Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. ☁сон☁

    ☁сон☁ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Мојава ја боцкавме пред две недели, спиеше и не пушти глас. Затоа денес надокнади, ама ја земав во раце и престана одма. Сестрата сега ми кажа финта :) следно кога ќе проверуваме крв, да цица додека ја боцкаат. Така помалку реагирале
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Ме глас не пушти а спиеше. Малку се раскенка додека збираа крв ама не плачешеѓ
     
  3. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    10.402
    Кoга правевме крвна слика вo Ремедика цицаше дoдека jа бoцнаа и мoментoт беше цица и плаче ама не се oткажува oд цицање... душа мojа :inlove:
     
    На Kaetana и EvieBabe им се допаѓа ова.
  4. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Денес патронажната сестра ми донесе листа за исхрана. Од 4 и пол месеци ми рече да почнам со пробување на вкусови, за кога ќе стигне до 6 да можам да воведам оброк. Прво со зеленчук и житарки без глутен, па после овошје. Некако ми е рано. Планирав со полни 6 да почнам, сега ќе видам. А убаво си напредува, на неполни 3 месеци има 5860, родена 2740гр.
    @Sofi.ja веледа мислам е најдобра, природна козметика. Шампонот ние го користиме, а крем и немам ставено.
    Мустела крем му ставав на поголемото дете како бебе, многу акни му се појавија од кремот, не му одговараше.
    @EvieBabe со 12та полна ќе ви ја стават рота, нас со 11 +5 дена ни кажаа доцна е за рота :?:
    Не мислам дека ќе плачи, уште се мали не разбираат.
     
    На Kaetana и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  5. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.538
    Допаѓања:
    9.895
    Пол:
    Женски
    Боцкањето не боли воопшто, плачат кога ги стискаат за да соберат крв.
     
    На BabyT* и EvieBabe им се допаѓа ова.
  6. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Душа бе, глас не пушти. Уште па му се смее на тој, а тој не можеше да собере крв, 2 пати ја боцкаше |(

    @Magic13 како бе доцна 11+5? Па ние еве денес сме 11+6, а планирам утре сабајле да одиме.
     
    На Magic13 и Presrekna им се допаѓа ова.
  7. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    @Magic13 како навистина големи 11+5.
    Ние на 12+1 ја примивме првата доза. Дури се мислеше педијатарот дали да почекаат за килажата. Секој различно.
    Сега на 27 сме за втора доза Рота и боцкање.
    А за дохрана и мене првично ми рекоа од 4 и пол месеци, па се предомислија за на 6. Значи секој како сака си прави.
    Мислам дека секоја мајка си решава за својот бебуш.
     
    На Kaetana и Magic13 им се допаѓа ова.
  8. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Јас останав цела прашалници кога ми рече доцна е. Знаев до 14та дека можи. Пред два дена бевме, на 24ти ќе полни 3 месеци.
    Многу се изнервирав, барем на претходната контрола да кажеа кога да ја носам.
    Како што сакаат си прават, сите со различни мислења.
     
  9. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Ај сега крвнава слика :( Немам поим што е нормално за двомесечно бебе ама има многу стрелки покачено или пониско. Знае ли некој за бебе дали има нешто алармантно овде? Тромбоцитите мислам дека се покачени зашто тој невештиот 10 мин и цедеше крв од прстињата и толку малку крвца имаше што почна да се засирува во епруветата. Ама другиве? Се загрижив сега. Не знам референтниве вредности дали уопште им се за бебиња или истите ги бапнале ко за возрасен зашто лимфоцити на интернет ми дава друга табела за бебиња по возраст.

    9F90A802-780B-4CA6-A9A9-302682D8874A.jpeg
     
    Последна измена: 18 декември 2019
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.234
    Пол:
    Женски
    Ако си правела крвна слика во Авицена, ставаат референтна табела според возраст, горе си пишува.
    Иначе, дали е настинато бебето? Има знаци на вироза, покачени лимфоцити и намалени гранулоцити.
     
  11. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    1.907
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20191218_145338_com.instagram.android.jpg
    Имаш акција во гтц :)
     
  12. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Не во Авицена туку во Синлаб, а референтниве вредности им биле за возрасен :fubar: сега во Авицена ми кажаа дека тромбоцити за двомесечно бебе горна граница била 670, не 400 затоа што коагулира крвта многу поради методот на вадење.

    Инаку бебето е здраво, минимално носе затнато некои денови, но педијатарката вика дека тоа уште е од плодовата вода чистење. Сега ја позамарав на вибер и ми кажа слободно да си вакцинираме, дека кај толку мали бебиња биле сосема други вредности за лимфоцоти, нормални околу 10. Лакше се дише...
     
    На Annath и Larahappy им се допаѓа ова.
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.450
    Допаѓања:
    18.701
    На kitty.m му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Ние сме настинати имаме 3 месеци, рота нема да примиме, шестовалентната мислам можеше и подоцна или се лажам?
     
  15. Кејти

    Кејти Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Да може ние сме 3+денес примивме стрептокока и рота втора доза засега сме добри до кога може да се јави реакција
     
  16. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Како изгледа настинка кај три месечно бебе? Исто како кај нас се манифестира? Прашувам зошто моево сабајлечки знае по некое мрсулче да има ама ништо друго од симптом. Не тече водлест нос, не кашла, не кива (по 2-3 пати онака нормално во денот)...
     
  17. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Повраќа почесто, има зелени мрсули, каката има некој специфичен мириз ...

    Бевме на педијатар ни рекоа вирусче има
     
  18. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Хмм, и на моево каките деновиве повеќе мирисаат :/ Читам сега на интернет, демек каките на доени бебиња речиси воопшто не мирисаат. Како бе? На мојава секогаш и мирисаат, само во првите минута две одма по какањето некако најинтензивно, а после дур ја соблечеш за 10 мин пример веќе најсилното изветреало. Ај ваљда кога ќе ја види докторкава утре ќе знае она да каже дали треба да се прими вакцина или не...
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Ние сега сме 3 месеци и тек сега овие две недели има мириз дп сега немало некој мириз него малце нормално..
     
  20. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    А зошто не се вакцинира настинато бебе? Се опседнав со ова де. Цело време читам по интернет и се мислам дали да ја вакцинирам утре, па да не е настината, па не знам што... и сега налетав на овој текст на интернет од некој педијатар имунолог:

    869C0AB8-6107-4F1C-AF65-55EA9B56838E.png

    Значи оваа баш вика дека настинка не е причина да не се вакцинираат. А од кај дојдов до настинкава сега не знам, само од мирисот на каките. Оф ќе си пукнам.