денеска воведовме круша една лажичка ,4+ сме иначе ,на друго место по телото нема само овде на брадичката и на обравчето ,можно ли е да е од крушата или од што се лигави и што става раце во уста ?
Сега се прскани крушите, ако си дала свежа може да е од тоа, на мојата пред некоја ден и се појави вака, а не е алергична на круша. Ако си дала од тегле, утре пробај чепни многу малку од крушата дали ќе зацрвени местото. Проверувај по цело тело на неколку часа, чисто да бидеш мирна.
Од тегла дадов ,го проверувам цел ден не појави на друго место,ако не утре да прескокнеме да дадам задутре пак за да видам дали е до тоа
Најди на фб, лотус. Има модели моментално на попуст еден е 600,друг 700. Јас го имам тој од 700ден бебе го сака, за разлика од релаксаторот кој што го земавме 8пати поскапо од ова Со коса и јас имам голем проблем. Некоја ако нашла чаре нека сподели.
Мајки неможам да спијам. Бебе вечерва си какаше нормално и земам да гонпресоблечам кога внатре црни точки во каката. Друго се нормално... Што може да биде? Многу се плашам... 5+ е
Од денес полнуваме со храна, го дојам. Вчера јадев баничка со спањаќ па да не е од тоа... Ама сум јадела и мн пати до сега немало ништо... Матичен вика види како ќе биде денес а јас се мислам ако му воведам храна да не направам полошо.. Нормално е расположен инаку, а јас умирам од стравови. Јас мислам да не му е мрсулчиња имаше и му прснав солен раствор сма не му ги извадив, а мм вели лапнал нешто... Абре полудев
Денес почнавме со морковче. Мајка ми вели од спањаќот и марулата му е, железо демек. Сабајлево беше малку какнат и немаше ништо. Се надевам дека се е во ред
Јас користам Алпецин шампон и тоник за после миење Алпецин исто, го ставаш на скалпот на целата коса и после нанесувањето се чувствува лад на главата. Многу помалце ми паѓа, а претходно бев хаос цели прамени паѓаа. Цената на тоникот е 540 а на шампонот околу 450 ги земав од Еурофарм.
Зарем не си бара бебето? И моето е тука некаде со возраст,цица,а некогаш се одмолзувам таа количина,па на 2ипол,3 часа си бара,без оглед дали од шише или од цице си јадел.
Абе си бараат и двајцата, лакоми се многу, па си мислам да не ги прејадам, да не им е многу. Како навиени се, на три часа бараат. На кутивката пишува таа количина во 6 оброци да им ја давам, тоа излегува на 4 часа, а моиве бараат порано. Затоа сакав консултација.
Денес бев на прва контрола по породување, ама заборавив да прашам дали смеам да вежбам? Инаку се беше ок со матката,ми зема и пап. Скоро 2 месеци од породување.
Природно после 3 месеци. Цезареа после 3 месеци кардио а после 6 тежински тренинзи. П. С. СКРОЗ Не заборај у 40ка
Генерацио како сте ? Ние си имавме фатено едно редче, бебе насмеано расположено ... милина. Денес плаче многу често, само во раце, не спие ... незнам што се случи, се надевам период и брзо ке пројде. На се ова плус и настинати, затнато носе и коњуктивит во поминување на едното окце. Нека поминува побрзо оти скренав