и со нас така. Овој месец исто научи како со нозете да се турка целата нагоре, ноќеска на два пати беше со глава бутната во горниот дел од креветчето мислев ќе го користиме до 1 година.. ама како ми изгледа наскоро ќе треба ново да се купува. Периодов ништо не пијам, а ми се чини млеко имам пак повеќе од обично. Бебе цица, се најадува, ја уште имам доста, градиве не ми омекнуват многу... Вчера бев преморена да се одмолзувам... @koritsaki беше вчера на парада? Постарото девојче ти учествуваше?
Сосема е во ред таа вредност за 2 месечно бебе, а нели секогаш може подобро, тоа секој го знае . На ќерка ми до 4 месеци и беше од 100 до 105 па сите педијатри кај што сум ја носела ми рекле дека е ок бидејќи во овој период нагло растат и затоа е толку колку што е но, не ми дале совет за додавање витамини за железо.
@Yowannty и моево бебе изгледа има грчеви, ја слушам дека има гасови и плус столицата и е зелена.. душички, ќе помине и тоа.. Не бев на парадата, бев на работа ќерка ми од догодина ќе учествува на парада.
речи фала богу оти да не даде Господ како што може подобро може и полошо. Вие сте сосем добро. Инаку околу крвна слика кај бебе...на иницијатива на педијатар или за што правите? Јас на првото дури после 2рата година прв пат му проверив крв. Не гледам причина на бебе да му се проверува. Еднаш го прашав педијатарот рече нема потреба првите 6 месеци крв да се проверува. А ни до година не мора
Вие што имате мало бебе и плус уште едно-две деца сте суперхерои. Јас имам релативно мирно бебе што врзува сон и по 7 саати и пак се жалам дека сум преморена... Алал да ви е жени!
Заради вакцина до сега секојпат било, ама да не требаше за тоа после 6 месеци јас би правела ради железо. Јас имам слабо железо, после 6 месеца брзо го губат, и на време би сакала да реагирам ако е на мене малата во тој аспект. Сега еве нема веќе вакцини одреден период, јас би си направила пак заради железото.
Крвна слика треба да правиме сега на систематски на 3месеци. За вакцина не ме пратиле и не ми барале никогаш.
Не знам дали би и ставиле вакцина без кс, ама таму кај што боцкаат до сега секојпат ми барале да ја видат крвната слика.
И нас за вакцина педијатарот не пушти да направиме кс, а за постариот син ни една вакцина со кс, тоа сме проверувале по потреба ако е болен или се сомневаме на анемија. За 8 години многу работи се промениле.
Женски не знам каде да прашам, дали некоја од вас го има овој стерилизатор на цуцли? Сакам да прашам дали правилно ми е поставен , има некои делови внатре што не знам дали правилно сум ги наместила. И сакам да ве прашам дали може внатре да се стерилизираат цуцли лажливки и пластични шишиња? @Sofi.ja сакам да ја прашам дали ги стерилизираш пластичните делови од пумпата за одмолзување ? Сите или само шишенцата?
тоа по некои нови методи. Првото ми е 6ипол години никогаш пред вакцина не сум му проверувала. Ама па сега си има некој што си сакаат да си се на сигурно. Нели некои состојби не даваат симптоми.
Во мк се форсира кс. Иначе нит на запад, нит на југ праат кс пред вакцина. @koritsaki јас стерилизирам се. И силиконските делови. Се до тоа исто силиконско долго.. нз како се вика што ја поврзува пумпата со ел. дел, на него стои да не се стерилизира. Е ама, не сум стерилизирала пластики никогаш, после тоа сите делови се бели некако... нормално е? И дали е безбедно пред се? И дали ги стерилизирате чашките во кои го замрзнувате млекото? И се заборавам да те прашам Корицаки дали уште ги користиш био детергентите, искуство збор-два да споделиш.. Треба да купувам деновиве па да знам дал ги бива.