Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.578
    Допаѓања:
    20.550
    Пол:
    Женски
    За бљуцкање во сон се истакнува рефлексот за голтање. И има уште една превентива од ова, а тоа е душек со наклон во горниот дел кај главчето.

    Исто има и позиционер, (мислам дека така се вика) кој потпира од двете страни и спречува бебето да се преврти на другата. Ако ти веќе потпираш ноќе од двете страни и не се чувствуваш небезбедно во врска со тоа, тогаш е веројатно во ред. Не знам.

    Јас ги следам препораките на ап и сзо. Се водев по нив и за првите деца. Една од препораките за превентива е позиција на грб во текот на ноќта, како најбезбедна. За време на странична или на меше, бебето може да се преврти и да нурне во душекот. А родителите се некогаш толку многу преморени што топ не ги буди. Преку ден е друго, оти не го спиеме денот. Истово важи и за ќебенца, плишки, воопшто играчки и други нешта кои можат да го попречат протокот на воздух и ред други првентиви.

    Ама секој одлучува сам за своето бебе како е најдобро и ако така на некој одговара, ок. Не дека има нешто што 100% превенира, ама позиција на грб се смета за најбезбедна и го намалува ризикот во голем процент.
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  2. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    8.452
    Мајки на бебето и се покажа хемофилус инфлуенца во нос, читав на интернет за оваа бактерија и се премногу се исплашив. Дали некоја мајка имала искуство до оваа бактерија?
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.392
    Допаѓања:
    206.373
    Пол:
    Женски
    Вакцинирано е бебето? Поливалентните вакцини на 2, 4 и 6 месеци ја содржат вакцината против оваа бактерија.
     
  4. ifv

    ifv Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    212
     
  5. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    како се викаше една веб страница на која имаше прикажано како треба да се развиваат бебињата,во кој месец што треба да прави... ја имаше некој постирано ама не ми телнува точно во која тема беше....
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    8.452
    Да вакцинирана е
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.392
    Допаѓања:
    206.373
    Пол:
    Женски
    Е па не се плаши. Ако дава симптоми, педијатар ќе ви каже за соодветна терапија, ако не дава, не мора да се третира.
     
  8. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Не бљуцка во сон туку во првите моменти после цицање, а дека цица на три саати, ноќе сакам да ја гледам дур заспие да не направи нешто :) А што значи тоа, за бљуцкање во сон се истакнува рефлексот за голтање?
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.469
    Имаш повеќе

    Моебебе
    Acibademsistina
    На фемина имаш исто
    Ringeraja


    Најубо напиши на пребарувачот
    Разбој на 3 месеци(пример) бебе

    Ти излегуваат сите

    Поз
     
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.578
    Допаѓања:
    20.550
    Пол:
    Женски
    Сакав да кажам дека имаат рефлекс за голтање/цицање (во случај на бљуцкање додека спијат на грб, враќаат назад, голтаат) и според ап е доста понеризично за разлика од спиење странично или на меше.

    Моево бљуцкаше у сон на почетокот. Ама оно спие странично со главчето ноќе. Па демек поопуштена сум. А ми се има и засркнато од бљуцкање и од памет ме извади.

    Абе жими се никако не е. Ова е лошо, она е лошо. Јас пак да не прочитам нешто, одма мислам. (facepalm)
     
    На Makedonka007 и EvieBabe им се допаѓа ова.
  11. Frosina374

    Frosina374 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2018
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки бебе е 3+ во последно време не сака да цица го ставам на гради се тегне плаче ќе цицне малку пак ќе плаче како да се дави некако не знам го носев на педијатар нема грло, плуча чиста има лиги многу можно ли да е од тоа цицаме со силиконски брадавици
     
  12. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    1.512
    Пол:
    Женски
    И пак јас во дилема околу облекувањето. Дома н
    одржуваме температура 25 степени , бебуш го облекувам со боди на кратки и блузиче и надоле пантолонки со чарапчиња.
    Летоска рековме дека бебките треба да имаат плус еден слој од она што ние го носиме , а дали важи истото и за сега?
    На лето одржувабме температура од 27-28 , а сега 25
     
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.505
    Пол:
    Женски
    можно е и после година да ти дојде. Мене повеќе од месец дена ме боли ко за добивање ама абер нема,и јајници некогаш ме болат. Со првото добив после 4 недели од пораѓај.
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.628
    Пол:
    Женски
    Таман ти е и кај нас е исто и така ја облекувам.
     
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.505
    Пол:
    Женски
    јас мислам подобро глодалка одколку раце во уста. Исти сме. Дури и нервозно ги стиска рацете во уста. Ајде викам гладно да е ама не,не фаќа ништо за цицање а шишето го гризе и џвака кога ќе му го ставам во уста.
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Мајки јас пак пишав и пред неколку недели, бебево 95 % од времето плаче кога помалку, кога повеќе, кога кенка, искакано, пресоблечено, цицано, ајде кога има грчеви разбирам , ама и кога нема е исто... месец ипол има гледам други бебиња ги шетаат, ги сликуваат, а ова е се кенкаво нервозно како да сме во скок цело време...има некоја со исто бебе да се тешам или не..Исто и преку ден многууу ретко спие и кога ќе заспие бргу се буди (ова со спиењето е сега инаку претходно си спиеше преку ден)
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Почнуваме 7ма недела според термин да не има тука некој скок?
     
  18. Cassiopea

    Cassiopea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Здраво, и моето бебе беше така, плачење, вриштење, шетање никако само во раце. Мали се уште не се сите исти бебиња, мене ми требаше време да го сватам тоа. Не се секирај ќе пркне малку ќе смени. Сега е 4 месеци и можам да ти кажам дека последниов месец се смири, може да се прошета на раат. Е сега има нова фаза на плачење тоа е од нови луѓе, но се тешам дека и тоа ќе помине кај и да е.
     
  19. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    И ова се е во рака, сакав да земеме релаксатор, ама мислам ќе биде за џабе ќе плаче и во него
     
  20. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.628
    Пол:
    Женски
    Во 8ма недела е громчето, во 7ма е мирно :)