Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Читам и не можам да се изначудам. Абе сериозно на бебе во окце му капнувате мајчино млеко? (facepalm) не, стварно. Му солзело окото и му излагале гурелчиња и лекот е млеко во очи?? :headbang:
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    За тречу смену... :)
    Цицавме и сега малце одмор пред шишкото со млекце. Туку јас нешто размислував, се јавува патронажната пред да ти дојде дома или онака ти звони на звонче изненадно "Јас дојдов" ? :)
    Мене ми рекоа понеделник ќе ти дојде патронажна ама кога како никој не ми кажа.
     
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.450
    Допаѓања:
    18.701
    Се јавува
     
    На Vanessa9li му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Кај мене дојде еднаш ненајавена и тоа после 1.5 мислам стварно немаше потреба :D Па ми влезе со чевли викам чевлите соблечи ги ми вика па јас секаде влегувам со чевли... Викам молим па одиш кај бебе не одиш во кафана надвор секакви бактерии има |( Виде не виде ги соблче. Стварно снемав речи кај мене иде после 1.5 месец а кај шо оди кај бебе од неколку дена и дозволуваат? Свашта... сама да е свесна не требаникој да и каже. Па и да нема бебе културно е да се соблечеш во куќа влегуваш.
    Дојде бебе спиеше го разбуди глава гледаше широк повој како сум се породила и вика папоче паднало викам да пред 1.5 месец :lol:
    Зошто вика не се породи кај нас во болница викам не сакав вика имате вишок пари вие сите млади трчите по приватни (facepalm) Запиша таму во тетраѕката и ајде замина и не се врати веќе:^)
    Немаше потреба воопшто да иде некултура до нај јак степен ужас|(
     
    На Vanessa9li и EvieBabe им се допаѓа ова.
  5. PinkGirl*

    PinkGirl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Се јавија пред врата кога беа.Кај мене дури две заедно си дојдоа.Повеќе моабет направија него што го видоа бебето
     
    На Vanessa9li и Adams им се допаѓа ова.
  6. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.538
    Допаѓања:
    9.895
    Пол:
    Женски
    За првото патронажна не дојде, за второто по два дена одкога не пуштија од болница. Се јавија пред да дојдат, иако на крај се договоривме да не идат бидејќи овој пат за се што требаше добив обука во болница.
     
    На Vanessa9li му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rainbowmama

    rainbowmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички, ако имате време би сакала неколку препораки од вас. Моите од Македонија ќе доаѓаат наваму за две недели па сакам да порачам некои ствари и ми требаат идеи и совети. Бебо е скоро 40 дена; на првата контрола педијатарката за вит. АД Д3 рече или/и, јас веќе давам Д3 па ми рече да продолжам. А овде не даваат К1 и нема. Дали да барам да ми донесат и какви? Засега нема малово загрижувачки грчеви и не сум давала пробиотик, а ваму достапен ми е биогаја ако евентуално ми затреба. Ама како што ве читав страници наназад повеќето не сте задоволни и сте го менувале. Дали Ваја е подобар? ДХА пијам јас, дали треба и бебо посебно да зема? Друго нешто? Некој чај или козметика или било каков производ од кој сте посебно задоволни и мислите дека е неопходен? Фала ви однапред. :hug:
    Патем ве читам сте зборувале за спиење. Еве една порака од мојот чај за доилки. :D Имајте убава недела!

    IMG_20191219_133522_mh1576734236789.jpg
     
    На Kaetana, bela.m, kockichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Девојчиња, како ви се бебите со коса/паѓање коса? Моево се роди со прилично многу косичка, темна. После месец ипол почна да и паѓа и да посветлува. Сега веќе предниот горен дел од главчето и е многу оќелавен, а позади има проретчен еден круг во линијата каде што најмногу лежи. А новото косиче доле многу бавно расте. Изгледа ќе ми биде со месеци челава девојка :( Не е ќелава де скроз ама над челото и паднаа поголем дел од долгите “прамени” и остана претежно нова кратка косичка како мовче. Се надевав дека едно нешто ќе има на мене, косата, зашто многу си ја сакам (темна, темна, густа, долга, не се мрси, не белее - баба ми умре на 75 год со 5 бели влакна, мајка ми има 55 исто дали има 4-5 бели влакна) ама како и сѐ останато, и косата и е на маж ми. Смеѓа, мека, не толку густа.

    Им паѓа ли косата на вашите беби? За колку време грубо расте нова?
     
  9. day.dreamer

    day.dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    900
    Нормално е да паѓа. И мојот имаше премногу коса кога се роди па после цела му испаѓа како што викаш само позади имаше освен таму кај што лежи. Сега почна да му расте нова после повеќе од месец дена откако му испаѓа.
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.551
    Допаѓања:
    184.560
    Пол:
    Женски
    @EvieBabe јас честопати ја спомнував мојава челавка. :lol: Се роди со црно косиче ама скоро цело и падна. Ептен и стана ретка со големи залистоци кои скоро и да немаа ич коса, ама еве сега почнува да расте и и осветли. Да не те разочарувам ама косата генетски наводно ја наследуваме од таткото. :D Јас па се надевам за бебле мое дека косата ќе ја наследи од татко и, оти и маж ми има многу убава густа коса, а ја ретка. :D
     
  11. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Мене ми е наследена од мајка и баба од женска страна, а на сестра ми од татко ми. Се гледа од старт дека не е мојата коса, јас со цели шишки сум се родила :lol: Останува да чекаме да порасне и да видиме :o:
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    епа не може двеве деца да ми се со плави коси... Едноставно не може. А убавината на мојата црна коса кој да ја наследи??? :lol:
    Првото ми се роди со плава коса она бебешка како да ја наречам,кремава боја. Не му паѓаше ама одкако го ошишавме првиот пат почна да му расте потемна коса. А на второво па му паѓаше некаде од средина на вториот до средина на третиот месец ама малку му попадна. Додуша немаше тој којзнае колку ама почна и поинтензивно да му расте.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.450
    Допаѓања:
    18.701
    Мали се роди со коса за фризура. Едно остро,црно косиче, со тек на време му се истенчи и осветле. Не приметив дека му паѓа се додека не почнав да му ставам масло за теменица и да го чешлам.
    Прокељаве од горе, се надевам што побрзо ќе му порасне новата коса.

    Примивме вакцина денес. Уствари две, за рота и шестовалентна.
    Вика за 30 дена втора доза.
    Читам на фб викаат 40,45 дена размак да има...
    Му залепив лепенка со гел на местото за да го лади и да не крене температура.

    Мајки на машки бебиња,како се научивте да го отварате курето? Ако може во лп да ми ја објасните постапката?
    Се мислам да ја викнам патронажната дома да не обучи, изгубени сме со маж ми. Јас му викам ти преземи ја таа обврска,машко си имаш осет колку да тегнеш да не го боли,он ми вика па не знам јас тоа...
    Педијатарот еднаш ни покажа,рече после бањање, го отвараме надоле капнуваме капка кантарион и затвараме. А изгледа треба повеќе пати:wasntme:
    Оваа сабајле кога го потегна крв му потече,изреагирав јас,вика ништо капиларче е:envy:
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.551
    Допаѓања:
    184.560
    Пол:
    Женски
    @EvieBabe затоа реков наводно :D И јас мојата ја имам наследено од мајка ми и баба ми. Ама ете, постои тврдење дека се наследува по таткова страна. :) Ние и двајцата сме родени со многу коса, малово челаво којзнае на кого. :D
    @marchi-cool ништо ти ќе си останеш уникатна. :D
     
    На Kaetana, marchi-cool и EvieBabe им се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.069
    Допаѓања:
    108.875
    Пол:
    Женски
    Ние бевме на лекар пред малку , за тоа што и е сувото кај увцето ми рече ништо , треба да го бришеме убаво по бањањето. А за другово , за дупчињата ни рече да не го фаќаме едното што истече нешто бело од внатре , ни рече циста е што може во иднина да се повлече самата. Е сега ни напомена за ехо на бубрези нареден пат кога ќе ја донесеме за вакцина , некои белези на телото ги поврзуваат со некои органи. Малку се загрижив да ви кажам , што би можело да има со бубрезите , додека бев бремена се си беа уредни бубрезите, исто и на скрининзите.. :(
     
  16. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    И на син ми му правеа ехо на мозоче на колкови и бубрези веднаш по раѓање. Немора да значи дека има нешто не се секирај
     
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.546
    Допаѓања:
    20.211
    Пол:
    Женски
    Какви белези на телото? Прв пат слушам за вакво нешто.

    Ќеркичките мои имаат белег. Едната на колено, другата на половината позади. Малечки се и се исти како мојот. Јас имам на глужд од нога. Гледам сега и кај малото, на рачето на лактот, истиот. Никој ништо не ми рекол. Треба да паничам? Или не те разбирам и за друго нешто се работи.

    Иначе не мора да значи дека има нешто, не се секирај. Веројатно е само превентивно. Ма да, скроз те разбирам сега. До испитување е тешко да не мислиш.
     
    На Adams му/ѝ се допаѓа ова.
  18. *Sara*

    *Sara* Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2017
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    399
    Пол:
    Женски
    Мене никогаш не ми дојде патронажна.
     
  19. Only1

    Only1 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Мајки мене ме интересира кога се дефинира бојата на очите кај бебе.Малата е месец ипол,очите и се уште неодредени,како кафеави темно зелени.Јас имам светли очи би сакала да и бидат светли:D.Можно ли е да станат посветли или ке потемнат уште,бидејки маж ми има темни очи:D
     
  20. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Дали се мисли на црвените белези?