Јас да си побарам совет зошто стварно сум на голема мака. Бебе за една недела прави 6 месеци. До сега е на доење и ретко, многу ретко и давам ад. Имам воведено еден оброк сабајле. Откако е родена нема врзано сон ноќе повеќе од 40 мин. и тоа само во раце или многу ретко во транспортер. 100 пати се буди и вришти се дере за цице и додека не дадам не се смирува. Има рефлукс и не е во прилог прејадување и често цицање, а невозможно е ноќе повеќе од 1 саат да не цица, а цица активно како да не цицала 5 саати, па после и е тешко, повраќа и сл. Бидејќи ситуацијва ми е алармантна и неиздржлива, дали ако почнам да ја одбивам полека од цице, да почнам со ад би се сменило нешто, бидејќи мислам дека е зависна од цицка. Совет или слично вакво искуство од некој?
И ние од почеток сме со Памперс Премиум прво користевме 0 сега 1 ама не се случило да замириса до сега А гледам во Плодност му ставаат Кан бебе и кога се породив и сега кога одиме на контроли. Бебе и да е какан и мочкан дури си дојдиме дома од Битола пелената си впива. Пробај со Кан бебе види како ќе биде. А за Бекутан имам слупнато и алергија се јавувала кај некој бебенца
Стартува 4 скок. Изгледа ја ќе скокнам овој пат Лелееее. Зајдува,се вцренува цел во образите. Ваков од кога е роден не сум го видела. Нејќе да цица. Една секунда се смее,наредна вришти. Одвај заспа сега ,а преку ден дремнива по 10,15 мин. Овие 5 недели ако ги издржам ,топ
Мене пак паники ме фаќаат. Бебка денес само три пати искакана, а си мочка нормално. Ама цело време ми плаче за цицање, на два пати денес од двете гради на еден подој цица. Да не не и е доволно си викам. Кое време би било најдобро да се измолзам, чисто да видам колку млеко ќе излезе, иако знам дека не е репер тоа? Во понеделник ќе ја носам на мерење, ама до тогаш ќе си побудалам.
Ааааа 3та вечер денеска едвај заспива. Со плачки со црвенеење, со сите нишани. Очи и паѓаат за спиење ама не се дава. Тамам вадам цицка кога ќе му ја рикне... па се турка од мене мислиш на колење ја носам.. Греота, којзнае каква мака си имаат и што се им се дешава во мозочињата.
Женски овие денови сум малку загрижена.. ќе пишам тука зошто поактивна е темава. Од кога се породив , крварев околу 45 дена (плус имав епизиотомија со еден конец) негде 10тиот ден имав неподносливи болки доле, што ми беше малку чудно ама ајде реков нормално е поради шиењето. Негде 50тиот ден од пораѓањето бев на гинеколог и ми најде една циста , беше полна со вода, ме болеше премногу кога ја фаќаше , ја дупна и ја извлече цела течност, ја исчисти и ми рече дека можно е да се појави пак и ако се појави ќе ја извлече цела обвивка нареден пат. Е сега јас не разбрав за каква циста се работи , не знам дали беше Бартолониева циста.. Ми рече дека претходно ја немав и дека се појавила по раѓањето. На гинеколог бев на 4.11 а оваа недела од вторникот приметувам крварење некое како траги од светла крв еднаш на денот на гаќите (средата беше нешѕо поинтензивно). Има ли врска ова нешто со жлездата пак или треба да добијам па поради доењето ете не пробива..? Ептен сум збунета , а баш кога бев на гинеколог сега го прашав кога треба да добијам ми рече според ехото нема сега скоро да добијам мензис поради тоа што дојам. Од што може да е крварењево..
Друштво, ајде поискусните нека кажат мислење, дали има потреба и од кога се користи онаа подлога со играчки, baby gym или како и да ја викаат, со шарена подлога и висечки играчки? Викаат дека побрзо се исправаат или побрзо ползат од ова, и за да не ти е бебе нонстоп во раце, ама имаме релаксатор, онакво висечко за на кревет и се прашувам дали ми треба ваков playmat?? Фала
Од кога почнува 4 скок? И трае 5 недели? ?? Ние вчера 3 месеци наполнивме? Кога да очекувам скокање? Поздрав генерациогенерацио се гледаме на трамбулина
Ние имаме исто и релаксатор и висечки играчки за на креветче, но купивме и слично како што опиша. Па си игра на неа, задоволна сум јас лично.
За мензисот исто бев и јас. Бев на гинеколог ми вика далеку си од добивање и за една недела прокрварев. Најпрво мислев дека ми е од стрес, бидејќи со малиот бевме по болници тој период, а и крварењто не беше интензивно туку исто како тебе свежа крв 1-2 пати во денот. Наредниот месец веќе беше како редовен циклус. Беба е 4+, а јас имав 3 цикслуса веќе.
Еве ја табелата се рачунаат неделите според терминот на раѓање Дека не е репер молзењето прочитан го мојот нов пост во доење. Сега сте поголеми и може да какате 1 на ден дури и наеднаш ако сте на доење нормално е. Се дури каката не е континуирано неколку пати зелена не е Гладно бебето. Тоа што ги цица двете гради одеднаш е показател дека бебе напредува и му треба повеќе храна. Ако сте околу 3,6 или 8 недели според термин можеби во скок сте. Леле мојата Спанка во 2 дена се смени. Од 10 саати што ги спиеше преку ден и 12 ноќе, овие 2 дена само по 4-5 саати преку ден преспива. Тоа со рикнување на цицка редовно го имаме секој скок. Дури мм се чуди колку ладнокрвни сум била. Бебе плачи јас кул, чекам да заспие и да и бабнам цицка. А синко веќе цел маж кога плаче сестра му вели ајде скокот е не се плаши тато. Значи следува бурен интересен период.
@Presrekna само да те поправам, зелена кака може да значи многу работи или ништо, ама не значи глад. Чим има кака, значи бебе јадело. Дури и кога нема кака не значи дека е гладно. Сосем нормално е. Минатиот месец моја бебла какаше зелено скоро 3 недели, напредна повеќе од кило. Овој месец и се изрегулира каката пак во мустард боја, ама веќе си е доста активна, троши повеќе и нормално не додава веќе толку на тежина. Ноќва хорор. Милион пати се разбуди. Минатите скокови беа мачја кашлица, овој од почеток се гледа дека ќе биде јако. Веќе цел саат спие на мене, едвај издржувам да не затворам очи. Ако ја спуштам ќе се разбуди, а на неа и треба сон повеќе него ли мене.. Па си ја чувам..
Туку што сакав да прашам.. Од кога може во количка под 45 степ. агол? До сега е се во транспортер.. па се мислам кога ќе може да го ставиме во функција и 3тиот дел од количката. Корпата ни служеше само првиот месец. Транспортерот го сака, ама во него не се препорачува долго да седи.. И уште нешто. Вие што имате мачки дома, како оди упознавањето со бебе. До сега сум дозволила мачорот само да ја душне на ноџе, а и тој не бил многу заинтересиран за неа, па ја набљудува од страна. Сакам да не се плаши од него, веќе расте и го загледува.. а ќе почне да лазе и да оди.. значи морам да помогнам да се создаде некаква комуникација меѓу нив.. Ќе ја тагнам @Lianna Anna оти знам таа има мачка, ако има некој друг, секое искуство е добредојдено.
Од што може вака да се исфрли? Само на брадата и вратчето. Дали ваква реакција може да е од храна? Се сомневам дека и е од лигавчињата зошто цело време е со лигавче бидејќи се лигави и бљуцка цело време.
Какви лигавки користиш? Ако имаат мушамка на долниот дел можно е да е од тоа, па замени ги со памучни. Јас и купив такви со мушамки ама уште не ми се пробани, и менувам памучни сеа за сеа по неколку пати на ден. Или може од детергентот што го користиш. Не користи омекнувач, и лигавките исплави ги на рака уште еднаш после перење.
Користам трослојни, од двете страни памук, во средина мушама. Не сум сменила детергент од раѓање и обавезно пеглам се пред употреба. Дали реакција од храна може во овој дел да се појави, односно каква би била реакцијата од храна?
Ако бебето има рефлукс нема да направи ама никаква разлика дали цица или пие вештачко. Мора да се консултираш со педијатар за ова. Чудно ми е да има рефлукс на веќе полни 6 месеци. Едноставно може бебето си е такво, плачливо, бара близина. Наместо цице нишкајте ја да презаспие. Зошто паники? Мочкано и какано дете значи најадено дете Ајде уживајте, немаш потреба од измолзување, бебе плаче и од други причини, пример грчеви или сака само близина. Циста и Бартолониева жлезда се две различни работи, таа жлезда сите ја имаме. Крварењето не верувам дека е од цистата која собира само вода. Можеби ќе добиеш, почекај и види. Играчкиве немаат врска со побрзо исправање, наменети се за бебиња од 3 месеци па нагоре кога веќе пробуваат со рачињата да дофатат сами и да си играат. Тие пак на креветчето се само за даим задржи внимание, да гледаат форми и бои. @Yowannty може од 4 месеци да се исправа под агол, некои почнуваат и порано, од 3, но мене ми беше шубе, чекав ортопед да даде зелено светло. @*Sara* нежно кожиче може од сѐ да се исфрли, и од лиги па дури и да е само спурено местото. Тоа на вратчето не верувам да е од храна. Мене спас за вакви работи ми беше Пантексол крем.
Дечки, 2-3 дена каката на бебево е за нијанса потемна, да речеме не како златна туку накај светло кафена, и некако ретка бе. Не е веќе онака како купче кога ќе отворам пелена туку порастечена. Што може да е? Не сум сменила јас нешто исхрана, да јадам да пијам нешто различно од претходно... Не е пролив, затоа што не е повеќе од еднаш во саатот, ама течно е.
И моја мацика беше тотално незаинтересирана за беболино кога дојдовме дома. Јас изгледа очекував реакција како од филмовите. Змислував како го симнувам транспортерот доле и она доаѓа и како на филм имаш тука мазење, упознавање, она ова и одма се е во ред. Само го мириса, со исклучок на лицето. И тоа е се што дозволувам. Моево исто ја загледува и планирам кога ќе почне да подава рачиња за да фаќа ствари, да дозволам и за неа. Али после миење обавезно. А не ги оставам сами се уште. И не знам кога ќе почнам. На мацика се и е потенцијална играчка. Ова движи со рачиња и ноџиња и ја гледам неа таква со задникот, се спрема да рипне, али брзо се откажува. Се има и затрчано и му застана директно пред ноџиња. Ама почна да го мириса. И со тропалките имам проблем. Мисли нејзе ја играме. Не ја пуштам во креветче, релаксатор и сл. ствари за бебе. Ама и дозволив сите да ги истражи уште пред да дојде бебето. Олеснителна околност ми е што е навикната на деца, ради девојчињава, звуците на плачење исто не и се непознати. А и не се осеќа (веројатно) запоставено, оти од нив секогаш имала внимание и тоа така остана. Поголем дел од времето е со нив. За лазење, јас имам оградица. Не би смеела таму, ама ете знам дека може и да рипне. А и на беболино не сакам да му го ограничувам толку просторот (мала ми е оградицата) и ќе сакам да движи слободно на под, па не знам шо ќе правам. Треба да се мисли и на кутијата со песок и приборот за храна на мачкава. А со влакната е страшно. Усисавање и џогирање секој ден. И пак наоѓам влакна. Знам дека ич не сум ти од помош со пишаново, ама ни јас не сум паметна која ќе биде најдобрата опција. Иначе, агол од 45, бебе 4 месеци.