@Magic13 една моја другарка ми кажуваше нејзиното бебче после 10ти ден откорна од плачење со грчеви. Таа дава чај од нане по неколку лажички на ден,нане домашно сушено мрцнати пола минута во мало финџалче вода. И вика дека се преродила. Многу и помогнало. Кај мене со првото чај од анасон од Бекутан многу ни помогна а второво ептен ретко ако има мака со мешето а чајче давам ама никако неќе да пие така да немам некое искуство со него. Исто чај плантекс многу помагало. Тоа во аптека ми го кажаа. Јас не давав ни пробиотик ни некакви капки на децава.
По 3-4 пати по ред ми ја плука цуцлата и петиот ја остава по малце моево ставаше цела рака мислев ќе си ја изеде, ама сега на палчето се префрли. Одлучив да почекам за глодалка, за сега малце го оставам така а повеќе сум упорна со цуцлата.
Итно ми треба совет, имам бебенце 4месеци е вчера имаше температура,ама денеска е добар, од сабајле несака да цица му дадов малце измолзено од шише го пие а несака да цицаа ?што да правам ,да давам адаптирано ама кое. е најблиско до мајчиното на вкус?
обавезно на лекар. Прво да се види зошто кренало тт. А и совет за млеко од педијатар побарај зашто не се сите деца исти а и млеката се многу различни. Ако бараш совет јас би ти препорачала хип млеко
бевме вчера на дежурен ,ништо не кажаа ,температурата му се симна уште вчера вечерта од тогаш нема покачено,се мислам да не се заби (јас сум извадила заби на 4месеци ако има врска тоа) ,како да проверам дали ќе му искача забче?
моето па на 3ипол почнаа да му растат првите заби. Тогаш веќе му избија. Па можно е ако имало блага тт ама висока тт не се крева од заби. И штом нема други симптоми не би требало да е загрижувачко. А се гледа на вилицата прво бело после набабрено подуено и зацевенето па рапаво кога веќе избило
Девојки денес забележав дека кога давам Д3 бебето е нервозно не сака да спие има грчеви.Вчера не и дадов немаше ни грчеви а и си спиеше.Можно ли е од Д3 да е нервозна бидејќи се многу мрсни?
имаше температура 38,3максимум ,иначе 37,6-7 варираше цело време ,ниту носе ниту кашлање ниту било кој друг симптом покрај температурата...
Мамички, малиот ми е 3 месеци точно до денес. Недела дена мака мачам навечер. По 5 пати го ставам во креветче, никако да заспие, ако заспие (после 5 обиди) спие саат/саат ипол спие и пак иста песна. На цице спие, во креветче што го ставам после 2 мин се буди и не плаче туку цика, како да се кара му пикам цуцла ќе поцица и ја плука па ја пика раката во уста и џвака шлапка како да јаде нешто . Инаку и преку ден е со рацете в уста, ги грицка прстињата. Пред тоа си спиеше по 3/4ч прво спиење и после на 1ипо саат се будеше, но кога ќе го заспиев си спиеше мирно. Сега што се случува не ми е јасно. Не сум спиена цела недела ко зомби сум
Ние сме 44 дена Јас го бањам кај 8:30 го облекувам пиее млекце пеам песнички малку нишкам и заспива во 21:30 е веќе заспан. Обично гасам светло имам едно малецко ламбиче тоа свети. Навечер станува 2 пати еднаш во 12:30 и еднаш во 4:30 за млекце пие и продолжува. Пробај да правиш бо исто време ќе си се навикне и ќе си има ред.
Пробај со Nopar капки. Ги зимам од Грција ги давам навечер пред легнување дирекно во уста 3 капки па млеко. Денски само ако има ептен потреба инаку чајче бекутан од анасон и правам чај од ким топло терммофорче и тоа помага исто и масажи
Не смееш да не даваш Д витамин рахитис ќе добие. Можеш фирма да смениш ако мислиш дека му влијаат лошо.