3 месеци може и подолго ме болеше баш каде што бев боцната со анестезија. Ако се навалев пример пелена му менував и во таа положба 3 мин и да се исправам умирав
До сега не осеќав ништо, еве месец к кусур веќе, ама денес не можам грб да исправам. И без тоа сум си метеопат, со мигрени и ред други работи, сега уште ова ми фалеше
Мајки јас секој ден со различен проблем... неколку денови по ред бебе се плаши во сон и почнува да плаче ... е сега беше будна се разбуди во креветче си траеше и одеднаш силно писна ме стресе ипочна да плаче, инаку има 2 месеци стварно не знам што и стана
не знам зошто е тоа така ама понекогаш и кај нас е исто. И јас на штрек. Ама ќе станеш ќе го земеш бебчо ќе го гушнеш и ќе се утеши. Колко е нормално не знам ама ... Ете се случува
Имаме една ситуација па сакам да чујам мислење. Бебчо ми крчи како да има заглавено мрсулчиња или шлајм низ грло. Ајде прскам спрејче кога ќе забележам. Ама имам приметено дека тоа се случува извесно време одкако ќе цица а притоа се засркнува и кашла. И така циркулира млекото меѓу хранопроводот и грлото. Кога го кревам да ждригне обавезно ќе исплука од млекото смеса помешана со млеко лигушки и нешто што прави сето тоа да изгледа тегаво. Потоа е чист и ништо нема. Да носам да лекар или не. Верувам дека не е до плуќата зашто ќе кашлаше често и длабоко.
Вчера пишував за ова дека и јас бев извадена од памет, буквално се гушеше после секое цицање, исто со затнат нос и каплање. Се јавив на патронажната да и кажам и ми кажа дека е нормално, полакомо цицаат и им оди млеко во нос. Чаре, да го прекинуваш на секои 7 до 10 мин дур цица и да го креваш да ждригне, па да продолжи со цицање ида му ставаш во носето физиолошки раствор. Јас од синоќа вака правам и не се гуши толку.
Дали користите кенгури? Си мислам да купам, ама не знам дали е практичен. И до која возраст се користи?
По колку време ви цицаат бебушите? Сс бунам овде читам по 10 20 30 мин, моето цица 3 минути има 2 месеца Од 3 месеци
И мојата не цица долго. Многу ретко по 10 минути од града. Најчесто заспива. Е сега колку е најадена почнав да се сомневам последниот период.
И моето толку. Од 3 до 5 минути му е макс. И јас се бунам. Читам некои половина час, еден час. Па не знам дали зборуваат за активно цицање или дремење на гради.
Мојава цица додека не ја тргнам, не знае за доста, зборам за активно цицање. Никогаш во овие 5 ипол 6 мессеци сама не се тргнала или одбила да цица ама затоа е рекордер во неспиење.
Со дремење. Нема шанси активно да цица толку долго. Замисли ние активно да голтаме пола час/час. И моево некогаш 5 мин, некогаш развлекува убиј боже кога е расположена за игра. Ја читам @Presrekna кога ќе и заспиела беба и давала цицка. Мое бебе заспива и плука цицка и нема жива сила што ќе ја натера да цица дур спие. Се десило само во случај да шетаме и таа била будна цело време и кога ќе дојдеме дома да заспие одма на цицка и да продолжи уште кратко време да цица после тоа. И се регулира каката на 2-3 пати на ден, ама еве неколку денови пак почна скоро секоја пелена да ја полни... Исто дефинитивно био гајата не и одговара и морам да најдам друг пробиотик. Оти многу тешко кака од него и приплачува од болка. Без пробиотик нема никаков проблем. Влегуваме јако во 4ти скок. Уште сега почнува да се пекмези де за креветче, де за релаксатор, де за во раце. Почна повеќе да си игра со цицката отколку да цица, среќа сите пелени и се натопени па не се секирам. О боже колку е жива само. Нон стоп прета со раце и нозе чиниш во секој момент ќе протрча. Дали немирното спиење е манифестација на 4ти скок исто? Многу, значи многу прета во сон. Се мава со рацете, мава со нозете, нон стоп го врти главчето.. а спие..
Денес едното бебе три пати по ред така убаво ми поврати, како водоскок буквално. Гладно ли е после тоа? Многу лакомо јаде, последното шише го испи ептен брзо, можно е од тоа така да поврати? Него му правам 70мл,ама некако како и тие да му се малку... А мал е за повеќе. Поголемото близначе бидејќи веќе има околу 3 кг. го каснам со оброци, односно ме фаќа некогаш и на 4 саати да му давам. Неговиот оброк е 80мл. Многу временско растојание да не е? Ако ми се случи едниот или другиот да не ја испијат таа количина, треба да се загрижам? Инаку, секогаш имаме каки во боја на алтан и мокри, мокри пелени.
Zdravo mamicki...Sin mi ima 4meseci , pred dve nedeli primetiv kako koga cica i koga ima cucla vo usta na pauzite ima tremor na bradata...Imame zakazano za nevrolog vo sistina kaj Natalija utre...iskustva?
Jас се бунев затoа штo мoетo цица пoдoлгo некoгаш и oд 30 мин нo си има мака сo ресичката. Кoга прашав на педиjатар кoлку време е нoрмалнo цицање ми кажаа минимум 30 мин.
@Yowannty Честито влегување во 4ти скок ,и на сите од наша генерација И кај нас почнува да е весело. Од цицање до покажување нови чудесии.
Се жалите од повраќањето , еве мојава ќерка веќе 3-4 дена повраќа и тоа мислам премногу. Вчера бевме на педијатар за вакцина - и кажав и ми рече да не се грижам воопшто. Не се сеќавам дали првото дете така ми повраќаше многу Вчера бевме на прва вкацина , шестовалентната ја примивме , ми рече да очекувам да спие повеќе , може да има температура итн..само спие нешто повеќе друго нема ништо. 48 часа ми рече да ја следам. Тежина е во ред , нормална , ни многу ни малку. 940 гр качила за еден месец. Ми рече дека е високо бебе Ја виде дека ја крева главата , рече супер за двомесечно бебе.Забележа и дека гледа што има на ѕидовите , на лустерот па ќе почне ее ее да му збори Преглед и вакцина нареден месец.
Лелееее еве 4 пати ја земам да ја заспијам никако. Па се откажав, ја легнав до мене на кревет, па кога таа ќе биде спремна тогаш. Еве ја си гуга, најадена, се кикоти, не ми изглеа да ќе се предае лесно вечерва.