И моето е 2,5 месеци. Кенгурот за џабе го купивме. Кога бевме на ортопед прашав,одговорот беше ние не поддржуваме користење на кенгур. Они се против тоа. Колку луѓе низ парк гледам така ги шетаат... И ја би со кенгур,кога не мора да се влечка количка..
Потполно се исто, плус на ова кај нас ко ке се разбуди накај 3 ноќе после борба е за спиење до кај 6. На бебе не му се спие. Исто почнавме 7ма недела значи не е скок
Мајка за грчевите само време,ке си пројдат сами од себе. Купував многу капки,сируп...внимавав на храна и до 4 месеци имаше. На 2 месеци најинтрнзивни му беа. А тоа што го опиша се грчеви Пробиотик обавезно давај до година дена ми рекоја мене. Земам ваја. Имам користено провен и биогаја. Исто е од сите. Нема запек од пробиотик да има.
@Septemvri на нас ни донесоа кенгур за подарок , ќерка ми има 1,5 месец и ја ставам во него. Уште од сега ми е тешка некако одвај ја носам во него , а камо ли како што пишува на него дека се користи до 12 месеца. Јас немам прашано педијатар , ама гледам доста родители ги шетаат од многу мали бебињата во кенгури. Јас сакам да прашам колку време може бебе да седи во кенгур? Некогаш ме мрзи со количката да излегувам па ме интересира дали може во него да седи повеќе од пола саат?
Незнам колку време може да седи, мене ми го донесоа од Англија, таму го користеле без ограничување. Тука не сум прашала, го добивме од кога завршивме со ортопедот.
И јас имам кенгур добиено на подарок ама уште ми е Шубе да го употребам,да не е рано.... Ама знам после ќе викам Шубе ми е касно е Да ве прашам обично се бројат колку пати се испразнило бебето во текот на денот. А дали игра улога количината на изметот? Забележувам последнава недела кака ама количински не многу обилно како претходно. А исто по 4-5-6 пати во ден.
Најмногу 2 часа со тоа што како за прв пат по 10-15 мин. и постепено ќе се наголемува минутажата. Нормално дека ќе вришти можеби ама потоа ќе сака а кога ќе дојде време да се заврти на напред едноставно ќе ужива бебе. До 4 мес завртено накај вас а потоа завртено на напред да гледа. Јас уште го користам а еве го бебчо за некој ден ќе прави 7 мес. Често и ќе ми заспиеше во кенгурот кога го шетав.
Мајки дали вие што имате бебиња 2ипол месеци го држат убаво вратчето? Моево кога е на меше минимално го поткрева главчето колку да се сврти само од една на друга страна. А го гледам дека не е млитав има сила. @Мариаа. @Septemvri @Presrekna @Yowannty ве тагнувам вас што ми текна дека имаме генерациски бебиња
денес правиме 12 недели и 100% исправено сеуште не го држи ама не се сите бебиња исто. Некои има што на оваа возраст ги држат добро ама мене не ме загрижува
Не се замарај секое бебе е различно. Моево ја држи исправено од првите недели. Сега на меше кога е многу повисоко и по исправено. Но другарка моја имаше близнаци. Едното беше по мрзливо и многу подоцна почна да ја држи главата исправено во споредба со другото. Дури бараа совет од доктор Сега во ништо не се разликуваат, само што се смееме на фотките и спомените. Совет од еден стар педијатар ми е дека границите кај бебињата се многу големи(широки) Едно може да да зборува пред год друго на 2'год. Истото важи и за проодувње, запче, фрлање пелени Еве и држење главче. Уживај си со бебето и смеј му се дека е по мрзливо.
Не. Сигурно ќе им треба повеќе време, ама нормално е. Додека ја држам во раце приметувам дека и е се постабилно. Сеуште нагло и паѓа, ама веќе го врти и го држи по некоја минута сама. Што се однесува до седењето на меше, исто, прогрес е тоа што почна да го врти на страна, се напрега, се стега и се преморува за неколку минути. Во текот на денот, додека ја шетам во раце свртена накај мене, седнувам и навалувам грб, ама ниско навален. Така многу подобро го држи вратчето, целото го крева па и е добра пракса за кога ја оставам сама на меше на кревет. Откако почнав така, престана да плаче кога ја оставам сама на меше. Можеш и така да пробаш да ја вежбаш.
@The Unicorn убаво спомна Јованти ставај ја да вежба. Прво ќе се бунтува но ќе ојача. И во раце кога ја земаш завиткај ја во ќебенце како анушка и исправија. Така од почеток мојава ја нишаше главата лево десно како клукајдрвец напред назад но секогаш со припомош од мојата рака се научи. Инаку ништо страшно. Ептен се мали. Свекрва ми има 5 внуци и се чуди како ова е толку цврсто.
Не го држи цврсто уште.Ортопедот ми рече да бидеме упорни со вежбите на меше,и дека е нормално.Им треба повеќе време.Мое бебе не обожаба ич одма плаче ама со играчки,тропалки и свашта му стојам пред фаца па така продолжуваме на време. Како му леташе главата на сите страни,добро е сега Вежбајте,и не се замарај.
Мајки дајте ми совет за капки за грчеви. Станува збор за предвремено родени бебенца, стари сме неполн месец.
А по колку време ги оставате на меше да вежбаат? Моево е 40 дена и не сака ич, ќе ја дигне 3-4 пати ама со рикање, плаче се корне и не сака да лежи на стомак.
Мене во Систина ми препишаа комбинација од Линекс бејби пробиотик и Colief капки. Colief-от на многу им ги даваат, а наместо Линексот на некои им даваат Ваја или Биогаја, со тоа што Биогаја веќе ги нема кај нас мислам. Кај нас е океј, се трпи со оваа комбинација.
@EvieBabe моето е 10 дена постаро од твоето бебче , ја ставив прееска на стомак се мачеше да ја дигне главата , ја дигна малку и толку , не може да ја држи горе се уште. И сакаше да се сврти на грб па почна да плаче , не можеше рано е