Леле исто. Понеделник 2,5 месеци и две дена не мачат грчеви, посебно ова време од 16-18 часот. Спие, се грчи, плаче, витка ноџиња. Ќе скркори Мешко и заспива, па пак одново. Ја гушкам, и топлам меше и така се смирува. Ајде ќе издржиме. И ние бевме исти. Ми рекоа од моите хормони И од што се трие на градите. И искрено ја бацуваме. Па не можам да издржам. Ја чекав 14 год после синко И сега да се воздржам?!? Не можам Но и поминаа. 2-3 недели траеја. Важно не чешаат или болат. Значи нашиве што се генерација исто се однесуваат. И мојава само врти глава и очи наоколу, тргне цицка да не пропушти нешто јас од болка. Ми ги разрани брадавиците како на почетокот. Ама пак викам ќе издржиме @Sofi.ja Еве ја сега Спојлер Од блиску забележи нема ништо. А и кај мене ќерката ги оправда киселините со косата. @Yowannty @Magic13 јас користам на Чико влошки. Од џамбо ги зедов. Имав и едни од џамбо, нивни производ ама не ми се допаѓаа. Чиково се закон. Дебели и не пропуштаат.
@Presrekna машала палчичка ко принцеза убава. Мојата не ги оправда киселините, а киселини имав до сам пораѓај. Ко момченце е ми е беба. Кога ќе и стаам машна на глава ко друго дете е. Кога гледам слики ко 2 различни деца да имам.
@Sofi.ja И моето бебе има по образите. Патронажните сестри ми кажаа дека од многу топло се прават, или од топлина во просторијата или од потопла вода при бањање. Не ги третираме со ништо.
@EvieBabe Малку надвор од тема ама каде најдовте средства за дезинфекција раце со прскање? Само такви како гел успеав да најдам.
Исто е и мое бебе. Му се појавија 4-5 дена после раѓање и страшно многу се проширија по цело лице и малку на вратчето. Совет беше еозин за да не се инфицира кожата кога ќе пукне некоја од акните. Се чисти бебе од хормони некогаш траело и до 2-3 месеци додека се среди. Јас мачкав не баш секој ден. Сега бебе е 40 дена и веќе тие се сведени ма минимум ама цело лице и чело му е многу рапаво а кај што мачкав еозин му се лупи и кожичката. во вторник сме на контрола да видеме дали ќе треба да се мачка нешто или да се чека само да се досреди. Ќе ти пишам тогаш пак
Да, по аптекиве се гелови, и такви изнакупивме, а овие со прскање татко ми ми ги донесе од некоја фирма со која соработувале кај нив на работа, ваљда на големо што зимаат.
Браво,лицето стакло. Кукла убава,да е здрава и жива Да не ве тагнувам посебно,фала за советите,ме смиривте малце @kitty.m пиши што ќе ти кажат. А околу косичката,од што има мн коса и се роди 53см,може е во нормала не знам, ама некако ми се гледа долг,некако имам чуство ко да ми е голем батко,дека крупно изгледа ко да не е бебуле од 3 недели
Да плави тегет во темно, а посветло плави на сонце. Да се надевам дека нема да И се променат. Еве ја вечерва пред капење. Спојлер @Yowannty , @Мариаа. Растат генерациските наши бебиња. Само стравот што го доживеавме бремени. Но секоја насмевка нивна брише се.
Не знам дали некој ти одговорил, но да пишам и јас.Пробиотик обавезно давај.Јас сум најзадоволна од провен(од него најбргу имаше резултат) ама пак консултирај се со педиијатар.
Исти се и на мојава Палчица, затоа прашувам. И јас се надевам дека ќе останат плави, дека ќе посветлат, маж ми има преубави плави очи. Ама се плашам дека ќе и се затемнат во кафени. Има кај вас некој со плави очи или?
Имаат свекорот и сите од негова страна и двајцата мои дедовци. Нека се здрави и живи палчици наши нас секако ќе ни се убави.
Бебка моја вака беше исфрлена минатата недела, педијатарот ми рече не и ставај ништо , нормално е ќе се повлечат. Јас се исплашив да не е дерматитис и си набавив некои креми ама не е среќа.. И кажав и за каките буквално ко спанаќ и се зелени ми рече исто ништо не било.. За очите и моето има некои плавкасти сега Спојлер: Бебка Ама ќе видиме дали ќе и останат. Јас и мм сме со кафени очи, од моја страна мајка ми има зелени а брат ми сини очи. На големата ќерка и беа такви и и се сменија негде 12 месеци кога беше во зеленкасти и сега и се маслинести.