Тобрекс капки ставаме, од нив му поминува. Во право е @Annath ако се работи за непроодно каналче исто личи на коњуктивит кое треба да се отвори до 6 месец. Со првото детенце имавме таква ситуација, окцето го чистевме со газа и физиолошки, до крај на 2 месец се среди.
Какви ви се бебушите, смирени или темпераментни?? Мојата е 5 месеци и само вика, се смеј, кога е легната се врти, клоца, ама многу многу вика тс се дери така подолго, ќе си фати ритам и се тера, чат пат и менува тон пониско повисоко ААааааАААаАаааАААА... ако ме сфати некоја Ме интересира има ли слични ко бебка моја?? Другарки со машки бебиња ми велат нивните не биле такви... Не викале така.
Mojata bas taka piska od nikaden nekaden ke pocne aaaAaAaaaAAAAaaa A predhodno moze kenkala pa ke piska so aaaaa pa pak kenka. I na sekunda kp navienz aaa... aaa ...aaaa u kenkanje glavata tapan
Добро како да го убедам малово да цица? Значи се сака да прави, освен да цица. Баш тогаш гуга, се смее, гледа. Цицање не дај боже. И кога фаќа, со тешки маки нормално, сака да лежи меше на меше и главчето му е исправено и така цицнува два три пати. После движи лево десно со цел разгледување и мисли цицкава со него ќе иде у движење. И почнува да плаче "леле зашо не можам да цицам у движење". Значи не јаде бебе. Епа кај го има ова, живци искинав.
Моево машко, скоро 4 месеци, не се врти сеуште но за викање, вика исто како што опиша ти и тоа кога е свеж наспан најмногу смешки е. На гости не вика, само по дома. Да не е за урок, нека си вика, искажува емоции така, исто како плачење.
Мајки кога чистите носе со аспираторче има ли плачки кај вас? Мислам цела куќа во вис ја креваме. Оддалеку сеќава дека се спремам за тоа , на секое легнување на кревет заплакува од што мисли дека ќе вадиме мрсулчиња. Веќе една недела како бевме на лекар , рекоа настинка е , последниве денови почнаа повеќе да излеваат. Нели треба да се намали секретот со аспирирањето? На колкав временски период можам да аспирирам, досега тоа го правам 3 до 4 пати во денот зависи по потребата.
Буквалнo истиoт прoблем ни преку ден спие асалнo ни навечер, мoетo бебе спие самo гoсти кoга имаме тoгаш немoжеш да jа разбудиш (кoга некoj има да ти пoмoгме и да jа пoзанимава). Синoќа пак истo дojде 2 jа нишкам спушти jа вo креветче плаче, сфатив дека се штрека сo раце. Jа пoвив сo една тетра да немoже тoлку да ги мрда рацете. И еве не наспани 6 часа врза незнам дали е дo тoа ама вечер пак
Јас и имам постелено ќебенце во креветчето, зашто сфатив дека се буди кога ќе ја осети ладната постелнина. И преку ден ако ја легнувам во количка или во гнездо, исто. И си продолжува без проблем.
@Larahappy Да, тетра е супер идеја дур е помалечко. Бебињата често се штрецнуваат во спиење кога не допираат ништо со рачињата и многу помирно спијат кога се на меше. Ама мене ми беше страв и никогаш не ја ставив така да спие, освен на мене. Пишував јас за тетрата пред некое време овде дека педијатар така ме советуваше, исто и ако е вознемирена и плаче, а сите останати причини за тоа се исклучени како валкана пелена, цицање, температура, а бебе е уште вознемирено да се повие, тоа го потсетува дека било стегнато во матката и му дава чувство на сигурност. Софија погоре спомна ќебе ама тоа е претешко за бебе, ја во тенка тетра ја ролав и не многу стегната да не се поти. Плус мојава е долго бебе па нозете и преткаа надвор. Ама успеваше тогаш за тогаш. @☁️сон☁️ И имам убава тенка памучна фланелка постлано ама џабе е се сега. 4ти скок, регресија на спиење и заби во исто време, од сите страни е сардисана. Барам чаре, ама си прифатив како стојат работите и дека е период, па ќе стиснам заби неделиве што останаа. Иначе од новости почна да држи глодалки и да глода и тропалки па и нив пробува да ги “изеде”. Ги шмока гласно и со сласт. Страшно ја мачат забите, дури и во сон нервозно си става рачиња во уста. Купив гелче на фризи дерм ама ми се чини исто како ништо да не сум намачкала. Цуцли уште нејќе, ама имав неколку нови, ги отворив и стерилизирав и ги стаив во фриз, денеска ќе бидам поупорна и со надеж дека ќе и биде малку полесно од нив. Сменив био гаја, и новиов пробиотик за сега не и праи проблем. Кака еднаш на ден до два пати, ама приметив кога давам пробиотик скоро секоја пелена е какана, па сега не знам што е подобро, да давам за да кака или да не давам..
Машала и ние сме така малце пoдoлги, вo нoзе се ни е краткo. Jа какo кукли кoга виткавме така jа пoвив чистo раце да немoже да мрда.[/QUOTE]
Исто е и кај нас, едвај успевам да и исчистам носе, дерење на најјако. Јас се обидувам да аспирирам секогаш кога гледам дека има потреба, не гледам колку пати е во ден, ама ти викам, се обидувам
Тече носето, затоа аспирирате? Ако не тече, нема потреба од аспиратор. Тргнете од себе - вие постојано го дувате носот, секој ден по неколку пати дури и кога не ви тече?
Премногу хрчи ако не аспирираме. Бевме на лекар рекоа настинка , грло зацрвенето , градите чисти , но да аспирираме да не се спушти надоле. Денес или утре ќе одиме на контрола па ќе видиме што ќе кажат.
@Lianna Anna Мила ако сте околу 4ти месец значи нормално е да е таква бебка. И мојата беше такава и уште е ама поретко. Ние сме 5 месеци сега. Значи кога ќе ја ставиш да цица, ќе земиш, ќе се покриеш со марама за цицање или нешто како прекривка (со што ја покриваш бебка) и така ќе цица без да се гледа лево десно, плус да си во тивка соба, да не чука никој, ни да влегува за да не крцка вратата. Пробај вака. И биди упорна најбитно Еднаш, два пати, ќе се обидваш, ќе почни да цица. 4ти месец е малку критичен вака кога прават и лактација на млекото, се намалува, па ко ќе цица поќе се зголемува, треба да се прилагодиш. Некогаш измолзувај се. Мој совет е ова, од искуство @PoisonGirl Аспирирање значи доколку има потреба. И прво му ставате капки во носето, па по 5мин аспирирање. Така побрзо излегуваат. Ама не секој ден, само доколку има потреба. И можи да, 3 4 пати во денот ако има поголем и постојан секрет. А за вадење, значи се приближуваш со аспираторот ама со пеење и него го ставаш како играчка, ја ѕупнуваш во раче во ноџе како демек си играш и потоа ја фаќаш во носе. Јас така со мојата. Пробај и ти