Јас ги давав до 3 месеци заедно 3 пати по 15 капки Саб симплекс и еднаш во денот по 5 капки биогаја, на 3 месеци му поминаа грчевите ги прекинав саб симплекс и продолжив до 6 месеци секој ден по 5капки од Биогајата.
Majki kako mu cistite papoce na bebe. Gledam na bebka i faka kako djubrence i koga ja banjam ke se nakisne i ke ja cepnam kako mazaza na papoce i nesto ke ispadne no gledam deka uste ima.. 4ipol meseci e. Neznam dai da stavam hidrogen, dane ja iritiram?
Бебе денеска има полу суви пелени. Какаше неколку пати, ама слабо мочка. Загрижена сум. Иначе во 4ти скок сме, ако тоа има некаква врска. Многу е нервозна. Многу нападно си ги глода рачињата. Протестира пред цицање, ама за брзо фаќа и потоа се успива. Потешко е навечер дур не се навреска фино не фаќа цицка. За останатото време се смее, гуга.. се изгледа како и вообичаено. Ама пелените ме загрижуваат.. Сабајле ќе вртам кај педијатар.
Грчевите денес пуштени на најјако. Вакво плачење досега сме немале. Инаку денес наполни 2 месеци. Кажете што е најефикасно од капки за грчеви? И какво е тоа термофорче што се става на меше, каде се продава?
Вo аптека гo има. Самo не земаj oд тoа сo кристали jас таквo земав и не е практичнo. И мojа бебка навечер пoсле бањање еднo 4 часа не престанува сo плачење. Преку ден е другo бебе. Кичма ми падна oд нишкање
Ова со скокови фази и чуда на бебињава стварно е мачно тешко и збунувачко. Од денес по термин сме 15 та недела а во среда полниме 15 недели од раѓање. Очекував скокот нели да е со намалено цицање ама вчера.... Бебе од 3ипол месеци да виси на цицка како бебе новороденче кое е гладно и учи да цица не, сериозно вчера цел ден го поминавме на цицка и на спиење. Со викам да е гладно млеко да не немам. Стискам града тече млеко мада цел ден градите меки. После си викам ајде вака ќе стимулира за утре. Ноќеска градите исто меки леле мајко обично навечер ми се полнеле. Стварно ме става во мисла што е работата дали до него дали нешто не е во ред со млекото.
И моево бебче истото го прави @kitty.m и ние сме 2 месеца. И давам цуцла ама ја плука за да цица рака. И не тоа прст , туку цела рака во тупаница бутка. Јас ја гледав таа глодалката Софи ама многу скупо тоа бре за глодалки мислам рано е , по 3тиот месец да не кажам и 4тиот , ќе почне да фаќа и ќе ја става во устата
Мене повеќе ми се меки градите а млеко имам и бебето напредува, што не беше случај со првото дете. Тогаш градите тврди ги осеќав. Незнам од што зависи тоа, но еве не е репер за имање и немање млеко. Мислам дека не треба да се грижиш, штом имаш млеко, и на бебињата не им е секој ден ист...ке видиш за ден два дали ке се стабилизира бепка.
Како е денес? И мојов слабо со мокри пелени,ама нормално кога нејќе да цица по цел ден. Само навечер е утоп,зошто дреме по цела ноќ на цицка.А и ми кака зеленко вчера на 2 ,3 пати Да кажеме фала на 4ти скок,ова е се поради тоа. Иначе ти писка преку ден? Мојов онака вади некој пискав глас,и после се смее Аиии, не мо жам
@Мариаа. Вчера се извадив од памет прво оти утрото пелената не беше натопена како и обично. Не кака ноќе па не менувам пелени, така наутро пелената е тешка малтене колку и самото бебе. Вчера малку намокрена. Ај си реков може не значи ништо, се смирив, следев цел ден и секоја наредна пелена беше таква. Чекам педијатарката да се ослободи имала пораѓај, па да ми се прејави. Најмногу се загрижив оти мислев дека јаде фино оти и има каки неколку пати во ден, ама сега кога ќе размислам со сето фати-пушти играње на цицка може и навистина не внесува доволно. Градиве ми се преполни, и кога активно цица не ги празни. Вчера пак кренав температура. Цел ден ме мачеше околу 37, а подоцна ноќта стигна 37.9. Истово ми се деси пред неколку денови, исто имав болна града, вчера скроз исто со другата града. Значи до градите е. Џабе се одмолзувам, чим бебе не ги празни ја имам проблем. Многу е непредвидлива, завчера попладне почна да плаче од нигде и никаде. Такво плачење како мислиш ја боли нешто. Па само се преиспитувам што праам погрешно. Па ќе се смири ко ништо да не било и ќе почне да се смее и да гуга. Така обично плаче овие денови навечер кога пробувам да ја заспијам. Иначе преку ден, кенка и се опира пред скоро секое цицање ама тоа не трае долго, навечер е хорор дур фати цицка. Па и откако ќе фати, уште некое време продолжува луто да испушта звуци. Во книгава за 4тиов скок пишува the most troublesome leap of all.. башка трае 5 недели, а ние сме на сам почеток. Па споделувај што ново ќе покажува, ќе се бодриме овде и тоа е тоа. Евентуално ќе помине.
Тоа е фамозниот скок, ништо страшно. Сега се е поинтересно од спиењето и јадењето. Ама ако тебе ти прави мака одмолзувај .
Мајки моето бебе има 45 дена и веќе некој период имаме проблем со заспивање ноќе. Преку ден е во ред цица го соблекувам поседува некоја минута и заспива ама ноќе одвај се успиваме. Почнувам со успивање во осум цица па нишкаме па количка во раце секако. Па пак бара цицање па ке поврати во млаз па пак цица и така се до полноќ. После заспива и спие мирно цица два пати и продолжува. Има ли некоја ваков проблем?
И ние по термин влегуваме во 4 скок, веќе 14 недела, а 15 од раѓањето. Има мала нервоза во цицање друго нема покажано. Инаку си е спанка. Јас мислев од вакцината спие, но не Еве ја пак 20,22 часа ги спие. А јас како @marchi-cool имам помеки гради ама пак не плачи си цица. А зошто на сите интернет страни што читам за скокови пишува дека скокот трае 48 часа до максимално 1 недела? А @Yowannty и @Мариаа. Ги читам дека 5 недели е овој скок. Ајде се надевам дека со лесно ќе мине. Искрено скоковите ми се мачкина кашлица во споредба со помислата дека синко на 14 год ќе оди на Нова година со друштво. Или дека пред недела дена беше авионски сам во странство на натпревар( со наставник и неколку деца плус менуваа авион) Чувајте нерви девојчиња. Ќе ви требаат. @лукајана уште е мало бебе период е ќе мине. Стекни рутина пред спиење и држи се до неа. Јас пред спиење затемнувам, ја бањам и право во кревет. За ништо не и менувам ред. Од прв ден така и спие цела ноќ со 1 станување. Синоќа немавме струја па само ја за заспав без бањање, Верувај по 2 часа стана наспана како преку ден. Дури не ја избањав како секоја вечер не заспа. Пробај.
@Presrekna исто го бањаме околу осум, облекувам, цица и почнува да задремува. Се тоа во темница, во соба ни ламба не палам, имам тераса од собата и таму палам светло. Додека цица спие, откако ке престане отвара очи. Па нишкаме јас па мм па пак цица и тоа трае. После дванаесет заспива. Сум пробала да го држам буден подолго преку ден исто беше, порано го бањав ништо не менува заспивањето му е се во исто време. Дури се мислам да почнам да го заспивам околу дванаесет ама ептен ми е касно за бебе. Големиве пред него заспиваат
@Yowannty @Мариаа. И јас забележав деновиве помалку мокри. Односно тоа навечер. Сабајлето секогаш паметот тежел последниве 2-3 дена не е дотолку. Е почнав да давам превриена водичка со лажиче искрено страв ме фати. Ајде ќе речат па во млекото има се ама ете нешто фали штом послабо мократ.
се самоцитирам бидејќи не можев да едитирам. Не тежел паметот тежел памперсот. е денес досега приметувам е обратн. Мокри повеќе ама не е искакан. Еднаш се испрде ( да ми извините на изразот ) и малку пушти кака и толку. е секој божји ден по нешто ќе се случува.
Sab simplex ili espumisan, isti bile po sostav.Termoforce imas vo apteka, so parice vnatre se prekrsuva i se zagreva za nekolku sekundi