До прозор спие, и ние немаме многу простор. Ама топло е, со парно сме и плус во дебела вреќа спие. Стварно не знам каде се настина. Кога ја носевме на советувалиште минатата недела отидовме доста рано, можно е тогаш да ми настина. Внатре не беше баш најтопло, а бебе голо 15тина минути. Се изедов жива од нервози. Ставам синомарин и влечам со аспиратор. Плачи многу од влечењето.
Бебла конечно се врати во нормала. Ноќеска е само со едно будење, и тоа немаше да го биде, ама почна да прета и јас ја земав, искористив ситуација да сменам страна оти бев здрвена. Спиеше од 12 до 8 ипол. Проблем е само успивањето ноќе. Заспива во 8 па се буди за пола час свежа. Потоа пробувам да ја успијам во 10, заспива моментално и сама си се буди уште додека е на цицка по пола час, пак свежа. Конечното успивање овие неколку дена и е во 12. Како и да е, од вечер се враќа во креветче и конечно да ја пробаме вреќата за спиење. Штета што 5тиот скок е одма зад аголот. Импресивно е колку науката отишла до таму да буквално даде објаснување за однесувањето на бебињата во конкретен период.
Епа исти ни се значи беблациве. Од кога е роден до сега за заспивање така прави. Небитно дали е во скок или не. Заспива одма пример во 8,па точно за пола саат се буди како да спиел 5 саати, свеж. И така го презаспивам 2,3 пати додека не заспие убаво. Не знам зошто вака прави. Го легнуваш во 8,убаво заспива 2 саати после тоа.
Како ги облекувате бебињата за надвор ако ги носите во кенгур? Кога сум со количка облечена си е или во скафандер или јакниче а доле покриена со ќебе. Ама денес би пробала со кенгурот да ја изнесам малку, па отприлика да знам.
Откако му помина жолтицата на малово и врати родилна тежина, ми рекоа да не го будам, освен ако спие повеќе од 4-5 часа. Што никогаш не се случило.
Знам дека не треба да се споредува и секое бебе си е различно ама ме интересира кога почнаа вашите да фаќаат, онака да држат во раче нешто? Буби за два дена 3 месеци ама не фаќа така да држи уште, може да стегне прст кога некој и дава или ќебето силно да го стегне го влече преку глава дури понекогаш ама не фаќа уште тропалки. И уште не се смее на глас, иако многу гласно гуга. Може има врска и што е родена 35+2
На кај 4месеци почна да држе стабилно. Баш тогаш и ја земав софи жирафата. Инаку немора да значи дека ќе заостанува од другите ако е предвреме родено, но се остава повеќе време и не е ништо страшно. И мењаат преку ноќ, може утре да почне и да држе не се секирај.
Моето од старт спие по минимум 7 саати. Никогаш не сум го разбудила за јадење. Зошто да го буди ако спие повеќе од 4-5 часа ако не препорачал педијатар?
Веќе некое време течно какаат и двајцата, иако често се случува преку еден ден. На почетокот неколку пати во текот на денот какаа, сега еднаш. Некогаш и еднаш на два дена. Мислите дека треба да им сменам млеко? Инаку сме на Нан 1.
Одсекогаш сум мислела дека дете кога многу спие е болно или настинато. Е сега од иста мисла се плашам ама ко ќе ми текне дека се работи за бебе кое нормално треба повеќе да спие можам малку да се утешам. Ноќеска последно крај 12 и нешто цицаше и заспа а јас не знам дал спиев или медитирам ама знам дека до 7и нешто не се разбуди за цицање. Денес спиеше три пати по околу пола сат и еднаш 2 саати. Веќе сме 19 та недела и при крај со 4тиот скок. А воедно сме денес многу расположени.
Мајки,не бев сигурна каде да го поставам прашањево,па темава ми се виде најсоодветна Треба да почнам полека со купување облека за новороденче. Имам неколку бодиња од мерак купено 56ки и 50ки. Ме интресира вашето искуство околу димензии,колку парчиња од тие најмалите 50-56 ви беа потребни од прилика во почеток? Знам дека брзо растат,и секое бебче поинаку напредува,но не сакам да ми е од старт во преголема облека Фала ви однапред
Од 50ките јас имав 2-3 комплети, со бодиња-бенкици. Мене ми се најдоа, ги користев можеби 2-3 недели, оти не се роди нешто многу голем. И од 56ките ти се толку доволно, ајде можеби некое парче повеќе. 62ките се носат повеќе. Ама секако ќе биде веќе родено , па ќе имаш претстава што и како да купуваш. Јас сакав да му се точни, па не погрешив со 50ките што ги имав.
Многу зависи од тоа колкаво ќе се роди. Мојата буби се роди 2200, па најмногу ги износе најмалите. А сега овие 56-60 најбрзо ги израснува... Имав купено по 12тина боди на кратки, 12тина боди на долги, 6-7 ѕиврички, 6-7 шпихозни, 2 пара пижамки ама после мекици скоро се дуплираше купчето.
Мајки колку време може да стои замрзнато млеко?Имав замрзнато го извадив да се одмрзне во обичен фрижидер. Два дена стоеше во фрижидер и по неколку часа на собна температура.Но бебе испило многу малку.Незнам утре дали да и го дадат или да го фрлам?
Јас 50ки му облекував првите две недели, потоа му беа мали. 56ки исто така уште некоја недела. Најискористени до сега се 62 и 68ки. Ама како и да е, за почеток 50ки за да му бидат точни, доволно ти се.
Маjки сега на бањање приметив какo црвена да и е станата вакцината штo jа прими вo бoлница? Дури белo тoчкиче какo да има? Нoрмалнo е?
Мајки збудалев. Бебе ми е исфрлано неколку дена ептен и секоја можна крема ја пробавме и пак нема никакво подобрување. Порано имаше едно две лишајќиња, сега не е нормално по цело тело. Педијатар вели обична егзема е мачкај го почесто со обична крема, било каква. Мајка ми кажува што не сум му давала вода од тоа му било. Полудев. Имате ли некоја искуство? Ми се плаче.