Имаше и кај моето баш вакво, на бањање со мокра тетра пелена го поминав и излезе. Сега на секое бањање убаво поминувам таму и не се појавило пак.
И ти палче си имаш. Мојата се роди 2520гр 45 см. Дома заминавме со 2400. Сега е 3 месеци и 3 недели и тежи 5450гр 57 см. Вчера бевме на контрола др рече одлични сме биле. Бебе како по книга. @Мариаа. Кажувај. . 16 недела по термин ,17 од пораѓај, немаме никакви симптоми за скок. Да се радувам или да чекам громче допрва. Си цица најнормално, спие повеќе од обично преку ден по 4-5 пати по 1-2 саати, а ноќе од 20:00-8:00 со едно станување кај 2:00-3:00 часот. @Magic13 повели слика @Yowannty изгледа првите бебиња се такви душа вадат. Ме потсети на синко кој спиеше во континуитет по 15 мин па се будеше за смеење и гугање. @koritsaki како ќе расте ќе има помалку т. е. поретко какање. Може и по неколку дена да не Кака. Ако е на доење ништо страшно. Мојата Кака 1 во ден. , @kitty.m колкаво е бебето. И јас мислам нормално е малку да спие. Кога порасна синко со дремки од по 15-30 мин цели 4 год сите ќе пораснат. Затоа пак оваа е шампион по спиење и мирност.
Глупо едно прашање сега, нема ни тема за ваква работа, ама овде сме најтазе мајки, па ќе прашам. Неколку туширања по ред приметувам дека речиси немам влакненца под мишка, онака трчи трчи по некое тенко искривено. Инаку сум со темен тен и коса, не сум нешто по тело особено влакнеста ама нормално под мишка до сега, главава трмка полна коса, на нозе нормално. Дали е нешто хормонски, дали дека по 10 пати дневно доење па притиснати рацете до тело не можат влакната да излезат како зимно време на нозе ако носиш често хулахопки/хеланки... Има некоја друга приметено нешто вакво?
Од хормоните е. Сигурно исто ти било и во бременоста. Јас не сум нешто влакнеста, и тие што ги имам се светли, во бременоста немав влакна освен косата. После породувањето со второто, после некои 3-4 месеци пак се врати на старо. Кога ќе се средат твоите хормони, тогаш ќе се среди и ова. А не ти требаат влакната верувај
Луѓе гром ме мана од овај четврт скок... Живи ненаспани сме дома сите. Од бебе кое станува еднаш во ноќ, сега стана тинејџер кој никако не заспива. Море од плачење сношти заспа, од умор веќе. Ништо не помага, налет тоа што не сака да заспие (а трие очиња, и се спие) туку и вика, плаче на цел глас. И денски почна да не дремнува. Уште 8 дена Давајте совет, како да и ги вратам старите навики, сме имале бајче бебе, не сме знаеле
Каде ја има табелата да ја видам? Мојов е 45 дена 64 cm, 6300. Ни рекоа да давам еднаш чај место подој, ама мислам дека нема потреба од чај зошто само цица и е високо бебе.
Дај боже да не удри громче. Ама по термин наредната недела е критична Денови,саати,минути броиме Јас таман реков толку 4ти скок му се гледа крајот,и гром ме удри. Громиште
Исто и јас приметив намалување на влакната насекаде низ тело, споро растат и проретчени се,а под мишка тенки и светли
И моето е само на доење , не и давам ништо друго , на 17ти ќе правиме 3 месеци 60см беше минатиот месец , сега ќе видиме. Се водам според табелава. Од здравствената книшка е превземена
Ние изгледа го фаќаме вториот скок... Навечер сама си заспива во креветче, исто и кога ќе се разбуди за цицање преку ноќ. Кога ќе се разбуди си се "муабети" со цртежите до кревет. Ама се раздени ли, не заспива нигде освен кај мене во раце. На секој обид да ја легнам, во креветче, количка, транспортер, завршува со врескање и пак на раце заспива. И кога се буди преку ден, се буди плачејќи. Има ли некое чаре, финта, нешто, како да си се врати на старо и да си спие и преку ден во креветче? Инаку утре прави 2 месеци.
Моето 2740 се роди. Сега е 5500 на два и пол месеци. Јас се плашев дека немам млеко, ама сум имала и тоа вишок
И ние сме вo oвoj скoк. Дo 5 утрoвo на секoе ставање вo креветче рипаше и пак се заспиваме oд пoчетoк.... Преку ден истo цел ден се мачиме, дали сепак да jа oставам вo раце да пoспие ?? Неjќам да и ствoрам навика
Јас може грешка правам, ама ја оставам во раце барем еднаш да се наспие, инаку ќе биде плачки цело време... Ама еве денес тоа еднаш, стана спиење од три и пол саати. И си седам и размислувам што се можев да направам за тоа време, или барем да се наспијам и јас.
И ние сме во овој фамозен 4ти скок. Преку ден му се спие вика како да го тепа некој , го ставам на нозе го занишкувам два три пати и он е заспан. Навечер ми се буди на секои два саати. А колку само убаво си врзуваше по 4-5 саати. Тогаш градите ме болеа од што ми беа преполни , прескокнуваше еден два подои , а сега ме болат мислам од премногу цицање. Преку ден се случува и на саат и половина да плаче за јадење. Туку сеуште не мачат грчеви, ставам топла пеленка и Бекутан чајот од анасон го заменив со Плантекс. Грчевите овие денови значително му се поднамалени. Штом испие 40-50 грама од чајот за саат два ќе си се искака. Досега сме имале жолтеникави каки , некогаш кога имаме грчеви биле и зеленкадти, но денес беа темно кафеави. Од што може да се смени бојата дотолку? Дали можеби чајчево му е јако или што друго?
@Adams и ние сме 8 недели, има некои благи промени, поизразени кај едното бебе, ама сепак мислам дека од краен термин се сметаат скоковите. Како и да е, брзо стабилизитајте се
Не можам да ја видам убаво табелата за скокови. 13 недела и овие 2 дена е некако ќенкав и не спие. Се повампирил скроз. Уште па и вакцини доби денес а искрено не знам дали сакав - уште е мрсулав и кашла. Ми се чини дека е скок затоа што е баш интензивно доење деновиве. И ќе да е баш оној фамозен скок на 3 месеци. Пак почнаа да ми течат градите од добро седење ама па 2 дена од цицка не е симнат. А претходно пак некако слабо цицаше. Дали дека затнат со шлајм, па мака имаше да диши и да цица... Не знам. Во целата борба со килажа и што не, најдов супер апликација во која внесувате податоци и исцртува крива на график со веќе постоечки криви. И тоа има према СЗО, СЗО за предвремено родени, коригирана старост кај предвремено родени... Друго не знам што сакав да кажам, освен што се чудам како е можно толку мало човече толку долго да е будно. И дека сум преморена. Би заспала сега едно 2 дена да спијам без престан.
Ооооо како би заспала Онака од сега во 22.00 до утре до 10.00. Немам сврзано повеќе од 4 саати откако е родена... А кога сме веќе кај ова, постои ли некој начин да се зголеми растојание меѓу ноќни подои? Малку по малку некако, бар до 4-5 часа да се стигне. Или кој како затерал од старт, таква навика створил...
ja go pofaliv mojot deka vrzuva po 4-5 saata, eve go nokva sekoj 2 saata e buden. ne znam kako resavaat majkive za 2 dete. mislam deka nikad nema da se resam bas radi ovaa nenaspanist.Taman si zaspal, se javuva sirena. Rasonet dur zaspies, se javuva pak... Of edvaj cekam da spie po poveke.