Ама нели блистерот е како плускавица/меурче полно со течност и може да се пукне? Ова е грутка, внатрешно е. Се познава како оток на ареолата, а немам никакви надворешни промени на кожата.
Не сум имала јас, но по ова што го читам баш така се манифестира еве читни си: https://zdravobebe.mk/preporachani-statii/zatnati-kanali-i-mastitis/
I jas sum majka na bliznacinja, ke ti odgovaram iz iskustvo. I moite se rodeni porano, gi budiv samo na pocetok da jadat, poposle napravivme nekoi red na 3 saati. Jas navecer ne menjav peleni, epten ako se mokri. Taka nema da gi rasonuvas. Prasaj sto sakas, pisi mi vo inbox ako sakas. Moite pravat godinka za 2 nedeli, pominavme se i sesto, taka da sum tuka ako treba.
Бидејќи и ние си дојдовме дома со 2020 грама, и јас првите три недели ја будев за јадење на секои 2.5 часа и при секое будење прво менував пелена. Ем за да е сува, ем за да ја расонам доволно да не спие на цице. Кај нас проблемот се јавуваше што она за време на цицање или одма после цицање какаше пак и фактички по два пати се пресоблекувавме. До душа, уште знае да ми го прави тоа, па со второто пресоблекување веќе е апла расонета и после седи будна саат време во креветче. Напорно е и вака, па можам да замислам тебе со две кој бубањ ти е Откако качи над две и пол кила, веќе не ја будам на 2.5 часа туку на 3 или 3.5, односно сама плаче за јадење затоа што фативме ред, па веќе станува малку полесно и еве дојдовме до 3100 грама пред 40 дена. По првите 3 недели, и јас сфатив дека е мн напорно да се менуваат пелени на секое станување, па и јас прашував тука дали другите менуваат кога се и мочани или само кога се какани, затоа што јас менував и само за мочкање, макар и малку да е влажна пелената. Сите ми одговорија дека менуваат само кога се какани, а мочките може да почекаат да сабајле Прво ми беше малку шубе ама сега се навикнав; ја душкам и ако не мириса, не чепкам пелена. Или ѕиркам малку низ ногавицата на пелената. Откако престанав да менувам кога не е какана, исто стана малку полесно. Затоа мој совет би бил, храни што повеќе за побрзо да напредуваат и да не мора веќе да се будите на 2.5 саати, а во меѓувреме стегни заби дур помине време и не менувај пелени ако не се какани ноќе. П.С. Користиме Памперс Премиум зашто приметив дека најмногу ми апсорбираат и најсува ми е во нив цела ноќ колку и да мочка. Дење некогаш може и друга пелена да и ставам од тие што ги добивме поколон за мекици ама ноќе обавезно Памперс Премиум.
Да со фротирска крпа натопена во жешка вода ја триеш брадавката и даваш на бебе да цица или се одмолзуваш.
Мајки ве молам за совет/помош дали имало некоја со слично искуство...бебо скоро ми е 4 месеци, едната страна на главчето му е многу спесната, го вртам на страна ама на пак се врти на таа страна, многу ретко спие на другата, воопшто не сака..или пак на меше..матичната вика демек ќе се оправи колку толку,некако не се замара многу..жал ми е и криво така да му остане..земав и перниче од локо кроко ама не ми се става..малку ми е страв..
здраво....и на бебе мое му беа како испакнати дури и малку помодрени....не се секирај ќе се повлече за 2-3 недели...педијатар од ремедика ми кажа дека тоа е од нашите хормони кои се пренесуваат преку млекото уживкајте поздрав
Ќерка ми сака да спие на десна страна цело време, дури и во болница го имаа приметено тоа и ми пишаа во отпусниот лист. Можеби инаку немаше ни да приметам сама ама затоа што знаев, ја вртиме од старт и цело време еднаш лево, еднаш десно. Ни она не сака да лежи на лево па затоа ноќно време ја потпирам со едно перниче од позади за да не може да се сврти, а преку ден ја оставам да лежи какк сака. Пробај така, потпирај го со перница свртен на страна секоја ноќ и би требало да се израмни малку.
Девојчиња, што ставате за запчињата? Многу е нервозен, знам дека ништо конкретно не помага, но сакам да му олеснам. Имам глодалки ги ставам во фрижидер, тие со гелче. Ја имам софи, ја јаде нон стоп, цица и се тегне а не пушта од што се нервира.
Таман вчера си реков ќе се оправам, едната грутка демек попушти иако е се уште болно за време на доење и еве утрово се разбудив со црвенило на грутката што ми е горе и е доста потврда од оваа првата. Ја читав статијата што ја прати Фри. Истава ми ја прати и друга членка во другата тема и се повеќе се сомневам на запушен канал. Сите симптоми наведуваат на тоа. Прв пат се соочувам со вакво нешто, а со мојот доенечки стаж и трето дете се чудам како можеше ова да ме задеси. Мислам дека не е толку лошо или барем се тешам дека не е и дека ќе можам да поминам со топли облоги и почесто доење на таа страна. И покрај болката. Немам температура и никакви останати симптоми. Бебе не ја одбива градата, иако забележав дека е малку понервозен на таа града, а јас не сум забележала разлика во протокот на млеко. Ама, он си знае подобро од мене. Ич не сакам измолзување и сакав бебе само да си регулира колку му треба, затоа и го избегнував истово, освен тука-таму колку да ми олесни. Сега, изгледа ми нема спас. Извадив градник уште кога ми почна проблемов и подолгите ги лепам директно на маичка. Ама пошто сега се распашана команда, цело време сум мокра од млекото. Не ти треба перниче. Треба да спие на рамно и тврдо, мало е уште. Ова е повеќе естетски проблем, ама имаш време се уште за формата на главчето. Јас ноќе го оставам да спие на грб и да се врти како сака со главчето, а тоа секако е само десно. Омилена страна му е. Кога се будам му ја вртам и лево или право, ама кратко трае. Твоето е ете поголемо и можеби може да се врти само и да ја подигнува главата во случај на несоодветен проток на воздух. Во спротивно, јас не би легнала бебе на меше или странично во текот на ноќта. (Превентива од сидс). Преку ден да, оти можам да го гледам цело време, па го менувам на секое спиење, потпрено под агол од 20 со перничка за доење од малите. Едно спиење лево, едно десно. Едно спиење право, демек и за задниот дел, ама тоа кратко трае, оти нели обавезно ја врти десно. Па ја избегнувам позицијата на грб преку ден. Во корпата од количката или транспортерот ми спие исклучиво право, па практикувам некад и така. Можеш и на меше да го легнуваш, а главчето ќе го вртиш соодветно. Ова се нарекува позициона плагиоцефалија. На нет можеш да најдеш совети како да надминете.
Кога има реално потреба бебе од глодалка? Знам дека почна орална фаза,ама ова негово бутање у уста ми е чудно.Ептен нервозно го прави тоа,се зацрвенува цел. Случајно вчера видов глодалка на чико за од 2+ па си реков да не му е полесно така... А не се испозамарав многу со тоа,као уште е мал за глодалки и чуда,ама секој ден се повеќе ме изненадува
Јас па најмногу за безбедност ја вртам малку странично (лево) кон мене ноќе. Ај за сразмерно оформување на главчето океј ама мојава многу се засркнува, не само од млеко туку и од плунка кога цуца цуцла, ма и без цуцла некогаш, а јас сум и од лева страна па сакам да е свртена накај мене за да можам да ја гледам цело време, да не бљуцне па да се засркне. Мада ја потпирам со ролна ќебенце и кај мешето за да не може да се преврти ни нанапред и како ја легнувам така ја наоѓам. По неколку пати скокам да ја тапкам по грб секоја вечер после доење. Не знам до кога ќе трае ова, ме вади од памет Денес ми се засркна од плунка од цуцла во транспортерот во кола - Абе животот ми се скрати дур ја извадам од тоа каишите уз возење. Зема уште очите нагоре ги превртува, мислам умрев од стрес.