Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.068
    Допаѓања:
    108.865
    Пол:
    Женски
    @EvieBabe средувај си се женска колку сакаш , јас за време на бременост ставав гел на нокти , сега пред некој ден бев на фризер менував боја на коса :) прашав доктор за да се осигурам дека не е штетно

    Јас па друго да прашам. Мојава бебка станува 2 пати ноќе (понекогаш 3) за цицање. Ме праша педијатарот и се зачуди кога и реков два пати , ме праша колку трае доењето. И реков околу 20 минути. Да не треба да ја будам :^) тоа не прашав
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.450
    Допаѓања:
    18.700
    @koritsaki ако добро напредува нема потреба да се буди.

    Јас да ве прашам, крварев околу 10тина дена, 2 недели после пораѓај. После ми се цедеше по малце,па ден има ден нема, де кафеаво,де кремасто.
    Овие денови ми тече пак,не е за влошка,капки се во прашање,ама ме чуди беше кафено сега како темно црвено е.
    Се породив пред 50дена.
    Во понеделник имам закажано на гинеколог.
     
    На bela.m и koritsaki им се допаѓа ова.
  3. Dijana993

    Dijana993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    И кај мене беше истиот случај и бев на гинеколог ми кажа дека сеуште се чисти матката и ми даде некои апчиња за да добијам менструација со нив повеќе се крвари додека се исчисти матката тоа трае околу 7 дена
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    1.506
    Пол:
    Женски
    Мајки ние настинавме, како успеавме ни јас незнам. Секогаш сме излегувале само кога има сонце и не дува. Малку ни е црвено грлото ,градите се чисти, а леукоцитите покачени. Носето навидум е чисто, скоро ништо не излегува при влечење со аспиратор, а сепак навечер хрчка и денес почесто кивка.

    Педијатарот рече дека е обична настинка и дека ќе помине за кратко, да не му даваме уште одма антибиотик, само почесто аспирирање.

    Може ли нешто дома да превземам јас во врска со хрчкањето?
     
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    леле овој проблем со крчење од минатиот четврток го имаме.пишав тука сега пишав и во итно ми требаат совети

    Сета работа почна пред една недела. Четвртокот и петокот бебчо почна да се засркнува при цицање и кашлаше. Тие два дена почна да се слуша исто како да прави гаргара низ грлото. Мрсулчиња немаше дотогаш а јас па од тогаш почнав да го легнувам на меше и да го тапкам по грбче правејќи еден вид на дренажа на плуќата. И детето си продолжи да си поткашлува по малку и викендот. Вкупно 4 дена. Следам ситуација синко весел нормално спие нема тт си цица одвреме навреме ќе подискашла така продуктивно. Гледам тие дена во памперсот искакано лигаво тегаво... Викам шлајм е ќе искашла ќе се исчисти. Од понеделник до среда послабо кака послабо цица фаќа и грчеви кемка ама пак нема тт весел е и поткашлува. Капак на се е тоа што 10тина дена е нервозен за забите и се вуста става па сега ситуација ми се испомеша и ме фати паника. Дете пак нормално како секое бебе кемка се смее игра весело е Цицни пушти скок не фати заби исто сега и кашлица... И реков одам на лекар. Матичниот викат чиста плуќа има мрсулчиња не гледам не е сериозно нема ни тт. Гледа грлото вика црвено е ајде антибиотик. Витамин ц во вид на капки и спреј за нос и аспирирај. Што ќе аспирирам влечам ништо нема. Си викам нормално бебе штом плаче ќе зацрвени грло не зедов антибиотик. И сега од вчера до денес сум во недоумица дали да го земам антибиотикот или не. Вака според мене нема потреба,заби се грчеви повремено и грлото од тоа му се вжарува плус и не би антибиотик на 3 месечно бебе не е дотолку. Ама па ко ќе почне да кашла иако тоа е 2-3 пати во денот срце ми се кине и и си викам а ќе го земам и ќе дадам не можам да гледам се мачи. И веќе сериозно не знам кој пат да фатам оти не можам трезовно да размислувам во паника сум.

    Еве ја нашата состојба. Поминуваме со витамин ц капки.

    Успат да прашам Пико ц капките се даваат директно или растворени? На упатството пишуваше и на двата начини може
     
  6. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.397
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Скок + заби.. која комбинација :)
    Бебе ми се смени ептен.
    Нит преку ден ,нит преку ноќ спие. Кенкав е ,едвај цица,се во уста бута онака нервозно..
    И од гугање премина на некои пискави звуци,уши ме болат(lalala):D

    Навечер си спиеше со станување два пати да цица,а сега се буди на секој саат;(
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rainbowmama

    rainbowmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    Сите, па и докторката минатиот пат на контрола за жолтицата, ме советуваа да го стимулирам беби да се покака со стапче за уши натопено во кокосово или маслиново. И свеки запна денес, и ајде му брцнавме. Ништо малиов абер нема. Претпоставувам не е дека не може сам да се покака штом ова не успеа. Петти ден денес. Да чекам до седми па да го носам на лекар или?
    Btw, навикнете се на мене на темава. :D Имам безброј прашања а околу мене од "искусни" само свеки, што и не ми е баш поверлива. :drunk:
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.234
    Пол:
    Женски
    А имаше мака, се грчеше, се зацрвенуваше во лицето, се обидуваше ли на некој начин да се искака? Ако не, немало воопшто потреба од ставање стапче за уши во газето.
    Ако веќе мора, за следен пат земи микроклизма од аптека, побезбедно е. Со брцање сештотии, може белја да се направи.
     
    На rainbowmama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    по... Мене ми е ова второ,првото сама го изгледав имаше далеку повеќе плачки ама што знам ко полесно ми беше,сега бетер од оние што имаат првородено сум,така да за таа работа ич не се секирај.
    Околу твојот проблем мислам дека не е лошо консултации со педијатар. Колку е старо бебчо? Мене од детско одделение ми кажаа дека чајот од анасон придонесува за побрзо испразнување. Ако постаро од една недела би можела да даваш. Начинот на кој сакаш да го натераш да се испразни мене ми е малку... Шубе. Јас не сум практикувала така се ми било на што е можно поприроден начин
     
    На rainbowmama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Исто и кај мене. Крварење имав две недели, после до точно 40 дена така се цедеше потемен секрет. Ден после 40 дена немав ништо. Потоа ми се појави оскудно крварење од свежа крв. Пред испис ме гледаа на ехо, бев и кај матичната пред некое време. Се е ок. Се мислам дали може од дигање тешко да ми се има пак јавено крварење, случајно на тој начин да не сум испровоцирала нешто? Баш пред да ми се јаве пак крварење тој ден ја кревав спалната за да ставам нешто внатре. Се однесувам како да не сум се породила пред месец-ипол, дигам, се правам оти нели се јас сама можам. Ќе ми се удри од глава еден ден тоа: "Јас можам сама, јас сакам сама".....
     
  11. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Исти сме сите изгледа, јас со царски, со рез толкав породена пред два месеци, а уште од пред месец и кусур спалната ја кревам, количката ја кревам по скали, транспортерот сосе бебе внатре, сушара имам од оние на 5 нивоа, олово е кога е наредена со мокри алишта, сама ја кренав пред неколку недели да ја качам по скали, и којзнае уште што. Сѐ се плашам некоја кила да не ми излезе, не дај Боже нешто пострашно.
     
    На KuklickaSk и bela.m им се допаѓа ова.
  12. rainbowmama

    rainbowmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    @Annath Ма не, генерално не е плачлив, не гледам да има некаква мака, освен што испушта гасови од време на време. Мешето исто не е тврдо. Ич не ми се правеше тоа, ама и докторката предложи, и свеки напна, и бидна.
    @marchi-cool Десет дена е малото. Чајот за доилки што го пијам е со анасон, мислиш вака не е доволно преку млеко?
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.234
    Пол:
    Женски
    Штом си цица, значи млекото максимално се искористува ако не кака, нема што да исфрли. Ќе си фати ред, не се секирај.
     
    На rainbowmama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    јас па му давав на бебчо од шише да пие. Било подобро и среќа што е дозволено
     
    На rainbowmama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.450
    Допаѓања:
    18.700
    Исто и јас..дигам тешко и масите по дома и бебе со транспортер,количка...и се останато..ќе видам што ќе каже во понеделник
     
  16. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    2.161
    Пол:
    Женски
    Здраво убави женски, ме интересира по што се водите кога почнувате со цврста храна односно кашички? Нас ни е уште рано ама гледам сите различно кажуваат и се нервирам, кој е вистинскиот начин... Во бебе готвач е едно, имам една книга Готвач за бебиња таму од почеток вели да се почне со житарици а јас мислев покасно се тие. Ќе пребарам по темите и многу ни е рано ама сакам да сум спремна, и правилно да почнам. Свеки и бабите кажуваат се и сешто па сакам да знам стручно што и како се препорачува.
    Еве ја имам оваа книга ама ме чуди веднаш дава рецепт за кашичка од банана и портокал :^)
    15749717624954508763246139473736.jpg
     
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    со првото почнав на неполнинр месеци беше на АД млеко и последно веќе не пиеше едвај 3-4 пати во 24 часа. Почнав со јаболко банана морков круша.... Сега имам една листа симната од интернет пишува дека се почнува со ориз и оризова вода други житарки не. Потоа овошја. Сега планирам од 4ипол-5 месец да пробам со сокчиња инаку на доење сме. па веќе од 5ипол натака кашички. Ама сепак ќе разгледам повеќе информации па ќе размислам. Не сакам да чекам 6 месеци според мене е касно ама па може и 4 месеци рано е. Сепак на доење сме.
     
    На Mia Fuentes му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ☁сон☁

    ☁сон☁ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Деновиве имаме нова мода. Цицнува 2-3 минути и не постои жива сила што ќе ја разбуди за да продолжи. Ама после тоа знае и 3, 3 и пол саати да спие. Би требало да е најадена? Ви прават ли и вас вака и ги будите ли ?
     
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.322
    Допаѓања:
    28.112
  20. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Дечки, очајно ми треба помош, совет, мислење... Цуцево си нанка онака нормално по цел ден, а навечер, штом ја заспиеме во корпата во количка во дневна, ја легнуваме во креветчето во спална и си тера 3-4 саати. Проблемот настанува кога ќе почне да кенка за цицање; пред некое време сфатив дека ако ја нацицам лежечки без да ја расонам, одма продолжува да спие уште 3 саати, па ја легнувам до мене, цица и заспива одма. Ја чекам малку да се утврдне и ја враќам во креветче (цел живот мрчев дека бебе ќе си спие во креветче, не на спална со нас) АМА штом ја легнам таму, се буди :( Упорна сум, давам цуце, ш'шкам,, пуштам фен на телефон, заспивам над креветче потпрена по 30-40 мин некогаш - НЕ САКА да заспие (дури и да спие, тоа е онака немирно како на раб на будење, испушта чудни звуци, мавта со раце со нозе) :( На крај желна за сон ќе ја легнам до мене на спална, минута цице и бебе заспива топ, а јас стисната во сендвич меѓу неа и мм, пази да не ја удриш, ќе ја забарикадирам и спијам како на трње веќе недела-две.

    Жива ненаспана сум, ми фали простор, не дека сум мн голема ама сакам бе да легнам ко човек без да се тресам да не ја повредам. Како да ја натерам да спие во креветче, каде грешам?