Колку пати треба да одиме на ортопед за колкчињата? Со првото дете еднаш на 3 и еднаш на 6 месеци бевме сега матканици на секои два месеца. Кај нас па пусти ортопеди врска немаат.
17та Можно е. Мојов до 3 и нешто имаше. Сега скоро му ги прекинав капките за грчеви. И сега кога наполни 4 почнав да јадам разновидна храна. На компири и ориз живеев
Здраво мами. Јас се префрлам од Трудники муабети овде, зошто буци е веќе цели 4 дена. Едно прашање, уште немам надојдено доволно млеко, па го подранувам со адаптирано Хип комбиотик, такво ми препорачаа од болница, но на излегување сестрата ми кажа да му давам и физиолошки раствор, за да го комбинирам, еднаш млеко, после наредното хранење раствор. Ама јас си велам дали растворот ќе го држи сит, сепак во млекото има повеќе состојки. Муабетот беше да не се запече со млекцето, па затоа. Свеќи вика да му давам и превриена водичка баш заради тоа да не се запече. Инаку го ставам на гради да цица, и после млекце околу 30 мл испива. На 3 саати го ранам. Ве молам за искуства и совети.
Нема да се запече. Немаш потреба ништо да даваш. Ад и цицање му е доволно. Продолжи така, прво града после млекце. Ќе даваш и вода, има време.
Честитки мами.. И ние сме пресни даваме само ад и еднаш до два пати мајчино.. и јас слабо со млекото..
Мамички до кога бевте омалаксани после порагајот? Ние еве 16 дена потоа мускулатурава ми е како ослабена ме болат нозеве,а и цело тело ми е изморено.. до кога имавте крварење? јас сега имам како кафеав лигав исцедок нз дали е нормално и понекогаш како болки во матката чуствувам како жегање.. се плашам да не останало нешто не дај боже.. направив крвна слика делува ок.. иначе сме царски со спинална..
Јас го носев сега на два месеци ми пишал контрола за четири месеци значи ке има шест тогаш. @Vanessa9li не те разбрав убаво го пие физиолошкиот раствор? Јас само во носе ставам физиолошки не сум давала да пие и никој не ми кажал никогаш а ова ми е трето дете.Само ставај го да цица кај и да е ке ти надојде убаво млеко брзо си породена. Ти се стабилизира ли шеќерот? @Miss.N јас крварев десетина дена на почетокот имав ужасни болки во кичма не можев да станам ни да се свртам и сега ми се јавуваат ако седам подолго на стол. Иначе добив на два месеци од пораѓај без болки ама многу обилно, ке видиме колку ке трае.
Може грчевите да траат повеќе од 3 месеци. Бебе мое има 4 и сеуште знаат да го фатат ноќе. Кај нас се и пострашни од оние грчеви што ги имавме на почеток, или пак бебе има повеќе сила да покаже...
Јас 42 дена крварев, а матката уште не ми е скроз вратена Матичниот ми рече зошо било големо бебето повеќе време треба да помине и да носам мидер.
Првото дете само еднаш го однесов на 3 месеци. Сега вчера бевме, јадрата се оформени ама не закажа на 4 и пол месеци. И мене чудно ми дојде. 2 саати чекавме со бебе. Еден доктор и за ехо на дојка и за бебиња.
Мајки две прашања 1. Бебка ми е 5+ и овие дена почна почесто да ика. Треба да превземам нешто и што? Ика неколку пати во денот и околу 5мин и малку повеќе можи 2. Околу 2 месеци немам добиено менструација. Првите месеци ми дојде, 2 - 3 пати и еве веќе немам. Нормално е? Не мислам, уствари сигурна сум дека не е заради втора бременост.
Да е здраво и живо бебето. Тоа што цица само 30мл е знак дека влече и од тебе. На почетокот бебињата требало да јадат по 50-60мл, ова ми го кажа педијатар. Јас знам дека бебињата што се на АД треба да пијат и водичка. За да ти надојде млеко купи си чај за доилки,најдобар ти е Лактамикс од Алкалоид,го има во Зегин 75ден, пиј сок од јаболко 100%, јас земам од Кам и Стокомак од 3литри пакување, исто пиев Лактил капсули на природна база за лактација тие се околу 800ден. Пиј вода, јогурт,јади течна храна и што почесто бебе на града. Ако имаш пумпа одмолзувај се, и така се стимулира млеко, и секако можеш да му го даваш на бебето. На собна температура измолзено млеко може да стои до 4 часа, во фрижидер до 48 часа. Се подгрева во сад со топла вода. За омалаксаност,после 2 недели од прилика си дојдов при себе. Крварев до 14 дена,не многу обилно од ден на ден се намалуваше. Едно време се смени во кафеаво,па квасец боја,па денес има капка утре нема,така до 40 дена. Од тогаш навака нема ништо ама повремено знае да ме заболи стомак,таман ќе помислам ќе добијам нема ништо..
Ако сакаш да доиш, прво и најбитно е да си решена дека ќе доиш и позитивна околу тоа и млеко ќе надојде. Пиј многу вода. За разлика од тебе, од причина што и мајчиното млеко содржи вода, а и ад се раствора во вода, на бебето не му е апсолутно ништо друго потребно освен тоа. На бебе кое е старо само неколку денови желудничето ниту е развиено, ниту е адаптирано на било што друго освен млеко. Не брзај со вода, има време ќе пие цел живот. 30 мл ад значи дека на бебето не му треба дохрана, ама за да бидеш мирна ако не се осеќаш сигурна, продолжи да му даваш. Ја би го ставала на цицка почесто од 3 часа, ем тоа ќе биде на мајчино ем за да стимулираш млеко, во случај да сакаш да доиш секако.
После месец будење во просек на 45 мин. бебе конечно поврза 4 часа. Се осеќам препородено и како да сум спиела 12, а не 4. Леле леле радостии. Стварно мислев ќе се распаднам со толку малце спиење. Ако и сега поврзе 3-4 часа мислам дека ќе се наспијам за цел месец што не спиев.
Пред 3 дена така. Спиеше од 1.00 до 5.00. и тоа во креветче. Цицаше од 5 до 6 и пак во креветче до 8. Прв пат откако е роден мислам дека се осеќав одморена. А ќе речеш 6 саати сум спиена и тоа на рати. Ама, прво раат спиев без него во кревет и без да се плашам дека ќе го смачкам, второ 4 саати поврзав!!! 4 саати! Колку ли малце треба... А пред некоја недела, јас жива ненаспана а маж ми пушта видеа од YouTube и тоа баш од asapscience последното видео - што се случува кога спиеме помалце од 8 саати. Сакав да го убијам. Прв пат слушам запеченост кај бебе. Што значи тоа? Како физиолошки? Во шише пример 30 мл после подој? Немојте такви работи. Само млеко па какво и да е, нема врска. Инаку арни сме. Бебе е ок. Ко да потпомина ќенкање. Башка маж е дома за празници па ќе се гушкаат со бебо додека јас одморам малце. Се думам за mamaroo на 4moms ама скапичок е малце за да не седи во него. И си велам - па што ако сака во раце. Нормално е. Уште колку ќе седи. Еве 3 месеци поминаа. Уште 3-4? 5-6? Брзо ќе поминат и никогаш нема да е вака бебе за гушкање.
Ех колку порелаксирано спиев дур ја ставав во креветче скроз те разбирам. Ама сега на пола час, 45 мин. час најмногу попрактично ми е да е до мене. Само што го пуштив постот ја легнав до мене, ама маж хрчи ли хрчи, го туркав и штипев и џабе, пак ја разбуди и сеа пак одново. Деновиве толку многу хрчи стварно ми иде да го задавам со перница. Туку видов дека имаш мачор и ја имам еден таков дембел и баш пред некое време прашував овде за искуство некое како да оди запознавањето. Знам дека е глуво доба, па ако имаш некој совет пиши кога ќе можеш. Конечно почнуваат да се интесираат еден за друг. Ама мачор ја гледа ко играчка. И ги демне ноџињата и рачињата сега кога прета цело време, па го подбркнувам ми е страв ќе ја изгреба. А таа исто почна да го загледува. Не знам што да праам. Не сакам да се плаши од него а не знам ни како да постапам.. П.с. Многу ми е мило што дечкото мал конечно се предаде на битките на мама да успеете со доење.