ЕвиБејби , имаш здраво и право дете. Имаш педијатар кој ти го потврдил тоа. А гугл не е доктор и на него се ќе најдеш. Три глупи симптоми да изгуглаш , резултатите се најлошото секогаш. Кое нема врска секако. Настинато бебе се познава. Суви мрсулчиња има оти се чисти, како што и кажал педијатар. Каките мирисат зависно од твојата храна. Опушти се. Немој да паничиш за се и сешто.
Моето бебе има 2,5 месеци, добро нспредува но ме загрижува тоа што многу често погледот му е нагоре, и кога е на стомаче главата му е постојано нагоре исто и погледот, дали има место за паника,
Нормално е да гледа во таван како да е тоа нешто најинтересно на свет. Период е, ќе почне да се фокусира и на други работи за некое време.
Скоков вечност ми се чини. Од сам старт бебе поврзуваше по 4 часа сон, па почна по 7. Некогаш имаше денови кога се будеше почесто ама дали 2-3 дена по ред ќе беа во прашање. Скоков скроз на скроз не поремети, 4та недела будење на половина час до час. Ај што ноќе спие немирно и се буди, туку деновиве почна да се буди со врескање. Исто бар преку ден можев да ја оставам во релаксатор или креветче со Софка си седеше, деновиве ми е лепенка, не можам да прднам раат, башка плачењето го замени со врескање луѓе мои да не вресне дур ти е близу уво. Неколку минути ќе ти одѕвонува во глава. Вреска место плачење. Вреска кога е возбудена, вреска кога и се спие, вреска кога е среќна, вреска кога и е досадно. Вреска кога шетаме, вреска во количка, си вреска во раце. Откако го откри гласот саде си вреска. Почнав посебна почит да оддавам на тишината тие 15 секунди кога мочам, а маж ја чува неа. @Мариаа. како сте вие? Со тебе најслични бебињава, аман кажи дека сменил и почнал да спие раат ноќе бар.
@Yowannty Има светло на крајот од скоков Полека се враќа се во нормала. Од 826738393 станувања навечер почна да станува по 3,4 пати само за цицање и одма се успива пак. И не писка више кога ќе се оддалечам еден чекор од него. Него, сега маката се забите. Лигавката ја зема и во уста ја бута цела, тетри, играчки, Софка се ќе изеде. Вчера прв пат го пипнав за непце да видам, кога почне да плаче од болка, едвај се смири Ама, како и да е подобра комбинација е без скоков.
@Мариаа. 3-4 станувања ноќе, колку убаво тоа звучи.... и колку далечно... Ништо, да стегнам заби уште една недела. Ирис става се така во уста веќе 2 недели. Па кога ја пресоблакам и ќе видам дофатила нешто и пикнала во уста. Ај лигашки што менувам 20 пати на ден се живо оди директно во уста и тропалки и ќебиња. Па како ме тегне за коса. Абе во секундата бам. Само по храна, ние дур јадеме уште не се тегне. Јас често и проверувам непца па ќе ја почешам малку а таа трае, не мрда и прија. Чим го здоболело веројатно се набобрени и ќе избијат наскоро. Ајде ајде ќе јадеме колачиња за момакот наскоро.
За некој ден и вие ќе се вратите во нормала. И Максим не е заинтересиран за храна. Се тегне само по цицка, друго не го занима Ќе видиме како ќе поминеме со кашички наскоро
Сум испуштила ептен од темава,се зачитав во дохрана кај бебиња, од вчера фативме 18та полна недела. При крај со 4ти скок и нервоза со рацете во уста па и ќебиња и се што ќе ни дојде при рака. Ни гел помага ни ништо. Освен да го заиграм па да заборави. Наназад генерацијата моја пишувала за дохрана... Епа женички ние до година изгледа ќе доиме,овошја и зеленчуци здравје на лето ќе излезат сега само јаболко морков и банана. Сакав да прашам нешто. Забележав дека на едната страна (десната) малку главчето му е сплескано. Денес сме на ортопед за контрола на колкчиња па не знам таму да прашувам за проблемов или на педијатар?
Мајки искуство со коксаки? Малиот е 4месеци , на педијатар ни рекоа плакнење со хиперманган, антибиотик само ако се прошири воспалението или качи тт. Малиот е многу нервозен , кенкав и слабо јаде. Нафрлан е само на ножињата,околу устата и на дланките
Искуство лично немам. Секое второ дете го минува. Атб не ви треба дури и да има Т. Оти е вирус. Ќе мине за 3 дена.
Thanks. I needed this Примивме рота сега, ја прегледа докторката во Сандански, ја виде крвната слика. Сѐ е океј. Ах бе тазе мајка...
Ајде со лесно да поминете А шестовалентна примивте? Јас не знам дали и таа и ротата во исто време ќе му ја дадат, следна недела треба да прими,тогаш ќе има 11 недели. Сега бевме на боцкање за крв За среќа цицаше и заспа пред одење,таму спие и го боцкаат,на боцкањето не изреагира,на стискањето малце промрда,му дадов цуца се смири. Кога бев трудна кога и да отидев во Авицена нон стоп вриштеа бебиња, си викав леле како ќе го слушам моето...ама изгледа уште е рано На момчево мое му се појави теменица, земав масло од Фрезидерм 2 пати се намачкавме скоро и да нема. Ама ме загрижува косичката,почна да му паѓа,особено при чешлање. Ќе почне одма да расте нова? Вчера бевме кај ортопед Талески на преглед,човекот мн фин,300 работи изнакажа,пола заборавив Единствено запамтив до 5ти месец да правиме вежби со колкчињата како да отвараме книга 3-4 пати на ден и да го ставаме на стомак да го исправа вратот. Е со ова си имаме мака зошто многу се нервира кога е на стомаче ни 5мин не издржува.му тропаме со тропалки,му збориме пред него џабе, ќе почне да ја лиже пелената под него и ќе се сврти на страна Од 4ти месец да му тропаме со играчка во висина на уво,за да се обиде со спротивната рака да ја фати и да се сврти на стомак, од 5ти месец исправен на 45 степени,а од 6ти на 80 степени. За 7ми и 8 ми не разбрав што треба да се прави (на контрола сме со полни 8 ) ама разбрав дека не е против кенгур,дубало,џампер, само за дубало и џампер рече издржете до 8ми месец не го ставајте.
Ако знае некој да ја протолкува крвнава слика? Има доле некои референтни вредности,ама не ги разбирам...
Добро бе јас сум толку смотана или и на други ова им се случува? Неможам да ставам памперс а да не прокисне каката нагоре ком половина и грб . Не знам колку боденца уништивме. До пред некое време најдобри ни беа Слипи сега и од нив ни пропушта. Значи и премногу стегам, пробав и со помалку и ништо, пак исто. Дали кога ја подригнувам и оди нагоре каката Инаку малата е скоро 7 кила, а користам памперси 3ка, до 9 кила, да не е време за поголеми??
Еве не исто ние со урината така, де напред му протекува де одназад сеа и веке нз.. сменивме памперси пак исто.. стегам затегам и пак исто.. на секој саат се преслекуваме целосно од бодиња шпикозни се.. користиме 1, од 2ипол до 5кг.. се плашам да не го настинам бебушот.. последно бевме 2700гр.
Земи поголем број и пробај, дури и да и се големи, пак ќе си ги искористиш. Не гледај по кила на памперсите, секое бебе е различно, моево има големи бутки, 3ка на месец и пол користев.
Мамички дали ги носевте бебињата за вид и слух во ск на клиника во првите 3 недели? Тоа ни го напомнаа кога изл од болница .. не сме од ск, а да го малтретирам бебушот на ладново нз.. ? за слух не било толку пожелно да се прави, но за видот ми посочија дека е убаво да се направи.. искуство?
Машала машала Абе плавуша јас, не ми текнува дека и до тоа е, демек мора до крај килата да ги тераме И мојава во буткиците е елегантно пополнета Фала ти
ние тоа го пројдовме првите 2 месеци исто како што опиша. Инаку користевме после во третиот месец nanys после Fiona и немавме мака инаку ние веќе 4ка еден месец користиме. Кога имаше 7кг му земав поголеми