Само нас ништо не ни помага грчеви си има, ма не рекол, гас, колиеф...давам ваја пробиотик и налет веќе, имам и едни капки бекутан дома против грчеви, ама веќе ми е жал да и мешам, ставам и термофорче, некогаш само се грчи, а пак некогаш (веќе неколку вечери по ред) во исто време вришти дете мислам дека ја боли стомаче тогаш, на моменти прекинува па пак вришти, многу ми е жал така да ја гледам...
Мамички на бебе му е затнато носето денес беме на лекар нема грло нема ништо на градите само затнато носе. Ставам Марисол физиолошки раствор и влечам со аспираторот му давам и камилица чај да диши и пак е затнато нешто друго што може да се направи
Денес душата ми се кинеше кога ја гледав како се грчи. И со солзи плачи мојата, очињата наполнети, а не знам како да и помогнам.
Мамички за новороденче освен d3+k1 дали давате dha omega 3 ? Еден доктор вика давај др вика не треба .значи секој како ќе му текне кажува
Од осми ден до крај на 12та недела мене ми пишува на картончето од болница како препорака,а на бејбитолот пишува до крај на трети,почеток на четврти месец. Дај кажете до кога се даваат овие точно и од кога се почнува со д3+ дха омега?
На бебка и се воспали газето, многу и е црвено. Ова прв пат ни се случува, а 5+ сме. Дали е можно да е од промена во исхрана, односно воведување на кашички и промена на столицата?
Ме интересира мислење. 13та недела сме утре треба да прими вакцина, денес бев на матичен рече супер е а и доста е напреднат во тежина (за 3 месеци сме со 6800) е сега последниве 2-3 дена ми е кемкаво па весело па цица па дремка ама слабо цица а и спиењето му е повеќе пати по 20тина мин. Дали е скок или нешто не е арен? Мене не ми дава други симптоми а навечер па супер си спие. Се мислам да ја одложам вакцината
До кога ова може да се прави вака, да иритира витаминот Ц? Ние 2м се мачиме со пеленски осип денес ни препишаа кортико.А сме без малку 10месеци.
Ама не значи дека е секогаш тоа причината. Витаминот Ц генерално предизвикува црвенило кое поминува за кратко, се повторува, но се пократко трае и на крај поминува. А осип не дава. Осипот е најчесто од реакција на пелените, хемиите за мачкање или инфекција.
Пелени сменети, пред тоа не мачкав ништо од кога се појави судокрема, 2 дена нема па пак се вцрвува и има ситни брунчиња, мокраќа испитана, чиста беше. Сега и со ова бавно поминува ако е кортико.
Имате проблем со дерматит, ако не грешам. Може поради тоа да е, и таму да има лезии. Исто третирај како и останатите лезии по телото.
Од што беше зелената кака? Има зелена кака, грчеви колку сакаш и поцицува на сред цицање плаче се трга, нервира, млеко има само треба да повлече, додека и тече млаз го голта после не, 8ма недела сме... Ќе заплачам од мака што убаво си цицаше дете...