Дали е нормално позади каде што лежи да не му расте коса? Значи му падна цела,почнува секаде да му расте нова ,освен позади како дупка му е буквално.
Majki bebe mo e 5ipol meseci. Veke 3 dena ednoto obravce i e crveno, samo levata strana.. desno nema... Do tt vo soba (od zesko) sigurno ne e zas do 24 25 max poveke ne e. Vo spalnata soba mozda paga iza nekoj stepen. Neznam od sti moze da i e taka, a nema bruncinja..
Таков му е денот ,штом нормално цица и кака се е во ред. Да и беше не дај боже нешто немаше да сака да јади ,барем по мое искуство, периоди се ,менуваат. Немај гајле ,туку земи си здив Да не си се штипка самата ,или да се допира често на обравчето? Или некој од дома да не го бацнува ?
Мамички 3+сме носето не ни е затнато ама кога го држам во раце знае да ни протече ставам капки влечам со пумпица ама трае веќе некое време не помину
Да е здраво и живо. Исто и јас бев со спинална, царски рез. Уживај мајка, ти си супер. Јас една недела повраќав и ужасни главоболки. Но, помина, се се заборава. Ти кажувам како поддршка дека е нормално, со време ќе си дојдиш во нормала. Бацки
Здраво кејти јас имам сличен проблем веќе 2 месеци... затнато носе капки и пумпица. .. бев кај повеќе доктори никој ништо др не ми препорача освем капки солени и совет добив да држам газа со сошиена сол внатре ,горе на носето кај синусите као побрзо ке се опуштело носето... но мн не го практикував тоа .. и еве незнам чекам да му пројде ама тешко некако...
Фала ти мајка да се здрави и живи најбитно, иначе после тоа имаше мака дома те тргаше раната, те пецкаше? на места над раната каде што имам стрии ме болат мислам и тие како отрпнати се, се надевам нормално е и тоа.. се мислам да направам една контрола на лекар..
И јас сум со спинална и царски пред месец ипол породена. Нормално е да ти е отрпнато местото и малку отечено над резот. Се враќа во нормала, само треба време. Внимавај раната да не се отвори и да не тече гној од неа, а миј со вода слободно. Нормално е да боли, сечено е многу, може да те боли и на промена на време. Инаку за малаксаноста ти пишав мислам за крв да провериш зошто со царски се губи доста крв, мене скроз ми падна железото, и уште сум со терапија.
Незнам што ќе се прави,мм ми вика уште во наса да се јавиш да прашаш.... тој мисли дека не е толку сериозно
@Мариаа. На ќерка ми и паѓа косичката сега за сега напред од страната и позади како една линија Мајки јас загрижена сум. Овие два дена по секој подој беба повраќа по малку ама многууу често што дури не стасувам да и ги исушам алиштата. Вчера свекрва ми плус ме испаничи леле што му е на детево , нешто и е , настинала , има стомачен вирус итн јас се обидувам да не мислам така , детето си јаде , си мочка, весела е се смее , гуга , си спие нормално. Како да знам ако има стварно стомачен вирус? И не е какана воопшто од вчера сабајлето од толку какање, се намали на два пати дневно а сега па ич.. Во вторник сме на лекар за вакцина , ама па ако не се искака што да и дадам? Слушам има гасови ама не кака
Мајки,бебе е скоро 6 недели.Овие 3-4 дена нон стоп плаче кенка не сака да спие.По цела вечер не спие дури во 5 заспива.Дента заспива едвај по пола саат.Се мислам да не е гладна,бидејки откако ке се нацица ја оставам и почнува да плаче,но кога ке ја земам во раце шетаме низ соба престанува.Незнам дали е гладна или е научена во раце.А качена е околу кило ипол,незнам зошто нон стоп сака да цица и делува како гладна.
Мајки, д3+к1 до која недела треба да ги давам? И дали ако ги заменам со вигантол да продолжам со омега3 бејбитол? Утре сме на вакцина прва доза рота и останатите што се со боцкање. Што да очекувам како реакција? Срцето лешник ми е
На колку месеци се прима таа? Уплав имам од проклетите вакцини @koritsaki почна ли да се смее на глас? Јас тој момент со душа го чекам ама ми се чини нема да е скоро, се смее на глас само во сон малку. Вака само безгласно се смешка и тоа во одредени периоди од денот. Нема да е лесна женска очигледно, една насмевка еден алтан
Многу ретко се смее на глас и кај нас сега за сега во сон , инаку често се смее кога и зборувам, кога ќе се загледа некаде, и кога гука смешна ми е кога ќе и речам агу, и таа по мене ќе повтори тивко
Леле сите сме во грч од вакцини. Ние утре сме цела ден се туфкам ќе примаме за тетанус незнам како ќе биде има рекција нема. Прво крв и црп да провериме па после
кај нас во вториот и третиот месец до пола беше така со повраќањето. Малку и ме фати паника ама со викам штом не е многу и во млаз ваљда нормално е. Значи буквално после секој подој. Исто на облеката не можев крај да и најдам во ден по 4-5 блузи менувавме. Башка и по 3-4 лигавчиња. Јас и оние тетра пелени ги користам за таа намена. Да го избришам после повраќање.