Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Незнам и јас исто се прашувам. Јас имам темни очи а мм има светли зелено плави.
    Бебе ја има истата форма на моире има крупни очи а боја како неговите па си викам може нема да смени нели демек викаат дури цица му се плави ама моето не цица па сега незнам :D
     
  2. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.546
    Допаѓања:
    20.211
    Пол:
    Женски
    Ако се потемни веројатно ќе станат кафеави, евентуално кафеави-зеленкасти. Ако се јако светли, нема да потемнат. Се менуваат на околу 6 месеци.

    За светли очи, потребно е тој ген да преовладува, односно да биде од двете страни.

    Јас и мм имаме кафеави. А од двете страни има ген за светли, ама преовладува потемниот. Бебе е уште со тегет, сигурна сум дека и оно ќе има кафеави.
     
    На Adams му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Andonia

    Andonia Популарен член

    Се зачлени на:
    2 март 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.043
    Пол:
    Женски
    Мами се префрлам од труднички ,потребни сте ми бебе е старо 24 дена навечер има страшни грчеви секако пробав и давам Д3+К1 ,пробиотик Панда и за грчеви Sab Simplex,се смируваше од капките но синока беше рекордот плачење од 1.30 до 5 се изнамачи и таа и јас на крај со топло на стомачето заспа.
    Друга превентива дали постое жива не наспана сум, во врска со мажите па можно ли е сите да се исти :!:(facepalm)
     
    На Adams му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    10.402
    И ние се прoбавме, на бебе наjмнoгу пoмoгна чаj oд ким пo некoлку зрна.
    Истo пиjам jас чаj oд билна аптека за лактациjа приметив дека дoста дoбрo делува и му пoмага на бебе.
    Ставаj термoфoр на меше или тoпла тетра. Ставаj бебе на стoмаче.
     
    На Andonia и rainbowmama им се допаѓа ова.
  5. rainbowmama

    rainbowmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    Како што имам читано може и до една година да се сменат. Јас имам зелени, ама поблиска фамилија сите се со кафеави. Мм има кафеави со силен ген. Малово темно сиво плави, и мислам скоро сигурно е дека ќе му се сменат во кафеави. Штета, баш е лепотан вака :D
    @Larahappy Како го спремате кимот и по колку се дава?
     
  6. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Со очиве сме опседнати сите :rofl:
    И нашите се уште плаво сиви, на сонце надвор и се баш темно плави како на маж ми ама навечер дома на придушена светлина малтене темно зелени. Не знам какви ќе бидат, мислам темно зелени на крај ќе завршат. Три месеци задутре, уште сме на ексклузивно доење (мада некои викаат нема врска доењето со бојата на очи).
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.069
    Допаѓања:
    108.875
    Пол:
    Женски

    Претходната страна ставив една слика. Го сликнав едното дупче од каде што излезе гној.
     
  8. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    за ова ме заинтересира, тоа на сликата е брунче, затоа.
     
  9. kockichka

    kockichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    2.758
    Пол:
    Женски
    Мене ми се погоди истата патронажна и за првото и за второто и многу сум задоволна од неа, бидејќи првиот пат многу ми помогна за доење и за рани од доење, а вториов пат за папочето. Се најави неколку саати однапред. Првиот пат влезе со кондури, и бев премногу депре за да се бунам. Вториот пат купив кесички за кондури како во болница што ставаат и веројатно инспирирана од тоа, патронажната ми кажа дека по протокол им е наложено да не соблекуваат кондури. Кесички за кондури си купувам од Betty аптеките, само таму најдов, може сега има и во другите. Планирам и за роденденот на малата во јануари да им поделам на гостите.


    Поголемата ќерка се роди со коса и до 4 месеци стана како проќелав чиче. После и се обнови и сега на скоро 2 е полна со локни како мама. Ама мислам дека и оваа коса не е конечната, ако можам да проценам според искуствата на другарките со деца.

    Јас имам зелени очи, муж ми маслинесто кафени. Првата ќерка има светло сини очи како татко ми, а на почеток и беа тегет.

    Другава изгледа ги ќарила очите на татко и', ми делуваат маслинесто.

    Ако добро се сеќавам на часовите по биологија, светлите очи се резултат на рецесивни гени и од перспектива на еволуција се лошата верзија, бидејќи се помалку отпорни на ефектите ба светлината. Ама ова земете го со резерва, одамна не сум читала на темава.
    Нас единствено ни помага држењето во рака со стомакот надоле, поставен долж целата рака. Друго што можам да ти помогнам како утеха е друштво за трета смена, бидејќи и мојава дежура тоа време. :D:l:
     
    На Andonia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.323
    Допаѓања:
    28.119
    На мојот му помогмаа капки колиеф заедно со капки еспумисан пред секој подој, максимум 6 пати на ден. Сега му намалив на 3 пати на ден, зошто поретко има грчеви.

    За патронажна, кај мене дојде само еднаш од Систина на 2 ден од излегување од болница и многу ми помогна за доење. Сите пози за доење ги пробав со неа, а претходно не знаев како да го наместам бебето правилно да цица. Плус ми зборуваше многу за бенефитот од доење и како сега изгледа тешко ама за некое време ќе сфатам дека е многу полесно од спремање дохрана. Сега знам дека беше во право.
    Мислам дека заради таа жена и нејзиниот 1 саат поминат дома со нас успешно го дојам. Плус ми остави телефон и на вибер неколку пати се консултирав со неа.

    Од здравствен дом не дојде сестра ниеднаш, ваљда не ми следи ако сум породена на приватно.
     
    На Kaetana и EvieBabe им се допаѓа ова.
  11. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Андониа друшке честитки мила баш се израдував кога видов живо и здраво да е бебулето. Чајче од Ким со неколку зрна свари. Јас давам пробиотик Био гаиа со колиеф капки и правам масажички на стомачето со кокосово масло со кружни двжења како стрелките на часовникот. Легнувај на меше вежбички со ножињата како да возои точаче. Термофорче ставам и топла тетра пелена околу половинка. Ако го доиш може и ти да пиеш чај од ким.
     
    На rainbowmama и Andonia им се допаѓа ова.
  12. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    мамички колку мл ад давате на вашите бебиња на почеток и на колку часа..
     
  13. Andonia

    Andonia Популарен член

    Се зачлени на:
    2 март 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.043
    Пол:
    Женски
    Уште чајчето немам пробано да и дадам ,јас пијам чај од анасон о ким ама изгледа не и делува.
    Кажи ми како го подготвуваш чајчето?
     
  14. Andonia

    Andonia Популарен член

    Се зачлени на:
    2 март 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.043
    Пол:
    Женски
    И друштвото мие од помош значе и тоа :D на цела мака има нешто позитивно.синоќа така заспа на стомаче и на мене легната.
     
    На kockichka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Значи патронажната не ми се најави. Ми дојде пред порти и ми викаше од двор. И тоа на погрешно име :D А ние само што станавме, маж ми по гаќи лежи во кревет, јас малиот го дојам, собата катастрофа. Што очекуваш сабајле во 9 ? Арно на свеќи и текна да ја пречека и да ја одведе во дневна соба и и рече да се спремат децата поседи овде да ти сварам кафенце. Двајцата со маж ми едно турбо, јас со буци во раце собирај алишта бутај кај најдеш. Ама бидна, не посети, кажа веќе се што си знаев де од форум, де од мајка, де од свеќи и така. Ама ептен лошо што не ми се најави, па крени телфон, дај ми титка јас ќе те барам. Глупости трчај ко будала, да потсредиш, прв пат ти влегува во куќи....

    Туку со мозолчињата на моето лице што правиме??? Јас отсекогаш сум имала сува кожа и мозолче никако. Сега не можам да се познаам, а ништо не мачкам, само со вода на сабајле мијам очи. Претпоставувам хормони, ама па чудни ми се зошто никогаш не сум ги имала. :(
     
  16. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Ќе си пукнам од мака, колку е само настината мојата беба. Се прашувам каде настина, од дома не е излезена, единствено во советувалиште е однесена 3 пати и некој пат до кај мајка ми и тоа од кола директ дома. Ми се плачи. Толку мало бебе одвај диши, носот преполн и е. Не можи ни да спие, ни да цица.:( А ништо не ни дадоа на лекар, само да го чистиме носето.
     
  17. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Синомарин капки капнувај во носе директно
     
    На Magic13 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Оф бе душа :( Е кај настина бе? Да не спие до прозор или надворешен ѕид каде што фури ноќе? Јас кога беше најладно пред 10тина дена ја осетив една вечер кога ја земав за доење дека носето и образите и беа камен ладни (под прозор и е креветчето немаме избор) и многу и беше полно носето. Толку ми падна жал ја оставив до мене на спална цела ноќ и цел следен ден ми беше како на раб на настинување, носето со мрсулчиња. Ама се среди до вечерта и од тогаш после бањање почнав да ја оставам цела ноќ со капа, плус спие во дебела вреќичка. Ако осетам дека лицето и е многу ладно кога ја зимам за доење, ич не ни пробувам да ја вратам во креветче, ја оставам до мене. Не знам бебе што не се вади од дома како поинаку може да настине :(
     
    На Magic13 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    10.402
    Накаj 20 зрна вo 100 мл вoда.
     
    На rainbowmama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. еурокрем

    еурокрем Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2015
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Кај мене малиот нема до сега грчеви а имаме 3 полни месеци. Јас секое утро и секоја вечер во чајот Лакта микс што го пијам си ставам по една мала лажица ким. Дефинитивно тоа се покажа како 100% ефикасно. Го пробавме и тој да пие чајче од ким но го плукаше.
     
    На Andonia, rainbowmama и Larahappy им се допаѓа ова.