Нормално е Корицаки. Столицата ќе се намалува. Мојава кака еднаш до 2 пати на ден. Ирис имаше нешто слично позади увото. Беа типични корчиња, суви. Исто и беше сува кожата во линија под пазувите и во пресеците кај дланките и стапалата. После бањање ќе омекнеше и јас ќе го тргнев, ама се појавуваше секогаш од ново. По совет на педијатар престанав да ја користам козметиката која до тогаш ја користев и ми даде Атопрел на фризи. И веќе не се појави. @bela.m @Adams скоковите се сметаат од термин, ама исто не се прецизни па може да почнат недела до 2 пред или после, сметајќи го датумот на терминот. На пример, моето бебе влегува во скок точно една недела порано.
Мајка не си самааа ако ти е тоа за утеха,и ние сме еве 3 месеци и една недела.. детето се смена наеднаш ,синоќа заспа дури во 1 вечерта,а пред тоа си легнуваше во 8... после 5 сати кемкање... па неќе да цица.. неќе да спие во креветче .. хаос.. нека се живи и здрави а ние ќе издржиме
Абе пак сум оф топик ама тука сме најтазе мајки и затоа тука пишувам. Јас да се исповедам малку; дали е од умор, дали од доењево естроген 0, некако немам желба за секс. Бебево 2 и пол месеци е, а едвај 2 пати сме нашле ситуација за милости со мм. Кај сите е вака со новороденче или нешто до мене е? Читам на интернет вика possible low sex drive and dryness after childbirth ама не ми го спомнувале често други овој проблем. Не дека па сум по природа некоја нимфо ама дур правевме бебе (со години) неделно по неколку пати, па после 9 месеци целосна пауза и мислев дека сега едвај ќе чекаме да легнеме ама не баш... И преморени сме од беба, не е дека имаме вишок време, само гледаме да дремнеме.
Не е баш за темава ,но еве ќе ти одговорам , дека е сосема нормално... ние сме 3 месец и не е дека се нема време, преморени сме и јас и мм. Но ќе пројде. Повеќето време го користиме за нежности гушкања а однос 3 пати само ако сме имале. Уште е рано да пркне бебе да ни се врати сила па и поголема желба за тоа. No worries
ооффф.... Кому му кажуваш. Јас еве утре 4 месеци правам кај што сум породена и ама ич абер немам за секс. Избегавам како да бегам од чума. А не знам зошто ама ете не ми се сака не ми иде на ум.
https://deca.mk/drzheneto-na-bebeto...azgaluvane-toa-e-odgovor-na-negovite-potrebi/ Убава статија за читање.
Почна фазата "сакам само у раце и крај". Почна фазата "не можеш да погодиш што сакам и што ми е, пошо ни јас не знам". Почна и фазата "не спијам, па ти ако сакаш и на таван качи се". Ама имам сила да плачам 24/7 и не се смарам ама ич, што ти слушаш плачење и тогаш кога го нема. Значи не сака да цица, ниту да игра, ниту да спие, ниту да лежи, ниту да се пресоблака. Единствено сака хипнотизирано да зјапа во мачката, да се бања, да биде у раце и да плаче. Цело време да плаче. Ништо друго. НИШТО! Страшно е тоа колку ми се преполнуваат градиве. Скоро се жалев дека не цица оти сака да гуга и да разгледува. Сега не цица, оти сака да плаче. Надокнадува ноќе, али секако уз протест и во стилот "молиме да јадам". После минатиот стресен период, еве одма си почна нов. Да не се деси подолга пауза, Боже не дај. Да се надевам дека само денес денот ќе го паметам како ваков. Само да не е скок, немав време психички да се спремам. Иначе, овие два дена, почна ноќе да спие на меше, па го проверувам по 626262552 пати или го враќам на грб, ама тогаш ми се буди. Знам дека ризикот кога се вртат сами е намален, ама ете паничам. И цело време си мислам, еве конечно заспа, абе уште не сум ја доискажала мислата, он станал. Да видиме шо ќе "каже" за вечерва, ќе се спие или не. Животот со бебе. Леле, на сета мака денес колку ме изнасмеа.
Добро вечер и од мене. Мојов има некој период некое време навечер многу тешко заспива. Му се спие му се плаче...ама само плаче Едно саат време го шетам во исправена положба, ако го навалиме за спиење вреска зградта ја крева. И така чекам да му дојде дремка и полека да му бутнам цице за да завлече и да не примети дека сум го легнала. Утре синко има прва утакмица...многу сум возбудена, можеби и повеќе од него ). Ајде добра ви ноќ...додека спие бепка да дремнам и јас.
Да и јас исто приметив кај мене, влакнеста сум, дури во бременоста и потемен ми беше делот под мишките и кога ќе ср избричев беше темно, а сега бело влакна ич, супер. Ама косата сега почна да паѓа ли да паѓа, 3 месеци од какосум породена
дојдов и јас да си ги кажам макиве ама лиана ми ги ублажи малку со последниот коментар. Знам во скок сме (нешто што уште не ми е разјаснето) по термин крај на 17 та недела по раѓање почеток на 17 та. Грев е да се пожалам ама последниве 2 дена сум шашава се ми е матно и не можам да функционирам. Завчера замислете си легна во 19 сатот стана во 3 ноќта за цицање си поиграме и се погњавивме до крај 6 и после до 9 пак спиевеме (машала) е ама затоа па вчера а посебно денес ми ја изваде маста. Од 4-5 сабајле сме станати,до сега вкупно 20 сати. Од тие 20 сати 3 пати по пола сат спиеше и еднаш од сат време. Среќа па големиот беше на школо инаку и од пола сат помалку ќе спиеше,е ама јас си го искористив тој сат и предремав. Вистина малку ми е дремење за овие 20 часа будност ама подобро нешто одколку ништо. Згора на се денес и послабо цица а маки со забите мачиме посебно последниве 4-5 сати. Не запре од тегнење бутање раце во уста и кемкање. Цицка - не долази у обзир. Морав да дадам парацетамол,немав друг избор,ама не дадов цела доза за негова возраст - 2,5 мл туку само 2. И пак со кемкање задрема па ќе видиме до кога ќе трае дремката.
И јас не разбрав зошто му имаш дадено парацетамол? Бутање раце во уста и мака при вадење заби се нормални кај секое дете и се ублажува со гелче за таа намена. Или поради друго мешто му даде, а да немам сфатено од текстот.
Леле леле што ме снаџе Петочки влеговме во 17та недела и не мавна громот. Бебе иначе не е плачливо, а и јас не дозволувам да “поплаче”, мислам дека е меѓу поиритирачките нешта кога ќе ми речат остави нека поплаче малку. Ми иде да ги расшамарам. Ете ја не гледам зошто да плаче освен ако има причина за тоа. И не гледам зошто да ја оставам да поплаче без притоа да пробам да ја смирам. Да се вратам на громчето што ја мавна неа, па и мене уз неа. Ова ноќва не беше поплачување, не беше ни плачење, не, не! Ова беше некој нов левел на високи ноти досега “неопеани”!! Таа буквално врескаше колку што ја држи гласот!!! Мислев ја боли нешто, ама се смируваше моментално кога ќе станевме да шетаме низ соба. 3 недели и онака сум со 3 саати спиење. Подобро да има светло на крајот од скоков, оти почињам да халуцинирам веќе.
Абе коа ќе ми текне, 5месеци после пораѓај воопшто немавме секс со мм, не ми одеше паметот таму, а кога почна да ми оди бебе веќе беше преселено на спална место креветче Што и ден денес е така,едвај еднаш месечно ако ни текне, а и да ни текне дури заспие малата заспиваме и ние! Така да не знам дали и колку е нормално, ама од премор немам желба воопшто.
Дој да те гушнам. Како ја да сум го напишала ова И кога не писка и плаче ,јас го слушам тоа. Цело време идам да проверам и тоа малку време што ќе поспие. Ајде,колку издржавме уште малце има. Земаме здив неколку дена додека не лупне 5ти и 6ти скок
@Yowannty и јас не оставав бебе да плаче. Секогаш ја смирував без ни секунда да помислам да ја оставам да плаче. Сега е веќе голема, знае да плаче од аздис(пример: сака да се качи на маса, а јас не дозволувам) сега ја оставам и магично за кратко престанува. Околу сексот, јас имав желба. Памтам дека го чекав прегледот на 6 недели за дали е се ок со мене и тоа ми беше прво прашање, второ дали е ок раната за да се депилирам. Од преглед директ дома на секс. Ваљда така ми удрија хормоните мене. Имавме период кога дури и денските дремки на бебе ги користевме. Сега веќе исто ни е како претходно.
ни гелче помага ни ништо. И претходно неколку дена гледав тука и прашував низ форумов дали парацетамол ќе помогне против болка и најдов неколку коментари дека само ако мајката е сигурна дека бебето има навистина мака со забите може да даде една доза. По повеќе дена мачење вчера не можев веќе да го гледам како и потпрено на мене пробува да ми го гризе рамото. Цели 5-6 саати беше нервозен околу тоа и на крај веќе немаше што. А и гел ставав. Ама гелот е пати на ден а не во тие неколку саати јас 5 пати ставив и џабе. И денес е раздразливо ама не дотолку. ете ние го фативме петок 13 ти со плачки. Што знам па нас скоков ни една ден сонце една ден громче друга ден дожд после магла... секој ден нешто ново. Башка ние ноќеска маки со забите имавме ама останатиот дел од денот беше некако смуртено. А сме крај на 17 та недела според термин. Јас искрено магнезиум и б комплекс пијам во вакви ситуации појачано со уште едно бедоксинче инаку ако мавнам лексилиум се ќе ми биде полно и рамно. Ама и ние мора да имаме поткрепа за да ги издржиме овие детски "напади" За тоа остај го детето да поплаче јас ќе полудам од пола секунда да слушам таква галама,ваљда до годините е ама па и грев ми е да стојам и гледам како плаче. Има нешто за здравје не плаче
@marchi-cool јас еднаш имам дадено парацетамол за заби, и како стоматолог им кажувам на родители дека може да даваат ако ептен е криза. Ама не се дава повеќе од пола доза, помага со болката, ама може да спушти температура пониско од нормално. Да си знаеш за другпат.
Абе, бебе денес е некарактеристично мирно; стани, цицни, полежи 10-15 минути онака без плачење, дига нозе, гуга малку и пак заспива, некако меланхолична (немам друг збор да доловам). Нормално е ова понекогаш или може некој проблем да има? Прво си реков супер ама затера цел ден исто и веќе сум загрижена. Инаку цица, кака, стандард. Можеби малку помалку бара да цица денес ама сепак цица. За 10 дена 3 месеци. Што може да е?