Мајки вакво нешто знаете што може да биде? Само на една страна на челото како лушпи и црвенило, веќе три дена, а вчера на капење приметив ситни точкички само на едно место на мешето. Дали е ова дерматит или ништо посебно само сува кожа? Поздрав и фала
Имаме проблем со дневните дремки. Бебе заспива 2 (ретко 3) пати во денот само по 15-20 мин, 30 до 40 мин е рекорд. Пробав и да е потивко и во друга соба, џабе е се подолго од ова не спие. Навечер од 9:30 додека цица и се убеди поцврсто да заспие доаѓа 11часот. Се буди на 2,3 понекогаш 4 часа за цицање и така се до 8 наутро. 2 ипол месеци е. Мислам дека тоа е малку спиење за 24часа. Совет
Бевме на контрола. Бебе 2 месеци и 1 ден тежи 5670, за 1 месец се поправил 1300г, а од раѓање пораснал 9см. Го пофали докторката, рече сега повеќе вежби да правиме, да лежи на стомак а ние пред него со играчки да тропаме да ја крева главата,да ја врти лево десно,а ќе се обидел и некои играчки да ги дофати. Рачињата му се нон стоп во тупаница, да му ги отвараме. Бањање не мора секој ден, кожата му била добра. За лушпите на глава ми рече да намокрам убаво на бањање,со нокти да погребам па после на сува коса да намачкам масло. За шлајмот во каката рече е нормална појава,се чисти, викам друг пат ако видам да дојдеме,рече нема потреба. Ни препиша Вигантол,по една капка на ден. За 10 дена да направиме крвна слика,ако е се ок ќе не прати на вакцина за Рота вирус. Да почнеме да му го отвараме курето на бањање и да ставаме по една капка кантарионово масло. За лице може да мачкаме крема, читав Мустела колд ја фалат, па предложете и вие За надвор рече и -20 да е ако е добро облечен и ако не е загадено да шетаме ,и детето сакало свеж воздух. Да се надоврзам за фаќањето ред. Ние немаме некој ред. Од раѓање навака ноќе заспива околу 11, 12, се буди на 3-4 саати за цицање и накај 11 наутро станува. Некогаш се буди после 5 часа спиење. Има денови и кога на секој саат си пее. Во текот на денот си преспива уште 3-4 пати. Некогаш дремката му е 20мин ,некогаш 1 час, некогаш 2 часа. Го будевме дење зошто мислевме нема да спие ноќе. Прво не можевме да го разбудиме,а после сфативме дека и да спие дење пак ќе си ја преспие ноќта. Некој пиша за фаќање ред и рутина, бањање,миење заби облекување пижами. Се ова важи за поголемо бебе-дете. Нели не се препорачува секој ден бањање? Од кога миете заби на бебиња,од прво забче? Некое вади на 8 месеци Облекување пижами исто важи за поголемо, не верувам дека на бебињата им мењате облека,секако по дома се во облека налик пижами.
Ако напредува убаво, полни пелени, и кога не спие денски ако е расположена, немате проблем. Очигледно толку и е доволно за сега, бебињата често менуваат. Е ако е нерасположено, раздразливо и нервозно, или поспано мој совет е да си пробуваш различни начини да поспива повеќе, макар и само во раце. Секако се работи за периоди оти кога скоковите ќе мавнат се живо се менува. @Sofi.ja прв пат слушам за отворање на рачето ако е во тупаница, ти кажа зошто така треба? За забите и мене ме интересира од кога треба да се почне. За облека, имам неколку пара шпикозни тенки и премеки и кога почна да поврзува по 7 часа ноќе тие и ги заоблакав оти беа поголемки и нови, и сега додуша уште ги носи навечер. Други шпикозни имав за преку ден, малку подебелки кои ми се чини преку ноќ ги одрасна сите и останав без ич. Додуша точни и се, ама јас сакам да и се малку поголеми за да не и се престегнуваат многу кај прстињата на нозете кога ја држиме во раце. Па шопинг е во план. Ја имам мустела за сува кожа со која ја мачкам пред секое излагање надвор. И одговара.
Дај бе 4 скок нека заврши Бебе сака само до него да сум. Ако осети ме нема 30секунди одма пишти И мноогу внимание бара. Само нешто да му тропам,чукам да му ги држам играчките. И гугањето го замени со гласни звуци само "аааааа" "оооооо" "еееее" по цел ден тоа го вика,ама е толку гласен,чиниш дете од 3 години се дере Сабајле се разбуди во 4 ,и реши муавет да си прави Барем не прави веќе проблем за цицање. И така... ваљда ќе преживеам.
Сега веќе требало да ги отвара овој период,да се опушти бил стегнат и да не му се потат. Исто и кажавжме дека почна да ги става во уста,рече ако така осознава не му ги вадете...
Пред некое време во темиве многу го фалеа на Мустела некое средство за теменица; крема ли беше, масло ли, шампон ли ама демек од една две употреби се средувале лушпите. Пробај баш. Побарај во Зегин Мустела за теменица. А ви кажа ли по колку време да го оставате на меше? Нас на последна контрола ни рече и по саат време ако сака ама нашево нејќе повеќе од 5-6 минути на стомак А мн е жилава, дига глава, се крева, но едноставно не сака да е долго на меше. А од што може да и солзи окцето денес? Само едното. Нема нешто видливо вака црвенило или нешто гуралки, ама баш солзички и течат повремено и цело време како водлесто. Можно ли е што ставав синоќа млеко за тело па денес што ми лежеше на рака дур ја доев? Првпат ставам на цели раце откако е родена и тотално изумив. Ама па ставив и на другата рака, а другото око не и солзи, па не ќе да е тоа... Што може да е?
Вака си е весел, ја се трудм да го успијам а он се смее му се игра. напредува добро, го пратам кога има знаци за спиење ќе дремне 5 мин и се буди невероватно свеж а јас паѓам у несвест. Се надевам ќе смени малце
нема уште многу ајде ќе издржиме. Јас мислам дека се се издржува ама плачење и вриштење не,мене тоа најмногу ме прави нервозна
Мајки, 11 недела е ќерка ми. Кога се скоковите, може некоја да прати слика? Веќе 3 дена како друго бебе е, голема промена има. Само плачи и не спие воопшто.
Тогаш немаш проблем. Баткото си знае што и колку му треба. Играј го, следи што го интересира и во што насочува фокус и тоа повторувајте го. Ќе смени. Менуваат цело време. За паѓање во несвест што да кажам.. Ме утепа скоков. Денски само во раце спие, ако не ја чувам во раце не спие воопшто. Ноќе секој саат ја земам да се смири. Еве решив ќе ја изморам вечерва, а гледам и се спиеше, си велам да поврзе бар некој час вечерва. Конечно ја земав на доење и заспа и таман во себе си велам уште 10 мин. па ќе ја легнам, кога таа се разбуди, се смее и е полна енергија. Па почнав и ја да се смеам... што да праам. Еве ја до мене, гуга и се превртува на кревет. Ништо од планираното спиење и вечерва. Како и да е, сите кога сме останале трудни сме знаеле што не чека. Тука сме да се бодриме.
Вика денес 5 мин,утре 10 и се така ама не кажа максимум. И нашево исто 2мин на меше и одма се нервира,не го интетесира ништо. А на нас на гради кога ќе го ставиме со меше ја дига главата како желче нејќе да се потпре на нас
Мајки, бебињата ваши колку пати на ден какаат? Почесто какаше ќерка ми , сега овие 2 дена по два пати на ден кака само , а пелените тежат од мочки на 17ти ќе правиме 3 месеца.
Зависи и твоето колку се родило Вака не изгледа на дебело бебе,да речеш буцко со обравчиња. Можеби е долг за возраста па затоа не изгледа "дебело"? 62 см на 2 месеци, не знам како е просекот.
Pojma neam src kako e prosekot. Ama masala ko so si pisala jas se izraduvav.. da ne me svatis pogreska deka demek pisam deka e premnogu Malata se rodi 2510 izlegovme so 2460.. i eve skoro 5ipol meseci e na posleden pregled odpred nedela bese 5500 . Zivoi zdravi da se site. Koe poveke koe pomalku
@Sofi.ja на горна граница е според висината ќерка ми во ноември кога ја мереа 60см беше и педијатаров ми рече високо бебе. Според графата во книшката е на најгорна точка, така изгледа според висината. За килажата е негде во нормала моево , на 2м беше 4890. Сега ќе видиме во вторник Инаку женски кажете што е ова? Го приметив сега сабајлево позади увцето , на пресекот, кога ќе го фатам е суво , што да ставам ми е страв да не се инфицира