Tommie tippe nesto okolu 600-700 den, zavisi od kade. Poeftina varijanta od clenkata so ti pisa za medela
Веќе ти ја предложиле Medela Calma. Потврдувам. Само од таа цуцла бебе треба да создаде вакум за да започне протокот на млеко како кај цицањето.
Педијатар за внуката препорача со полни 5 пробување вкусови,пробувајќи ќе стигне до 6 па од тогаш каши. И од Филипс авент,јас го имам. Не знам за протокот,ама обликот на цуцлата е тој. Малото стаклено е околу 500 ден
Се зачитав овде низ коментариве на темава и имам едно прашање, оти овде во постариве коментари поделени се мислењата. Дали давате на бебе чајче,ако не зошто ако да какво? Знам со првото давав уште од полн 1 месец ама сега некако сум ... ... Како се да ми е ново се мислам.
Не давам бидејќи нема потреба се има во мајчиното млеко. Ако давам чај ќе си го намалам млекото. Кога излегувам стваам во едно шишенце за ситуации ако нема каде да го надојам, а бебе свришти. Ама до сега еднаш го имам употребено. И да се пеколни температури да му треба плус течности може да му дадам ама вака не.
Исто како @ocicka2014 - само што јас ни еднаш немам дадено до сега. Кога бев на предавањето за доење во Систина, исто рекоа дека на бебето не му треба ништо освен млеко; ни чај, ни вода.
Се борам сеуште со бабите и дедовците за тој меретен чај, давај па давај Плачело оти чај не сум му давалаа. Плаче оти го болело мешето, а чајот помагал за тоа. Оди разбери се дека ако не помагаат капки специјално за таа намена чај нема шанси. Ама они ни давале нас од една неделаа па шо ни фалело. Ако почнам да набројувам што ни фали... Башка ни мајкаа ми ни свекрва ми не успеале да воспостават лактација со две деца биле на вештачко на тоа време. И се чудат оти немале млеко. Да им кажам ако не зошто Башка на таа немаштија ад било изгор и нормаално дека им било супер да заменат два три оброка со чајче кое е далеку поевтино, а полни меше и залажува.
Оди разбери се... душата му горела за вода... не можеш да се разбереш и затоа и не им ја оставам , посебно на свекрва ми, способна е да даде и млеко пд тетрапак на бебе од 2 месеци без јас да знам...
Давам чаjче на хипп без шеќер. Приметив дека и пoмага за грчеви, пoсле 10 минути и oлеснува. Не пие пoише oд 30 мл дневнo.
јас на првото му задавав демек да спречам грчеви а имаше многу мака и плус бевме на ад млеко. Е веќе кога на 3ипол месеци на контрола испадна дека има близу 9 кг рекоа еден оброк да се прекине а еден да се замени со чај. Дотогаш давав по малку а од тогаш пиеше по 100мл како замена за оброк. Па влеговме некако во шема со килажата. исто имав мака со првото свекор ми е ко за 2 свекрви да му даде на 3 месеци едно лајче кравјо ама домашно и тоа нерастворено со вода па јас се чудам оти детето дента имаше пролив. А сега на 2 месеци вика дај му патлижанче сиренце ајварче не чини да гледа како му викам на 2 месечно да дадам. Него од млеко го фаќаат грчеви па не од храна ама не вика,да проба вкусови да лижне. Ќе лижне ми викам има време. Ама бидејќи веќе и живците ми се при крај ми враќам,среќа па не живееме заедно инаку може ќе се исколевме досега јас давам плантекс ама некогаш па има ефект некогаш не. Додуша и ретко давам. Скоро и да не пие.
Мојата е како полицаец и имам проблем со мажот што се плаши од неа, јас воопшто не и се плашам да и се спротивставам ама она кога ќе биде сама ќе си тера по свое и ќе си се смешка ја знам јас, кога ќе одам на работа што треба и не треба ќе дава само да ја здебели... Мене ми рекоа бекутан (од сладок анасон) иако е засладен многу помагал за грчеви, купив ама не дадов уште, и така вероватно сме во скок (9та недела) па не ми цица многу, кога ќе се вратиме во нормала ќе и дадам неколку лажички чисто да видам дали ќе се смири
Мамички ние сме 5+ сакам да прашам ако има некое бебе сто е приближно колку нас дали почна да се врти? Знам дека секое бебе е различно , но сум загрижена, ја ставам и на стомаче, вежбаме со рачињата ама уште самостојно не се врти
Здраво ве молам за помош Во болница сме поради покачени леукоцити , и сега од време на време коа има гасови остава зелено а коа има какано си има нормална боја портокалова , една од сестрите ми вика гладно е затоа е така . Ами како и пред да лежиме у болница дома никогаш немал така а сеа гладно , ај се измолев да видам да не немав ама имам , Па ако бил гладен и дома ќе бил Си имам млеко се виде и док Си цица плус на 2 саати и неш. Можно ли е од инфузијата да е ?? Ианку 25дена сме
Јас не знам зошто педијатриве не се синхронизирани по некои битни работи. Јас не давам ни чај, ни вода, пробав два дена со капки бетер беше, ни тоа не давам. И за храна. Цел свет вика, екслузивно доење до 6 месеци, кај нас кој почнал од 6, кој 4... Не дека е грешка, може не е, ама јас ќе почекам од 6. Цел живот ќе јаде.
Има ли и некоја друга мама со болки во грб деновиве? Имам чувство како да ме гази некој, баш на местото каде што ми ја ставија анестезијата за пороѓај. Раната не боли, ама ова не се издржува