Се јавив сега во Јане, ми рекоа да не сум го малтретирала детето, првата доза рота и другата што оди со неа, ги ставале на 12 недели без ден-два. Во Букурешт ми рекоа со полни 2 и пол месеци ги ставале. Тоа секако ќе не фати или пред нова година или пред продолжениот викенд за Божиќ На колку недели ја примија вашите? Матичната е убедена дека со полни два може. За џабе ја боцкавме за крв во средата, ми пропаѓаат тие резултати со чекањево сега
Јас многу пати го успивам во транспортер. Не чекам ептен цврсто да заспие,го дигам, малце во раце и го легнувам во креветче. Ова секогаш ми успева. Пробај.
Не си ме разбрала . Претходна недела бевме на вакцина , но поради високи леукоцити примивме само рота. Требаше да одиме вчера да направиме кс и ако е се во ред да примиме петовалентна и шестовалентна, но од средата вечер му избија брунчиња и четвртокот сабајле матичната утврди дека е коксаки. Сигурно нема со вирус да одам на вакцинација да се мешаме со други деца.
Од областа на awkward questions, дали ги слушате вашите бебиња кога какаат, дали е нормално да се слуша звук во 99% од случаите или нашево кака чудно? Кога ќе речат експлозивно какање за пролив, мене се ми се чини дека нејзиното секогаш е експлозивно затоа што има таков драматичен звук @Sofi.ja за 80 степени не зборевме, туку за исправена така да речеме 45-60 степени, како што ја држи маж ми на нозе потпрена, не знам дали ја доловувам сликата. Он седи на гарнитура, ги крева нозете на масичка, а она седи кај него во скут со грпче потпена на неговите бутови. Ептен сака да седи така, да си зборат, па дури и се крева нагоре целата како да сака да стане. Видоевски ни рече, Нека си прави се што сака и може да прави, колку повеќе се труди, толку побрзо ќе напредува. Оди фати им го крајот кога сите различно зборат. Точно му покажавме како ја држиме и децидно Даа, слободно, ако.
Тие теткиците што се јавуваат на телефон таму си немаат благе везе од животот. Мене таа категорично ми рече бебе да не е под 5 кила, а докторката без проблем и даде вакцина со 4300 грама. Рече мора да има 5кг за шестовалентната, а за рота давале и на прематурчиња некогаш уште на месец дена. Така да, ако ти е бебе здраво, оди си во Сандански во соба 19, една фина докторка има, ќе завршите работа. Таа докторка ми рече од месец ипол до полна 12 недела дека најчесто давале рота; да не е само повеќе од 12 недела, значи не 12+4, 5. Ние вчера ја однесовме точно на 12+0.
@Yowannty а значи нема врска вакцината јас си се тешам така Тогаш да ја оставам количката на позицијата како што си е , воопшто да не ја подигнувам претпоставив дека е рано Инаку да , наредна недела ќе ја носиме за Мк нервоза ме фаќа од време на време како ќе поминеме на пат. Ама си викам некои со авиони патуваат со новородени деца и тоа повеќе часа него ли јас што ќе патувам , се надевам се супер ќе е. Со кола ќе одиме , во трнспортерот ќе си биде, и мене ми се гледа стуткана ама викам во јакба нема да ја оставам, евентуално некое џемперче ќе и облечам да не и е топло. А сакам да прашам 2 саата може во него да лежи така? И така ќе ја вадам за цицање , па потоа пак може да ја вратам назад уште 2 часа? Патот е околу 4,5 саата до Ск од овде. @Yowannty за пасошот прво слики ќе ви требаат , ќе одите во фото студио ќе им кажете дека ви се за пасош. Потоа во полиција ќе ви кажат каде да одите (тука нас не пратија карши полицијата , имаше една просторија каде што плаќаш за пасошот (80 евра чини се заедно а ако сакаш да платиш во банка 5 евра е поевтино, ама ние тука завршивме побрзо работа)автоматски вадат извод од детето ти го даваат со едни документи (паравола на грчки) и фискална дека си платила и се враќаш назад во полицијата , ги даваш, се потпишуваш, и тоа е тоа за 5 дена нас ни беше готов. А смешно ми беше што ме прашаа за боја на очи на ќерка ми и за висина. Баш во пасошот стои и висока колку е
Чекам сега да се слушнам со друга сестра, не ми се верува дека за точна информација врски бркам... Па ќе видиме, таман да се нацица бебе, и ја пакувам ако може Едит: и оваа сестра ме посоветува уште една недела да почекам, па во четврток ќе се боцкаме
Баш вчера гледав емисија гостин беше др. Антоније, еден од најдобрите ортопеди во мк. За транспортер рече дека е сосема природна позицијата на бебето, тоа во стомакот на мајката на грб не лежело при патување после 2 до 2ипол часа да се направи пауза од 15-20 мин со бебе во исправена положба за да си се истегне бебето и потоа се враќа во транспортер и си продолжува патувањето.
@Sofi.ja за во ченто упат не ни бараа, број немам дека ние сме таму на педијатар па само ни кажа одете во среда, немав потреба од јавување, ама бебе во вторникот не беше спиен цела ноќ па не сакав дополнително да го малтретирам па отидовме во четврток, не беше проблем. Ти земаат податоци за отварање картон, па следува преглед од доктор, па се примаат вакцините. Персоналот е прекрасен, особено докторката за преглед, детално се го прегледа и за се што ја прашав убаво ми објасни. И докторката на вакцини беше супер, веќе пишав бебе не плачеше. Јас бев многу задоволна Имиња на докторките незнам
Охоо не да се слуша,мислиш возрасен завршил работа дури ми е чудно кога нема да слушнам а ќе видам се искакал. Јас сакам да прашам до кога давате пробиотик? Бебе од прва недела на секое какање се вцрвенуваше,виткаше ноџиња и плачеше, некаде на 1 месец почнав да му давам Ваја. Мислам дека одма почна да делува,бебе ми се смири. Ако сме имале грчеви,тие биле. Пишував овде дека во текот на првиот месец ја прашував педијатарот за пробиотик и капки за грчеви,секој пат ми виксше следниот пат ќе договориме,па преземав сама и не згрешив. Е сега не знам до кога да давам... некаде прочитав дека постоело шанса кај бебињата до 3-4 месеци да се јават грчеви. Мислев да давам до 3м па да направам пауза,па ако има потреба да продолжам. Дали е ок така?
@Sofi.ja 2531900 е бројот кај вакцини во Ченто. И на мене ми рече ортопед може на 45 степени да лежи иначе сме два месеци. Дури вика да се стави под душекот некое кебенце за да се направи 45 степени и така да спие и ноќе што секако не планирам да го направам пред се дека и мене би ми било непријатно така да спијам. За какањето исто се слуша многу гласно најверојатно е нормално да биде така
И мојата исто знае да направи. Таман ќе си речам сега треба да ја бањам, пелената празна или многу малку извалкана. И во последно време од што толку нагло и силно кака (моја претпоставка), завршува цела лом, и пропуштаат пелените Кога кака нормално, нема проблем
Мајки ние сега си дојдовме од кај матичната, палчовци мои се далеку од палчовци веќе. Едното бебе е без некој грам 4500 грама, а другиот 3840 гр. Докторката кажа дека многу брзо растат, а од тие причини и омекнати им се главчињата малку па зголемивме вигантол на 6-7 капки. Едниот бебуш неколку дена ми кака потемна и помазна кака, денес веќе се стабилизира. Двајцата два дена не беа какани. Им давам Нан 1 веќе две недели (преминавме од Пре Нан). Докторкава ми препорача Хип Комбиотик, па ако може да споделите искуства. Моите на интензивна почнаа со пре нан и дома им продолжив дека убаво го прифатија. Некако не ми се експериментира, убаво напредуваат, не го повраќаат (си повраќаат во граници на нормала). Може некој совет, ако сме сите тазе мајки
За кој дел од главчето ти кажа дека е омекнато? И ние последен пат кога беме исто ми кажа меко главче и е дополнитолно потребно витамин Д и да давам 3 капки вигантол
^^Адамс не ми кажа конкретно кој дел, видов странично ги допре. Јас од кога ги хранам само со вештачко им давам вигантол 3 капки на ден. Додека и ги доев, давав д3+к1, до кај 40 дена тоа. Сега ми зголеми доза. Ти каков витамин д даваш? Од тој што го даваш плус вигантол ли? Не те разбрав убаво.
Јас давам Д3 на babytol и плус 3 капки вигантол кај мене го чепна горе кај мозочето и рече тука е меко. А кога правевме ехо на мозоче докторката ми рече нормално е тука да е меко да не се исплашиш таму е мозокот и тој дел му се затвара до 1 година. И сега незнам шо да правам планирам да одиме во Плодност на контрола од кога ќе завршиме на ортопед
Убаво ти рекле. Фонтанелата се затвора до една година. Кај сите бебиња е така. Каде ќе одите на ортопед? Да не трупаме тука, може да ми пишиш и лп
Sekako probav i koga ne e cvrsto uspana odma kenka se kreva se vrti i aj pak odnovo nisaj pej .... Zatoa pisav site mozni nacini mi se probani. Nez koga nema da jq sobira vo transporterot kako ke bide..