на две места бев двата доктори рекоа грло заби и меше плус и брис и кс правев а колку време трае ова тешково? Оти верувај и мене ќе ме прати во болница. Час весело час неутрално час спие и се останато рика. Стварно мислам да не му е нешто. Башка и цицањето сведено на минимум. Ама па чудно во тежина напредува без проблем.
Читапот вика трае месец дена. Ко преживи причаче Ние само навечер цицаме,преку ден нит мокри пелени ,нит цицка сака да види.
исто. Па и кака слабо. Навечер 2-3 пати преку ден ич. Леле за тој еден месец ќе поцркам јас до 20та недела беше така?
Моево за 10 дена прави 2 месеци,исто деновиве приметив потечна кака, како водеста, а денес баш приметив,какаше сабајле во 5 па во 17ч. Инаку на доење сме. Тони Талески во Н. Лисиче. Ама тешко и кај него за термин,јас пред месец дена закажав за 18ти декември.
Ја добивме на поклон од Анаконда од пластичарска . Мек танок плиш е материјалот со плишанки играчки. Ја користиме одкако направивме месец и половина дека тогаш ја добивме , ако сме ја имале порано и претходно би ја користеле.
Ја видов сликава и ми разбуди некои интересни емоциии, немам претстава како изгледа, ама суигурна сум дека и на вас ќе ви измами насмевка на лицето, иако ви е познато ова.
Ние ја имаме оваа, ужива кога ќе ја легнам на меше, ама уште не ја оставам многу долго. Има неколку различни тропалки на неа, а мојава знае пчелкава и како перниче да ја искористи, па да си заспие Имам и како втората ама таа ми е како за поголемко, зашто играчките висат од горе, ќе почекам барем до кај 3-4 месеци.
До 19.5. Ајде ќе помине. @Sofi.ja Ние имаме таква со играчки што висат ,и почна дури сега да му е интересна на 3+ зошто може да фаќа.Утепуваме по некое време во текот на денот. Кога беше помал плачеше не ја сакаше,иако пишува дека е 0+.
фала на утехата ајде од понеделник сме според термин 16 та полна недела. Што се 3 недели... Околу 25 дена... Таман барем за нова година ќе се смири
Мами пoлудев ми треба сoн.. Бебе тoталнo смени пoследнава недела. Гo преспива цел ден, буквалнo немoжеш да jа разбудиш дo тoлку тешкo и слаткo си спие.. Се разбира се буди за jадење, нo oд 21:00 некаде се активира и тoа трае дo 04 наутрo...плаче, гуга, се смее....а мене главата ми паѓа. Еве денес шетавме на чист вoздух, jа држевме сo мм да не спие...нo се активираше вo 21 часoт и забавата уште трае..Некoj сoвет какo да смениме??? 1 месец и 3 недели имаме...
Здраво...пробај секоја вечер да ги правите истите работи..бањање пеење цицање во затемнета соба..преку ден нека биде светло..пушти музика...јас со бебе така успеав за да разликуваме ден и ноќ,,,е сега навечер легнува во 9 наутро во 6 е буден еднаш станува за цицање.....ние сме3+ а и во скок овие денови преку ден едвај 1 саат спие се му е интересно се сака да види и цел ден сме скоро во количка дома му објаснувам како се води домаќинствопоздрав не се секирај ќе смени малечко е сеуште
Исто и ние. Преку ден светло музика галама. Бањање навечер кај 9 облекување средување пиење млекце во затњмната просторија со мала светлина и во 21:30 сме заспани. Навечер стануваме 2 пати и спиеме до сабајле ние за 2 недели ќе правиме 2 месеца
@Sofi.ja вакво и јас сакам да купам јас го меркам ова на Лорели бертони , дали го има во Мк ме интересира и која е цената ако некоја од вас знае да ми каже да споредам со цениве во Грција. Мојата беба е 2 месеца и над релаксаторот има вакви играчки слични што висат ама уште не се интересира за нив. Сигурно ќе е рано сега за оваа играчка
Баш на Лорели не сум го сретнала,а слични вакви има еден куп. Ми се допаѓа што пијаното се вади па ќе може после да си игра со него. Моево почна да ги следи со поглед авиончињата на вртелешката,па си реков кај и да е да му купиме подлога да му биде интересно по дома
Врзи ја обавезно. Мене ми падна малото од релаксатор. Отидов до тоалет да фрлам пелена, се враќам ја нема а се нише релаксаторот. Кога гледам она на теписонот легната гњури, нозе ми се пресекоа од тогаш врзана само. Сеуште се чудам како искочила од него модрица имаше на гзот на коската
Мамички пиеме Д3 и омега башка ама матичниот педијатар ми рече и покрај Д3 да давам по 3 капки Вигантол ми рече дека е пред време роден и за тоа му требало плус витамин Д. Си викам да не му е многу па... Ни дадоа и плус Пиковит Мултивитамин за имунитет да не стане анемичен зошто во бременоста јас сум примала крв