Мене така ми кажаа во Плодност кога си заминував дома. Кое време ќе почнам и одприлика да се продржувам немора да биде точно точно ама приближно. Е во Вторникот бевме на контрола ми рекоа да давам само Д3 без К1 зошто сме на Аптамил и содржел веќе К1. А на ортопед се оди на 2 месеци полни?
Мене во отпусната ми пишува на два месеци т.е 8 недели прва ортопедска контрола. Инаку и јас ги давам истите капки како и ти.
Д3 за после 3м користам Вигантол, опстојува долги години на пазарот и се смета за еден од најдобрите. Иначе има мамички што почнале со кашички на 5м само со пробување, а од 6м со цел оброк??? Само на доење сме. Ми треба листа или некоја да ми каже по кој редослед ги давала овошјата, зеленчуци и нивно мешање. Фала
На собна температура. Мене ме интересира за Д3. До сега два пати се случило да заборавиме да му дадеме,од кои едниот вчера. Отворив во упатството не пишува што ако пропуштиш. Дали другиот ден се дава дупла доза?
Мислам дека не се дава дупла доза за да се надомести. Ништо страшно ако си заборавила,иако нели треба секој ден да се пијат. И јас за овие 10 мес,околу 10 пати имам заборавено да му дадам,на преглед секогаш бил добар. Треба редовно да се даваат,ама ете,некогаш се заборава.
Мојава има многу додека да почнат маките со заби. А зашто работам со деца многу пати имам читано за искуства и донекаде уште пред да останам трудна, бев убедена дека би купила и ставила на мое дете. Се до моментот кога бебе од 12-3 месеци, успеа да скрши едно од камчињата со заби, и едвај да му го извадат од уста. Така што, решив дека ќе терам со други опции
Ау страшно,па како ли го пикнало во уста кога се прилично кратки? Јас мислев да земам имам читано дека килибарот има таква намена но ајде ке мачкам гел иначе напорни се со заби вадење,кемкави
Не знам како успеала, ама момент невнимание и се случи. Се потресовме сите, за секунда можела да го голтне. Купи гелче, глодалки, имам читано, цуцла ако сака, да се пикне во смрзнувач, за да му биде ладно на непцата. Се надевам нешто ќе помогне
и татко ми еднаш ми објасни како делува моќта на килибарот и ми звучеше убедливо ама на крај сепак не,ме би зела. На првото рано му излегоа запчињата среќа па без температура ги поминавме ама некогаш знаеше да се помачи да писка да се нервира. Ама поминавме.
Постои ли целосно добра пелена? Од старт користиме Памперс премиум и се чудев кога читав дека некои се жалат дека многу мирисаат - ние скоро два месеци немавме такво искуство, ама дали беше до последното пакување или бебево веќе е големо, па повеќе моча, абе Памперсот корне во последно време. И тоа јас никогаш не ја оставам повеќе од 2-3 саати во една пелена, само ноќе може 5-6 да врзе во последно време. Во меѓувреме имавме добиено за мекици Бекутан и Sleepy, Sleepy-to беа минијатурни па ми се најдоа кога беше бебе две килца, ама не впиваат доволно и не би ги купила, а Бекутанот ги ставав одозгора само како втора пелена за колкови. Денес на контрола во Систина и ставија Бекутан пелена и сега ми се искака, абе кога отворив пелената, хорор филм - тоа си тече внатре, пелената ништо не впила, некако целосно течно гомцето и потемно веќе 2-3 дена. А не ја соблеков баш одма, чекав да се докака скоро 10 мин, и пак не беше впиена каката во пелената. Значи, ни Бекутан нема шанси да купам. Е сега, препорачајте добри пелени ако воопшто постои подобро од Памперс Премиум?
Од Бекутанот на мојот му излезе алергија, сега Пафис користиме добри му се сега за сега. Ептен собираат и нема реакција.
Јас памперс премиум ги заменив со baby love и според мене се подобри. Памперсот покрај тоа што ми мирисаа и ми пропуштаа каки доста често.
Да ги пробаш babylove од дм. Јас од старт ги користам, и искрено само еднаш ми пропушти. И тоа зашто јас не сум ја залепила убаво. На контроли во Ремедика и ставаат canbebe. Одма мењам кога стигаме дома, и секогаш е само мочана, значи 20тина минути до пола саат ја носи, ненормално многу смрди пелената.
Ќерка ми додека да наполни 5 месеци врзуваше по 12 саати без спиење. Ова зборам за преку ден, а за ноќно спиење еве ќе прави 6 месеци и сеуште нема сон подолг од 40 мин. Сто пати се буди и вришти, се дере. Најлошото е што и тие 40 мин. кога ги спие, спие во раце, никако во креветче или легната во нешто, ХОРОР! Сега почна да преспива преку ден 2 пати по саат-саат ипол ама само во раце или во количка.
ние спред термин сме на 14,5 недела среќа па досега немаме проблем а гледам по сликиче кое тука го постирале дека овој е најдолгиот скок.