Whaaat? 10-30 минути? Па нема шанси моево толку да седи така.. Јас ја држам неколку минути само... Некогаш ждригнува, некогаш не.
Да се пријавам дека сум ок , пишав во темата доење завчера дека ме боли грло, бев во аптека не сакаше веднаш да ми даде антибиотик ми рече да почекам , и стварно денес сум подобра. Имам некој секрет ама од страв дека може и бебе да се разболи сакав веднаш да почнам антибиотик. Вчера беа моите родители и брат ми на гости и прв пат ја видоа беба, цело време ја гушкаа , лулаа , малава ги гледаше испушташе некои звуци поготово со мајка ми мислев готово , ќе и прозбори овие два дена и зборувам и ми враќа со насмевки денес си отидоа ама здравје нареден месец пред Нова година ќе ја носам беба во Мк Ноќта се отспав да ви кажам , големава ќерка конечно спиеше со мајка ми, јас со малечкото во мојот кревет си ја ставив и два пати се пробуди за цице , потоа си спиеше цело време. Полесно ми е вака некако одма да и бутнам ци*ка во уста без да станувам од кревет. Дали некоја од вас спие вака ко мене
Мене саб симплех ми ги прати другарка од германија и она по потреба така им давала на двете деца. Зборам за ситуации кога пробуваш да го подсмириш бебето од плачењето од грчевите и кај мене се смирува во истата секунда, е сега смиреноста не трае долго сепак 2 капки се само тоа. Ако даваш редовно дози по 15 капки секако неможе на цуцла. Јас толку знам нека пише и некој друг со поголемо искуство
Не мислам дека има штета ама не знам како и дали ќе делуваат. Колиеф сњ ставаат во млеко па да отстои половина час па потоа се даваат.Јас пробав со колиеф немаше ефект а и нелогично ми е да правам млеко па да чекам пола сат да му дадам кога велат дека ад млеко најмногу пола сат се чува. Саб симплекс далеку подобри, преку ноќ престана и плачење и грчење, подобро спие, најдобри од сд што сум пробала досега
Мајка моето имаше цело време грчеви, цело време плачеше, одвај пола час ако беше мирна. Ни излегвавме ни ништо. Некогаш пред зграда ја вадев дека преубо време, лето беше. Со мм заедно тројцата ќе излезевме на чист воздух накај планина ама два пати во 3 месеци беше то. Мои пријателки се изншетаа со бебушите а на слична возраст беа. Сега сме 4м и убајни ми е. И поминаа, малку некогаш ќе кемка ама брзо и поминува. Почнавме и Ваја пробиотик да даваме, многу подобро. Зошто порано не и давав се карам самата. Да знаеш не сте единствени. После 3м- 3 и пол месеци, супер ќе сте. Плус и поголемо ќе е нема плчки многу, само гугање и гушкање. Следува најубав период Уживајте. Ова е мое искуство
Ги има и во Германија, многу сум задоволна од нив мали се 7,5 евра негде а има и поголеми тие мислам беа 15евра
Девојки, ќе може слика од Ваја пробиотик некоја што го користи и начин на дозирање? Користам Био Гаја за сега ама не гледам некоја разлика.. бебе често има запек, а пробиотикот нели треба да ја олесни столицата...
Како ги облекувате бебињата за надвор ова време? Мене ме искараа на лекар дека била многу облечена и денес ја извадив со дебелки тренерчиња и дебело ќебе, ама гледам рачињата и се ладни И откако сме прибрани дома цицаше еднаш, ама дури 4 пати ми поврати после тоа... Од што може да биде тоа? Нормално си цицаше, дваесетина минути.
Кога првпат ни го препишаа како новороденче ни кажаа еднаш на ден по 7 капки, јас еве три месеци уште толку давам, немам прашано дали треба повеќе
Девојки, за грчеви кои капки се најдобри? Досега немаше или многу малку, ама денес вришти и ги собира ноџињата. 7 недели од утре ќе полни, мислам тек сега почнуваат појаки грчеви. Пробиотик биогаја и давам. И кои вежби можат да и помогнат? @Yowannty мислам ти спомнуваше некои вежби за грчеви?
@Magic13 на мое бебе био гаја не помогна ни за грчеви ни за какање. А Ваја гуглав, овде нема, треба да барам друг пробиотик. Вежби со нозете нас најмногу ни помагаа. И помагаа да прдне неколку пати или да се искака и ќе и плеснеше и со тоа ќе и поминеа грчевите. Прво двете ногичиња и ги исправам и потоа собирам со благо натиснување на стомачето, или едно по друго како возење точаче. И уште ги праиме, бебе се радува ептен кога ги праиме, одма се смее.