Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. ☁сон☁

    ☁сон☁ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Панталончиња, боди по кратки и блузичка, или тенко џемперче додека да се затопли сабајле. Чорапчиња ми рече патронажната обавезно да сум облекувала, ама ако облечам панталони со стапалца, не и ставам чорапи.

    Преку еден ден. Со тоа што замивам ако се направи лом. И за тоа педијатар ми рече, кога ќе било поладно, и два пати неделно било доволно, ама редот си го фативме ние вака.
     
    На Dijana993 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    моето само си ги ваѓа рачињата над ќебе. му се свиткани во лактите и нагоре покрај главчето. И првото нејќеше цело да се покрие за разлика од мене,што не можам да заспијам ако не сум покриена со уши.

    Друго сакам да прашам. Читам низ темава плик ќебиња се користеле па и вреќички за спиење. Што мислите вие? Со првото користев ама не долго бидејќи на пролет се роди а веќе после годината нејќеше ни да чуе. Сега со второво мислам рано е,уште не се фатени студовите. Што мислите вие за вреќичките за спиење
     
    На Mia Fuentes му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dijana993

    Dijana993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште го немам ставено во вреќа за спиење мислам дека сеуште е рано а температурата во собата колку ви е?
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.234
    Пол:
    Женски
    Секој ден одмивање, двапати неделно бањање. Доволно е. Со секојдневно бањање се уништува заштитниот слој и се суши кожата.
     
    На LoveHope му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Мојата спие во вреќа уште пред 1 месец. Имам земено од тие со ногавици. Не ја покривам, само вреќичката засега. Со парно сме дома.
     
    На marchi-cool и Mia Fuentes им се допаѓа ова.
  6. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    И ние сме со вреќичките од Окаиди од пред недела дена. Со парно сме дома и топло ама го гасат кај 23.00, а креветчето и е до прозор па шубе ми беше, купив од најдебелките без ракави само. Супер мислам дека и е, сабајле ја вадам во 6 кога станува за доење и после само со ќебенце потенко ја покривам да не зоврива кога ќе рокнат парно.
     
    На Mia Fuentes му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    13.679
    Пол:
    Женски
    Нормално е да имаат ладни дланки и стапала немаат голема циркулација.
    Јас го бањам преку еден ден.

    Мене друго ме мачи. Можно е на бебе да му мирисаат нозете? Како таков некој мирис има на нозе.
    Д
    Му се потат многу инаку.
     
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    се од 20 до 23 исто мислам рано е за вреќиче ама па практично ми е и да прета не се открива.

    Туку да си ја прашам генерацијава моја. На овие 3 месечниве деца им се знае ли ред или ќе се тресеме? Мислам дека во првите 40 дена немавме вакви маки повеќе се знаеше повеќе се имаше ред... Сега... Два дена цица многу два дена ич два дена спие многу два дена ич два дена само лежи два дена само враце.... Просто да не знаеш дали е здрав дали е болен.
     
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.450
    Допаѓања:
    18.700
    Мами,тие што доите кои витамини ги пиете?
    Во бременост пиев Фемибион,се мислам дали пак тие да ги земам или има нешто подобро?
     
  10. ☁сон☁

    ☁сон☁ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Јас од сите во бременост имав проблеми со желудник. Со педијатарот уште на првата контрола зборев, рече и најобични детски да пијам е доволно. И од аптека ми препорачаа мултивитанол на др тајс. Детски се, ама има се што треба и за возрасен.
     
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.450
    Допаѓања:
    18.700
    Која цена се?
    Некако ноктиве на нозе ми се пожолтени,косава без сјај, сигурно и ми паѓа,само што не се чешлам секој ден (по дома,врзана во реп) па не приметувам, а сакам и да си го зачувам здравјето.

    Вчера од нигде никаде качив температура 37.6, се напив парацетамол па отиде и на 37.7, си помислив да не е нешто со градите,ама освен што беа топли,немав ни црвенило ни грутки. Па ставив зелка ги оладив, а во текот на ноќта падна температурата.
    Баш во тие моменти мали се раскенка,татко му поспан не може да го смири па морав да го земам јас. Затоа не ми требаат болести :)
     
    На ☁сон☁ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ☁сон☁

    ☁сон☁ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Мислам 100 и нешто денари, мм ги купуваше. Во упатството пишува 6 на ден да се земаат, мене педијатарот ми рече по две. А искрено некогаш заборавам и едно да се напијам.

    Кај мене се уште немам забележано екстремно паѓање на косата, а и ноктите ми се океј. Сега не знам дали уште ми е рано да почне да ми паѓа, или витаминиве влијаат.

    Качив и јас минатата недела температура, и сфатив дека мора колку што пазам на малата, барем пола од тоа да пазам на себе си, за да можам нормално да функционирам и да не се зезам со настинки. :)
     
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Добро,ви се случило ли бебушките да какаат почесто (5-6-7 пати) во денот ама количински малку. Од пред 2 недели ко ја примивме рота како да кака ама не кака. Претходно 2-3 пати убаво ќе се испразнеше сега некако безврска. Го преслеков пред 15-20 мин многу малку сега еве напна се искака пак многу малку. Згора на се раце во уста заби се на повидок. Ајде да поврзам заби со количина на кака ама ми нема логика
     
  14. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    1.506
    Пол:
    Женски

    И кај нас така, се мачиме со прткање и на крај пелената е извалкана само од прткањето, ретко кога е полна дали два пати во денот може убаво да се олесни.
    Некогаш само кога ќе го фатат грчеви па да му дадам пробиотик. Е тогаш пелената е квалитетно наполнета.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    првото ми беше со АД млеко и никогаш немаше период кога не пие или кога повеќе пие или кога повеќе кака или помалку . Затоа вака чудно ми е

    Уште нешто да си прашам. Дали при болка и раздразливост на заби можам да дадам парацетамол?
     
    Последна измена: 27 ноември 2019
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.545
    Допаѓања:
    184.443
    Пол:
    Женски
    Бебе е страшно нервозно. Рачињата со сета сила си ги тиска во уста, прстите ги шмока, жими се еден слој кожа им има извадено до сеа. :worried:
    Пика прсти во уста и додека цица, а мир нема ни додека спие. По цела ноќ прета во сон, рачињата нервозно си ги трие од лице и ги носи во уста, цела ноќ мир нема веќе со денови. И се јавив утрово на педијатарката и ми рече дефинитивно заби ја мачат и одтука анксиозноста. 3+ сме, зарем од сега толку нервоза за заби?
    Па кај ја снајде и ова баш во 4ти скок.. :sweat:
     
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    @Yowannty истите сме. И цело време е раздразливо немирно а мене страв ми е да не е нешто болен настинат. Час е весел час е нервозен заспива одеднаш станува одеднаш и ништо не ни се знае. За цицање кога цица кога не. Чаре ... Ќе намали на килажа. Бев денес на преглед кај педијатар ама заборавив да прашам дали можам да дадам парацетамол на ваква нервозна болка во забите. За глодарка се двоумам,тој цуцла не става а не па глодарка.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Внука ми од братучетка женско ќе речеш па од околу годинка и мирисаат ноџињата.
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dijana993

    Dijana993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Мајки малиот многу ми поти кога ќе јаде(на АД сме) кога ќе спие некаде читав дека ако нема доволно Д витамин потело бебето што мислете вие?
     
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    нема врска големото еве 6ипол има и цел живот од раѓање се поти. Не може 6ипол години да нема доволно витамин д