и јас исто,и АД давав и чај мислев прво глад после грчеви ама и меше му беше лабаво а ни цицка не фаќаше ни шише сакаше. Кога оп... Враце се смирува и одкако ќе се смири заспива во дел од секундата
Ме изнасмеа од што се препознав, не за друго. Сабајле толку рикаше што гола, само по пеленка, ја земав во раце, ја склопчив и цицка извадив она цица ли цица; па си коментирам сама на глас, викам Ова е само за на Animal planet, мајка мајмунка му дава да цица на мало голо мајмунче
Ај и јас да се пожалам од мојата Денес ја оставив со баба и на пола саат, имав обврски низ град, претходно нацицана за да седи мирна. Ама не, куќата ја кренала од вриштење, да се треси цела од плачење. Веднаш се вратив и само што ја зедов да цица, во секундата се смири и заспа. Цел ден на цицка да можи ќе дреми. Кога ќе се сетам син ми од иста возраст го оставав да седи без проблем. После бањање исто плачи како на колење да сме. Кога и го чистам носето вришти дури со устата превртена демек види колку сум лута Премногу малку спие, не знам како издржува и денски и преку ноќ само дремнува по малку.
Ќе пишам по долго време, чисто да ве поздравам. Изгледа бебка си пркна и се навикнавме на многу работи, па сега помалку сум на форумов и за коментари и за совети. Но чат пат пак ве читам. Мојата е пуфче, мила премила. До 3м, имаше многу грчеви и плачење нон стоп. Сега 4м веќе и се намалени, иако пак ги има, барем еднаш дневно ама не е страшно веќе. Си гугаме, си се смееме, си цица, си спие убаво и така да си продолжи. Го живееме најубавиот период со нашите бебуши. Иако знае да е и многу мачно на моменти, ама се изджва. Кога ќе ми текни пред 2м, лелле маки видов, ама поминува и убавите сеќавања остануваат. Зато Гушкајте, бацувајте, играјте со нив, оти најкратко време се бебиња, одма растат. Уживајте во најубавиот период. Поздрав до вас мајки
Мамички на Ад сме и имаме мака дури да се искакаме незнам како да му помогнам некогаш само е кенкав и ќе зацрви а некогаш писнува многу силно. Многу ми е жал незнам како да му помогнам душата мислам ми се кине
Добро утро Деновите се добри, ама ноќите овие денови бебе има грчеви. Па така и ноќеска се боревме со грчеви и будење на пола час. Влегуваме во периодот кога се најинтензивни и како по книга ги фаќаме на најјакото. Зомби сум. Без саат сон, ама само Ирис да е добра. Од вчера покрај тупаничето, почна да си го цица и палецот. Многу е смешна. Конечно прогрес со лежењето на стомаче. Вчера не плачеше. Може оти малку од малку веќе и е полесно да го подига главчето. И додека ја чувам во раце вратот и е многу постабилен, кога ќе ја легнам на меше најголем дел од времето гњури со лице стисната за креветот. Ама не се откажуваме, вежби си се вежби. Веќе има и листа на песни што не ги сака. На пример кога и да ја пуштам Во светот на бајките плаче со крокодилски солзи, ама затоа Марк Антони ни е омилен.
Срце Се исто и кај нас. Секој ден се поголеми сладурии се Мојов на Малума денса и со раце и нозе.. фејв ни е Сакав за вратчето и јас да пишам.Доста цврсто го држи за разлика од пред некое време,ама пак кога е во раце знае да му лета лево десно многу лесно. На меше и не ужива многу. По 5мин и одма плачки. Кога уствари почнуваат да ги држат баш цврсто?
Дали е практично за бебе од неполн месец да купувам скафандер за зимово? Некако ми е многу малечка, не знам ни дали има по продавнициве толку мали бројчиња. Имам една јакничка, на поклон ни ја донесоа, таа ќе може да си ја носи, ама страв ми е за ноџињата надоле...
Јас планирам во скафандер да ја облекувам и мене ми е страв поради ноџињата, да не и смрзнат.. имам еден веќе , ама од поголемата ќерка и тој и е голем па би и купила за сега друг. Во една продавница баш пред некој ден загледав неколку (јас во Грција живеам) баш ми фатија око овие на сликиве , па гледам бројчињата се по месеци т.е. за 1 месец ,за 3 месеца..
Аа баш се убави јас последно кога шетав, уште немаше извадено скафандери тука. Сега растрчав баба, тетки, да бараат, ама не нашле мало бројче. Т.е. има по маалскиве продавнички како плишани, ама не ми делуваат доволно дебели
чај од анасон давај. Мене на одделение ми рекоа дека тој чај го олабавува стомачето и служи за прочистување. @Мариаа. @Yowannty чиниш леле малечки колку се ама колку напредуваат моторички... И време лета брзо. Моево па "прави стомачни" пробува да стане многу ми е интересно и кога веќе гледа дека е безуспешно рика. Јас па мислам рано е за да му подпомогнам да подстане па го земам враце. Колку се само слатки Јовати до 3ти месец се грчевите уште малку имаш. Досега добро поминавте. Давај капки и чајчиња нема што друго. Заборавив да прашам. На што се должеше лигавењето? Сум заборавила. Еве го почнува со лигушаници.
Мајки денес испитувавме кс. Утре треба да одиме кај матичен. Дотогаш некоја да ми ги протолкува резултативе, гледам леукоцитиве некако покачени , на што се должи тоа?
Дали некој користел маст Афлодерм за осип и црвенило на бебе и дали помогнало? 2 месеци има бебе. Црвенилото е во пределот на образите, долниот дел од брадата, позади ушињата и под вратот. Покрај осипот и црвенилото на некои места има и лишаи.
Јас го користев за пеленски осип, помогна ама не сосема. После потрошена цела туба, ни дадоа друга крема која одма помогна. Сепак зависи од што е црвенилото.
Мајки некоја да не има искуство што да се дава за грчеви? Малото ми е еден месец и моментално цица и плус мх давам дохрана млеко хумана анти-колик. Да не има нешто поефикасно? Поздрав до сите, убава вечер
На кој начин чистите носе со физиолошки раствор? И го чистам со пумпица, ама денес некако суви мрсулчиња има, не можам да ги повлечам со тоа никако. Го пратив мм во аптека, му дале марисол капки. Тоа да сум прскала и да сум чистела. Колку пати можам да и ставам од капките ? Или па колку физиолошки да и ставам?
Син ми го користеше исто на таа возраст за црвенило на образите и пеленски осип. Имаше ефект за осипот, а на лице не баш. Само внимавај не смее долго да се користи, бидејќи е кортико.