@Miss.N Јас крварев 1 недела после уште 1 имав какоц бледо розеникав исцедок. Мидер не носев воопшто точно на месец ипол бев на преглед матка и јајници наместени докторот ми рече изгледа како ти како воопшто и да не си родила. За омалаксана и јас бев прилагодба на новата улога грижа за бебе неспиење сето тоа си придонесува ама со тек на време.ќе се навикнеш верувај.
Значи со бебе барем до 5-6 месеци било од леле. Село време од ко е родено врзува прво по 2 сати после 3 па имаше периоди кога и по 4-5-6 саати спиеше. Сега.... Јас едвај чекам да се сноќи да легнам тоа тогаш ќе му текне да прдне да ждригне да се истегне чиниш ора во кревет. па ајде да цицаме да се нишне да го поткренеш да го свртиш... станува на секој сат ипол - 2
@Kaetana јас mamaroo то би го платила и дупло од цената за тоа колку работа ми заврши. Од прв ден го ставам и бебе го обожава. Еве 4 месеци и уште седи. Некад седи и така без да е уклучено како во столче. Е сеа дека вие веќе имате 3 месеци, а бебињата највеќе седат во релаксатори до кај 3-4 месеци не знам дали ти е паметно допрва да го зимаш.
Девојки полни пелени се рачунаат и само мочкани? 24 часа не какала беба, до сега цело време какаше и чудно ми е. Секоја пелена е утоп помочана.. Не е страшно нели?
и кај нас беше така.. педијатар ни кажа нормално е вика има деца и по 5 дена што не какаат.. битно да се мочкани ..
Сабајлево станува маж ми и коментира - од 11 до 9: 10 саата, не е лошо се наспавМЕ. Сме се наспале зошо он спиел кома и не го ни чул син му колку пати плачел за јадење. Му реков дека е ѓубре и дека некој ден стварно ќе го убијам.
ее... И јас дојдов за истово да се пожалам сега,станува бебчо јас уште 5 мин будна ама очи не можев да отворам вика аман 10 сати спиеше и пак уште ненаспана кажуваш. Викам 10 сати ти спиеш јас ноќеска шетав како Дракула низ дома ко некој месечар со бебево во раце. И мене ми идеше да го задавам
Сите се исти значи. И мојов така коментира. Што се жалиш, еве се наспавме. А бебе треба да се расплаче ептен за он да го слушне и да стане. Плус хрчи и не буди и двајцата. Ќе го испоубијам некој ден.
Ејј одма на тебе ми текна. Дефинитивно менува. Еве ја заспа сама на кревет со маж. До сега ниеднаш не заспала сама без да ја нишкам во раце. Па сега маж ликува, тој ја заспал. Иначе и мојов многу хрчи. Милион пати ноќе го мрдам, штипам, туркам, не бе труп трупосан, а ако се разбуди ќе ми рече е кај хрчам, па не спијам, разбуден бев. Е тогаш стварно ми иде да му ја зашалтам една. А многу е смешен кога бебе ќе прокенка или заплаче ноќе и тој во полусон ќе дигне глава и автоматски ќе почне да мрмља шшш ш шш шш шшш шш.. а не е свесен што праи. Ама не се жалам, минатата недела ја зеде слободна демек навечер ќе ја занимава за ја да поспијам ама џабе оти бебла сакаше на цицка да виси нон стоп.. и од следнава недела до нова година ќе е слободен за да биде со бебе ноќе. Ама пак имал среќа у гз, оти баш сега беблава менува и почнува повеќе да спие.
Хаха и јас потврдувам сите дека се исти. Преку ден бебе како ќе му текне спие,приквечер знае кај 8,9,10 да заспие и секогаш различно спие, кога 20,кога 30мин,кога саат време, така што не можам да планирам дека ќе си легмаж порано. Ноќното спиење почнува со цицање кај 11,11ипол. Мама додека се разврти низ дома, фатило 1 саат. Па имаш будење 3ипол цицање,6ипол цицање со малку играње, 9 цицање и еден саат играње, па уште една дремка до кај 11. Мама станува како зомби во очите,бебе ќе поцица,ќе поигра па ќе си дремне уште малку. Па има домашни активности,алишта,садови,прашина,ручек. Дошол тато од работа ај да ручаме,ај да си легнеме. Баш тогаш мали не сака да спие и брмчи,па имаш муабет ај земи го во друга соба да поспијам на работа сум бил....и пак истите активности до вечерта...и сабајлето кога ќе се чуеме 11,12 дека сум станала има коментар тууу се преспавте...или не се жали наспана си. Ај важи,се преспав. А за тоа дека спијат како трупови,пред некој ден се засркна детево,многу се закашла,се исплашив , го буцкам татко му, ми вика аа добро, го мавам со лакт детето се закашла не спиј!! И се освести малце,добар е бе ништо не е,се сврте и закрче...
Еве дневников вика 20.11 сум го запишала за прв ден. Значи има и поише од месец. А и уште не сме излезени. Евентуално ако спие ноќеска ќе го прогласам утрешниот ден за крај. Ама е многу посмирена овие два 2 дена. Мислам посмирено спие. Еве денеска 2 дремки дури ги спиеше на кревет место кај мене во раце. Значи успешно излагаме од скок.
Ме изнасмеавте со муабетите за мужите . Ама не ми е смешно кога се дешава, дека и кај мене е исто. Дури тргнав да му ги читам вашите реченици на мм, дека ете не сум единствена што сакам да го задавам ❤️, ама ептен дека го сакам па се воздржувам. Бебушка (Ева) е 3 недели + 3 дена и се' уште не разликува ден од ноќ и не ми изгледа дека ќе почне да разликува во блиска иднина. Знае така понекогаш да почасти навечер и да сврзе 2-3 саати, ама ретко. Да ми беше прво, можда и некако ќе се подесев по неа, ама тодлерката (Леа) од скоро 2 години си има свои потреби преку ден и нема спиење за мама. Дури и неколку дена воопшто не преспива преку ден, па баш ми е весело. Туку имам милион прашања за вас мами, ама не сакам одма да ве бомбардирам па ќе ве прашам само по колку вкупно саати спиеја вашите бебуши првиот месец? Дека мојава спие околу 13-14 саати (ако добро ракувам со апликацијата со која мерам), а според тоа што читам по нет треба да спие минимум 16 саати, ако не и повеќе.
Јас не се жалам за спиењево , во главно спие повеќе него ли што се буни. Од толку што сум успана дути не се ни сеќавам ако ме праша некој колку пати ноќта станува Туку јас утре ќе ја носам на лекар. Ај увцето што не и поминува тоа како краста , ајде , може е дерматитис, туку денес нешто друго ме мачи. Моментот да и го видам позади увото, од едно дупче и истече нешто како гној (истече ептен баш како кога ќе стиснеш оддеднаш паста за заби) не сум напоменала на форумов зошто не сум давала толку важност , уште кога се роди на едното увце на надворешната страна кај ресичката имаше две дупчиња. Едното дупче е затворено а од другово почна да излегува нешто како гној. Беше и тврдо при пипање. Сега малку омекна кога излезе ова денес , ама пак се гледа дека има уште. Исто увото има друга форма од другото. Многу е чудно што така се роди. Дали некој се соочил со нешто вакво? Еве и слика На докторката и спомнав уште првиот пат, го виде ми рече ништо не е. Сега пак ќе ја носам
Хахаха значи утеха дека сите се исти Кoга ќе станеме и ќе каже синoќа не стана, а мене раце ми паднале oд нишкање... Или мoментoт е ти пoспиваш а jас станувам за на рабoта... Иначе дojдoв да ви кажам дека синoќа заспа накаj 2 а станавме вo 11 сo еднo цицање... Самo да не се урoчам... ама се наспав луѓе Денес и jа склoпивме играчката сo пиjанo па и се смее, удира сo нoзете се менува музика
И мене неколку дена ми врзуваше со 1 станување пу пу, ама вчерс коа се 'наспавме' пак сд будеше на 2 саата. Дали дека бевме цел ден излезени па преживува се у сон? Се надевам дека денес ќе се врати на стара шема со 1 станување. Инаку ме нервираат коментарите на маж ми, ама стварно греота да се жалам. Денес се исчисти, испегла, напраи ручек... Да се искупи дека се наспал
Ве читам денес и си се тешам дека не сум единствена со мм затоа денес му ја оставив на дружба, јас отспав да соберам сили за неделава пред нас Денес забележувам повеќе мрсулчиња во носе кај бебка. Не и тече, ама се слуша дека и сметаат во дишењето. Чистев со марисол и пумпица 4 пати низ целиот ден. Сега на последното чистење, после бањање имаше и малку крв. Сте се сретнале ли со такво нешто? 2 месеци и 10 дена е. И едно ново откритие да споделам. Случајно наидов на една апликација на телефон. Се вика huckleberry. Треба три дена по ред да се внесува кога заспива и се буди бебето, и се одговара на прашалник. После тоа со помош на алгоритми, самата апликација пресметува во колку отприлика најлесно ќе заспие бебето. Денес ја пробав за прв пат, еднаш заспа сама во креветче, два пати во раце па ја преместив. Ама сепак многу побрзо отколку до сега. Така да, тие што си имате мака со заспивање, пробајте ја
Има крв бидејќи аспиратор не се употребува доколку нема воден видлив секрет, да тече. Замисли ти стално да дуваш нос, а да нема ништо. Тоа е иритирачки, а не пак влечење на празно. Си повредила некое капиларче. Од таму е крвта. Сите бебиња крчкаат . Се чистат од плодовата вода. Плус крчкаат од млекцето. Доволно е да ставаш само физиолошки и мрсулчињата да ги вадиш со стапче за уши доколку се понапред и се гледаат.