Да, само неколку дена беше. Еве ја сега пак си е иста, си спие дење, си спие ноќе - само нормално седи будна малку повеќе од претходно. Сфатив дека грешев што и миев газе кога ја пресоблекував навечер зашто многу ми се расонуваше и после урлање дома Сега навечер ако е заспана само нежно бришам со натопена блазница и ја пресоблекувам без да ја расонам.
Утре бебе прави 40 дена. По колку време е нормално да е будна меѓу две преспивања преку ден? Се случува и по 4 саати никако да не заспие, и нишкање и шетање и цицање, ништо не пали... Вака расположена си е за тоа време, не покажува знаци дека и се спие. Ама читам по интернетов, толкаво бебе требало 45-60 минути да е будно меѓу две дремки ...
Секое бебе е различно, не се води по статистики. Мојов 6+ 2-3 саати максимум издржува буден, на другарка 5 дена постар 2 пати само преспива преку ден.
За повраќањето и јас сум загрижена. Многу повраќа и ќерка ми. Исто не се сеќавам првото дете толку да повраќаше. За 1 недела сме на контрола и ќе се консултирам со доктор. Наздравје вакцините, лесно да помини. И таму се почнува рано со вакцинација како во Македонија. Примивте и рота? Јас сакам малку да одложам.
јас никогаш не сум видела евиденција кога заспива колку спие и размак помеѓу спиење . Нит па имаш потреба да гледаш колку време ќе помине меѓу две преспивања. Кај мене спие околу 4+- пати по малку ретко да спие повеќе повеќе од пола сат. Некогаш во размак од саат време некогаш и после 3 сати. ротата е ограничена,до 14та недела се прима ама имаше коментар во темата вакцини и Реакции дека благодарение на неинформираност една од членките не си го вакцинира детето
Другарки што праите? Пред некој ден не сум ја стиснала убаво вратата од замрзнувачот и фатила мраз заедно со фиоките. Одма се јавив кај педијатарката да ја прашам што да правам со млекото што го замрзнувам, ми рече ако не е одмрзнато не морам да го фрлам. Ништо не беше одмрзнато додуша. Ама морам да го чистам фрижидерот оти има мраз, не знам како поинаку може да се исчисти освен да се исклучи и одмрзне, треба да проверам инструкции нов е.. а и шубе ми е искрено па ќе исфрлам се. Не знаете колку ми е мака, имам преку 50 чашки млеко замрзнато. Ама тоа е што е. Ќе почнам одново и онака уште го имам на претек, златен Радлер! Бебе почнува да држи малку од малку, па си доби нова глодалка вчера.
ако до сега не ти се одмрзнати а треба да исклучиш фрижидер одмрзни ги па ќе видиш ако сменат структура и боја значи не чинат фрлај,во спротивно можеш да дадеш. После одново замрзнувај. Ве читам околу повраќањето... И кај мене деновиве почнува повеќе да повраќа од порано. Не она повраќање во млазови цел или пола оброк ама па и не е бљуцкање како досега. Некогаш повратеното е свежо млеко некогаш лигаво како недосварено. Кај што прочитав сите пишале нормално е. Е сега сакам да ве прашам околу доењето кај 3 месечните бебиња се средува ли редот околу бројот на оброци? Минатата недела ми се причини ко помалку да цица па оваа недела решив да бројам и да одредувам интервали. И цица на околу 2 сати ама не многу,дали 5-6 минути. Е сега исто околу давање чајче - водичка. Јас давав после месец дена со лажиче ама сега ни за жива глава не пие исто е и со чајчињата. Ајде тие демек за грчеви Бекутан плантекс.... Пиеше што пиеше во вториот месец малку од малку сега колку да се Полигуши. Ајде викам да давам по малку оти многу има кренато на килажа да не се "дуе" само со млеко ама не. Само го одложуваме цицањето за околу пола сат и пак исто. Се плашам кога ќе дојде време за воведување на храна да не ми прави исто. И уште да прашам за потењето. Читав поназад го имаше како проблем а јас со првото цело време маки мачев со потење и ако сакаш зимно време голо по гаќи легни го и танко покриј го пак ќе се испоти. Е сега бебчо пред 2-3 недели ми се потеше. Капче ко ќе ставев жива вода главчето. А и грбчето понекогаш запотено. Дали вашите бебчиња - дечиња се потат?
И моето бебе е 3 месеци и од скоро почна да се поти, најчесто на рачињата бидејќи им се тупаници, и во главчето ако е потопло дома.
Мајки, што може ова да му е на бебо мој..на двете рачиња е вакво Има 4 месеци, само на доење сме..дали од некоја моја храна е или нешто друго е во прашање..
Дечки, кое време од денот ги давате д3+к1 и омега капките? Дали водите сметка на времето уопште или кога стигнете? Јас никако не стигнувам, не ми текнува сабајлечки - се доиме, се пресоблекуваме, па јас кафе да испијам, мејл да проверам, низ дома ќе фатам да потсредам и дур трепнам ми се чини веќе летнал денот, па обично попладне или вечер и ги давам. Ама пред некој ден ми текна дека на отпусната листа ми имаа пишано да се даваат во заграда (претпладне). И сега не знам колку е важно ова да е баш претпладне зашто јас до сега дали 2-3 пати сум и ги дала претпладне
И jас знам различнo да давам, кoга бебе заспалo, некoгаш самата кенка такoв и е денoт и ќе забoравам па пoкаснo ќе дадам. Oд тoлку oбврски немарна сум за oва.
Девојки бебето ми е 14 дена.Преку ден само спие и станува за цицање.Но навечер многу се буди,ке поспие 1 час,па ке се разбуди па ајде пак ке ја заспивам па ке спие само 15 мини така цела вечер.Незнам дали е од грчеви бидејќи многу е нервозна навечер или не и се спие оти дента многу спие.Дали да ја будам преку ден?
Јас ги давав кај 18 а сега заспиба тоа време па навечер ги давам кај 20 и гледам да е одприлика во исто време така ми кажаа. Сабајле пробиотик а навечер д3 и омега така ми е кажано од педијатар.