Ако нема ефект од линексот можеш да го замениш со друг.Сепак тој е најважен за празнење на цревата, а на мало бебе друго ништо и не можеш да дадеш. Јас давав прво ваја, па биогаја и двата не делуваа.Потоа провен 10 дена и се регулираше.Потоа сменива пак на ваја ама немаше проблем.
Душа слатка И сите сме изгледа со обравчињава вака И буби моја обравче Дали ги има ваја и биогаја кај нас и каде?
Ги има во зегин.Биогаја ,читав скоро, дека веќе некое време ги нема, а ваја ги има сигурно.За цена не ме прашувај.
@koritsaki пу пу пу кукла Леле бе сите со косички.. на мојава вака ако и израсне до годината среќна ќе сум И Ирис има сини очи. Ама ниту јас ниту маж немаме. Е свекор ми има небо сини, ама па не верувам дека беблава ќе ги задржи. Ноќеска бебла беше умна и ме почести со спиење. Јес да 2 саати ја заспивав, ама како заспа во 11, почна да кенка со затворени очи во 15 до 3, во 4 ја вратив во креветче и продолжи до 7. Од 8 до 9 пак преспа. 2 дена по ред градиве веќе не ми се стврднуваат преку ноќ. Се полнат скроз, ама не стануваат толку тврди до болка. Дали нешто со лактацијата е поврзано.. дали ми се намалува млекото.. баш сега кога почнав неделава да складирам млеко ќе ми биде ептен криво ако немам за одмолзување..
имам приметено бебињата или со плави или со темно кафени се раѓаат. Подоцна менуваат. Темно кафените или црни или нијанси на кафено ќе бидат а плавите или сини или зелени воглавно светла боја. Првото се роди исто со сини како твоето сега има зелени очи. А за тоа што било исфрлено исто и првото дете ми имаше исто такви и сега ама сега многу малку и во двата случаи ми рече дека премногу сум го облакала од топло е и ми даде црвена вода - еозин. Ама поминаа и не искористив. исто и на моја другарка и таа и мажот црни со темни очи детето плаво со сини очи. Викам нешто проблем има тука. а по фамилијата од другарка ми татко е со светла коса и со сини очи е
Здр мамички Незнам во која тема да пишам Вчера бевме на контрола на педијатар, се беше ок Му го фаќаа да го прегледаат папочето се беше добро и синоќа коа си дојдовме после некое време имаше крвче , денес после бањањето му го исчистив немаше ништо ,коа сега го пресоблекувам пак има малце . Незнам дали е за паника или не
мене ми се папушка и си викам деновиве да не плаче поради млекото. Ама па и меки се ама тече и маиците ми се утоп,си викам од каде. Навечер се полнат ама не дотолку како порано а сепак има млеко. Синоќа решив да се молзам реков така најубаво ќе видам од старт за минута од двете гради измолзив 20 мл. Значи имало а градите ми беа меки. За 2ипол месеци 6+ кг... Ваљда е добро. Понеделник сме на преглед кај матичен па ќе видиме. Инаку деновиве има период кога е весело си играме... Па период кога кемка и плаче за спиење па ајде враце заспива. Е ама нејасно ми е што нервозно става раце во уста се стега се грчи вришти... Викам грчеви се вчера и на лекар завршивме заради тие вриштења па докторот ме дошаштиса ме доскрена скрос ме мрдна од ум. Заби ли се? Знам со првото заби на 3ипол месеци му излегоа ама месец дена пред тоа се лигавеше и приплакуваше. Или може скок да е... Ама знам дека душа ме стега едвај издржувам и само бројам сати денот да помине и неделата да помине и периодов да помине.
Добар е да не го подречам денеска 4 пати се искака Нас ни рекоа Биогаја ако не најдиме линекс да давам
Дали тоа значи дека нема веќе да имам за одмолзување? До сега воопшто не се сомневав за дали имав или немав млеко. Уште знам дека имам.. сомнително ми падна тоа што очекував ова да се случи додека бебе поврзуваше повеќе часови и не стануваше да цица ноќе. Неколку денови поради грчеви се будеше почесто па и цицаше често во текот на ноќта. И баш сега се случува ова...
Д3+к1 се дава до крај на 3ти месец нели... Тоа му доаѓа 12та недела така? Ја сум разбрала до 4ти месец дека треба Значи прашањево ми е дали од крај на 12та недела се прекинува д3+к1 па се продолжува со д3+дха омега?
А да продолжиш со безалкохолното пиво? Јас на твој совет почнав да пијам безалкохолен Туборг и неделава градите ми се огромни и полни цело време, пу пу. Инаку, цел живот се силев дека јас нема да учам дете во раце држење и еве ми дојде на глава До сега (38 дена) не ни бараше нешто посебно да се држиме, ја учевме да си лежи да си спие ама еве 2-3 дена веќе плаче за во раце. Ќе ја земеме и одма се смирува, значи не е глад, не е мокра пелена... Сега уживам да ја држам, не можам да и се изнагледам, а и мала е уште, не ми е тешка за држење ама знам дека понатаму нема да биде толку лесно, сум гледала по други деца. Како да не ми се навикне во раце, има ли чаре? Знам викаат остави ја нека плаче ама жал ми е. Колку тоа треба да ја оставам? Ја оставам еве минута, максимум две (којзнае дали има 2, мене и 10 секунди ми се вечност кога плаче) и не се смирува сама дур не ја земам. Докторката вчера баш за ова ми збореше, вика не трчајте одма кога плачат, оставете ги, така се ствара карактер и независност на детето - не ги разлигавувајте
Имаш млеко Јованти. Имаш онолку колку што се "ослободува" од градите. Без разлика дали е од доење или одмолзување. Кога на бебето ќе му биде потребна поголема количина, ќе ја регулира самото, а градите сепак ќе бидат меки. Тоа значи дека побарувачката и понудата се синхронизирани. Може да се случи и рефлексот на испуштање да не го осетиш. Повторно, не значи дека нема млеко. И се ова е нормално. Освен тоа, градите никогаш не се празни. Продукцијата се случува цело време. И ноќе имаш млеко и покрај тоа што бебето врзува неколку саати. Ако се случи да стане за цицање ќе имаш млеко, онолку колку што нему му е потребно. Градите се тврди само првите неколку недели, евентуално до 3 месеци, кога се воспоставува рамнотежа. Можеш да одмолзуваш по подој. Организмот веднаш ќе надокнади. Градите може да станат тврди и ако се рипне подој. Што не значи повеќе млеко. И не треба да се тврди. Преполни гради, а особено до болка не значат повеќе млеко. Можат да предизвикаат мастит. Јас одмолзував за децата, негде околу 4 - ти, 5 - ти месец, по подој или утрински кога продукцијата ми беше најголема. И имав млеко и за одмолзување и за нив, а градите ми беа меки.
Треба да се консултираш со педијатар, може ке треба вит.к1 една ампула. Не е страшно, може да се случи. Со првото дете имавме нешто слично.
@EvieBabe немав пиено па има 2 недели и сега за ручек ја отворив последната лименка што ја имав од фрижидер. Иначе, кога сме кај држењето во раце и јас пред да имам бебе мислев како тебе. Ама сега веќе не мислам така. Сега дури и мене кога ми спомна педијатарката да не го размазам, во моментот дури ме изнервира. Читав доста студии, а и апликацијава која ја следам вели дека бебе не може да размази до година ипол оти неговата перцепција сеуште нема никаков допир со тој концепт на размазување. Близината на мајката, мирисот, држењето во раце е особено важно оти тоа е неговото “safe place”. Така се чувствува безбедно. Друга работа е што сега почнуваат да го вежбаат видот и мускулите. Треба да му покажувам предмети/играчки во бои, ја земам и ја шетам низ стан. Застануваме пред фрижидер и ги гледаме магнетите, потоа кај играчките, па се врти по сенките на ѕид. Држењето во раце си има и доста предности (за бебето, оти кичмава моја не би се сложила со тоа ) На моменти и мене ми е мака што не можам ништо да пофатам по дома, посебно оти кога маж ќе пофати, а мене не ми се допаѓа како пофатил ама бебето секако ми е на прво место во моментов. @Lianna Anna знам контрадикторно на се што кажав претходно, предходните денови бебе имаше грчеви се будеше почесто па цицаше и не одмолзував. Баш денеска на 2 пати одмолзив по 90 мл. А знам дека бебе не е гладно и дека си јаде убаво. Млеко имам. Весела е и полни пелени. Еднаш на девојка од форумов која прашуваше нешто не памтам, знам и дадов совет да се измолзува, па друга девојка ми пиша оти лактацијата веќе и била воспоставена немало да може да се одмолзува. Затоа и највеќе се загрижив, оти сакам да складирам нешто млеко. Уште нешто да прашам. Откако ќе стерилизирате шишиња, пред одмолзување се мора да е суво? Ако останала некоја капка-две вода од пареата се трпи или не? Оти секогаш чекам да е се скроз суво, ама некогаш не дочекувам па заспивам и пропуштам да одмолзам..
Истото си го размислував откако го пишав постот... Си мислам, па ако сега не ја држам, кога? Утре ќе пролази, ќе прооди, нема ни да сака веќе да се гушкаме така. Не треба да се држи во раце цел живот, година дена-две Ајде, ќе видиме како ќе биде... Инаку, за шишињата, јас ги забришувам тие капки внатре со чиста хартија кујнска. Не ни помислив до сега што е најправилно, некако ми беше шубе водата да ја оставам, а гледам стои со саати па не можам да чекам за одмолзување, имам само две шишенца од пумпата. Мислам дека е океј да се забрише, хартијата е чиста, ја собира водата и шишенцето гланц.
И моето бебе е исто исфрало и тоа по втор пат...а мислам два дена ни се разлика децата, и косиче има и образи и вакви очиња. Иначе мене ми рекоа дека се вруќици овие на лице и дека излегуваат од многу топлина.
Аа врсниции мора да ги здружимеее јас мислам не се вруќици пошто само кај устето му е само. У последно време се што ќе фати, става у устс и мислам од тоа е.. Третираш ти со нешто? Гушки до бебчето твое
Не знам колку е старо бебето, но плави светли на 30 дена веќе треба да има бебето. Ако продолжат да бидат модри ќе преминат во кафени. Модрата боја на око е во суштина кафена ако потрае. Плавата боја ќе стане темно плава ако остане плава. А светлите се светли од сам почеток. Зелени не знам како настануваат. @srekice те барам на темава низ задни страни те нема кј си?