По колку време ги оставате на меше? Јас го оставам на секое менување пелена, ама му здосадува по некоја минута. Изигравам кловн, демек да го залажам да не прави концерти. А ич иначе не сака. И не оти знае како иде, ами многу случајно се превртува на грб. Оти кога се уморува, раката ја мести некако испод главче па му е од помош за вртење. Главата ја држи сега подобро за разлика од претходниот период, но се уште не стабилно. Јас споредував со ќерките, они беа профи за разлика од него. Ова ми е некако помрзливо. Бебе ми е импресионирано од таванот и прозорите. Се повеќе им се воодушевува. Многу е смешен. Многу сака песнички и заљубен е у една плишка, што уште не можам да откријам на што повеќе личи. Крава ли е, зебра ли е. Најинтересна му е ќерка број 2. Со неа најмногу гуга и се смее. Пред извесен период почна да се оттурнува со ноџињата. Менување памперс е научна фантастика. Два, три вечери ми се деси да се успијам и не го вратив у креветче после цицање и остана он на спална. Ја тргам перницата, ама он дека се бута сега со ноџињата, ме буди залепен до мене и ми ја цица раката или шо ќе фати. Не останува веќе така како што ќе го оставам. Дефинитивно подобро спие во креветче, бар не шмука шо ќе му дојде при рака. Џабе има лажалка, палчето му е омилено. Цело тупаниче во уста исто. Орална фаза. Уште малку се ќе истражува со уста. Едвај чекам да си ги "открие" рачињата. Тој период ми беше многу интересен и кај ќерките. Како ги гледаа со восхит.
Душа... Еве 6 полни месеци,сам се превртува и кемка што е на стомак. Нејќе и не. Море као пробува да лази он рине ли рине со глава затоа што се нервира дека е на стомак.
Кога ќе мислиш ти самата дека и е потребно на 2 , 3 , 5 месеци .. И така на старт внесува минимално вода , ништо не и штете ..
@Sofi.ja денес бев на педијатар и ми рече ќе почекаме уште малку сами да се повлечат. Еозин мачкање само таму каде што има гнојанче. Ова важи и за градите и за вратчето доколку има.
Од кога почнавте да ги шеткате бебките надвор? И по колку време отприлика? Мојава уште нема месец, ама јас почнав да си ја шетам по малку, додека не почнало да врне. Ама си викам да не претерувам
Сите бебиња крчкаат, се чистат од плодовата вода, не се плаши. Прекрасно е времето, користи максимално, слободно шетајте.
Додека нема течен секрет кој е видлив нема што да влечеш. Нема потреба. Стави му кромид сецкан близу главата каде што спие, полесно да му биде. Крчкањето само од себе поминува.
Мајки, од што може да му се поти главчето од време на време кога е легнат? Од тоа што лежи или пак нешто друго е во прашање?
Се изнашетавме и денес скоро саат време. Бебе ужива, мама полецка се клацка, уште подболува раната од царскиот, ама од помислата дека иде зима, издржувам на сонцево
Ние сме 42-43 дена, ја изнесувам надвор од втората недела. Прво по 10-15 мин во двор онака, а после почнавме да шетаме со километри - ужива на сонце и воздух, дури боичка фати Прво и јас бев со кондиција 0 од царскиот и месеци bed rest, ама движењето ме врати во нормала. Докторката ни рече секој ден кога е убаво ама изгледа толку беше, прогноза е дека ќе се расипува од утре
Само да не ни врне за ладното ќе се снајдеме некако, подебело ќебенце, понатаму и скафандерче. Јас планирам да ја вадам од дома и на ладно (иако мислам дека за два месеци од сега ќе ме мрзи мене на ладното да шетам ). А за викенд барем до Водно да ја носам, на почисто малку
Мојата беба од 2,5 месеци од синоќа е настината. Им некој секрет и носот му се затнува. Чистам нос со солени капки и шмукалка за мрсоли. Го истуширав со потопла водичка, друго незнам што. Вака си е весел ок е. Се оптеретувам да не крене температура и денес му имам измерено едно 20 пати...со бесконтактен термометар, и еднаш 36,5 еднаш 37,1...веќе памет немам. На лекар сеуште не сме биле. Се надевам од утре подобри ке бидеме.
Јас користам саб симплекс и можаж да кажам дека ме спасија од вриштење Кај нас мислам ги нема, мене од бугарија ми ги донесоа