Добро, зошто не ми кака бебево? Последен пат завчера. 8 дена е стар, има уште малку жолтица ама веќе добро јаде, по 30-40мл на два - два и пол часа. Ве имам читано овде дека бебиња што цицаат не мора да полнат пелени секој ден ама мислам дека тоа важи кога се малку постари? Инаку не гледам да се напрега или грчи, не е тврдо стомачето. Едит за уште едно прашање. Никој не ни спомна вит Д капки, дали треба да давам веќе?
За какањето,не знам да ти одговорам. Сум слушнала дека може да не какаат,ама не знам дали важи за новородени. Моето какаше по неколкупати на ден. А д3 капки треба да почнеш од 8 ден по раѓање. На нас од болница ни препорачаа бејбитол д3 + к1 и бејбитол дха омега да ги давам од 8 ден до крај на 3 месец. Од 4 натаму,само бејбитол д3 и дха омега.
Не, за возрасни се, со одредени нарушувања и болести. За деца, значи за деца се препорачува да се користат со голема предострожност. А за бебиња никако. Антихолинергици не се даваат без дијагноза на своја рака.
Ако е на мајчино млеко до 7 дена може да не кака,нормална појава. И моето не беше какано 2-3 дена,па се израдувавме со татко му на прва кака дома Од 8ми ден се почнува со Д3, ако е на мајчино Д3+К1, ако е на адаптирано само Д3
Некоја мајка што користи babylove пелени? Од 3ка нагоре немаат линија од надвор? Или сме земале некое постаро пакување?
Овде ќе се сложам, нопар се лек, и се за некоја слична намена како спазмекс. Кај деца се даваат само по препорака од лекар.
Уф добро, да се опуштам малку. Значи д3 и к1 ми треба. Не ми е јасно само докториве ништо не спомнаа. Среќа ве има вас на форумов, иначе...
Јас се породив на ГАК и на картончето пишува а и сестрата на испис ми кажа. На 7ми ден на педијатар бевме и она исто ни кажа. Ама некогаш форумов вреди повеќе од 10 доктори
Не го облекуцм многу. Боди и пантолончиња исто како јас шти сум облелена. Ако е натуткан е кенкав се поти и ми качува температура.
И јас така го облекувам но гледам некој мајки ги облекуваат премногу па мислев јас да не грешам да не го облекувам малку...
Јас за дома му облекувам боди на кратки и блузичка,панталончиња и чорапки,или само боди на долги и панталончиња и чорапчиња.
Мајки гледам сте пишувале за спиење и облека во зимно време, мене ептен ми е страв со овие ќебенца, јоргани, и ги ставам под пазуви за да не може да се покрие, ама па раменцата не и студат?? Имам две вреќи за спиење, едната ежод Картерс е танка другата и е уште големка а и ако ја оставам само по вреќа ми е пак да не и студи... А јас магарица покриена со две ќебиња
Исто и јас,а ако панталончињата се со стапалки ни чорапи не облекувам. За надвор боди по долги,шпихозни,чорапи...наскоро и хулахопки. Ме изненади колку топли меканиот скафандер што го купивме,како пред радијатор да бил кога ќе го извадам од него
И ние тска се облекуваме, ама моево чудо од дете нон стоп е со ладни раце и нозе. Топлинки му облеков и пак исто. Туку ги бањате ли секој ден или преку еден?