Јас само споделив на мене педијатар како ми кажал, а 4-5 часа претпоставувам за да се одржи тој некој минимум од 8 подои дневно, бидејќи преку ден ми цица на два часа од прилика.
Бебето ми е пет ипол месеци, ковчињата некако многу му крцкаат .загрижена сум...на преглед сме дури после празниците..ваше мислење или пак слично искуство...
еве нешто за наша утеха ако е bsg вакцина треба да има таков белег. нас дури ни гноеше неколку пати. Јас испаничена одма на матичен појдов рече нормално е тоа значи дека била успешна. Само тапкање со вата натопена во јод
Ако е егзема треба да користиш колекција за тоа, неможе било која. Смени и купка и крем, за дерматит и мачкај 2 пати на ден. Дали јаде, дали си сменила прашок? Не користи омекнувач.
@dunika јас имав една 50ка комплет и и беше ептен кнап. Дали 10 дена и беше точно. Се роди 3ипол кила 51цм. 56ките повеќе ми се најдоа за почеток.
Мое бебе во понеделникот направи 3 месеци. После 2 и нешто месеци почнав да го ставам во игрална, прво само се радуваше на шаренилата, преташе, гугаше,се смееше (уште не на глас ) ден за ден јас се повеќе се изненадував колку почна да учи и да се снаоѓа. Веќе свесно ги погодува играчките, ги фаќа, ги држи, ги тегне (се накај уста носи), и рачињата ги држи споени едно со друго. Пред некој ден цуцлата со прстињата фино си ја извади од уста и ја фрли прилично далеку. Потезите со раце му се многу покоординирани. Релаксатор не сака ни 5 мин, па ова ни е најискористеното нешто и ме радува што вака ја развива цела моторика.
Нашиот педијатар смета дека за обнова на сите физиолошки и мозочни функции е неопходен квалитетен, длабок и непрекинат сон. Бебе кое што се буди ноќе, најчесто не е гладно туку бара само блискост. Сепак, секој нека прави како што го советува педијатарот.
И моето не се смее на глас. Сама не посегнува по играчки, малку може да заджи тропалка ако и ја наместам во рака. Исто ќебето го тегне и лигавките, рачето цело време го шмука и си го гледа. Не споредувај и не читај многу на интернет. Јас така за син ми само барав по интернет што треба што не треба да прави, нервози непотребни. Сега сум поопуштена со ќерка ми.
Точно дека бараат блискост да осети дека си тука. И јас не будам бебе никогаш дури прво пробувам да го фатам за раче или за главче и само што ке ме осети презаспива. Ако не заспие тогаш цица и супер си напредува има два ипол месеци и седум кила, се роди скоро четири кила
Здраво, не знам дали мојов пост е за тука, меѓутоа морав некаде да пишам... Синко е 5+, еве некој период е сосема непрепознатлив, се чудам и си викам ова не е моето бебе.. наеднаш ми стана многу кенкав, не дека предходно не беше, ама не до волку.. преку ден ми спие по пола саат но повеќе пати (нон стпо е така), знаеше и сам еден период да си заспие, тогаш си имаше ред да речам, сега со кенкање едвај заспива.. исто и навечер, веќе 7/7 и нешто веќе беше заспан, зависи како го бањавме, тогаш секој ден, сега преку еден, ....и се будеше дури 1/2 по полноќ, знаеше неколку часа да сврзе, сега како преку ден, на 2 часа бара цице, плус пак со нас спие, а убаво си се навикна во креветче, пробувам да го легнам одма пишти се буди и иако е цврсто успан.. што се дешава..некоја слично искуство со бебе...дали една ми го УРОЧИ/ПРОКОЛНА да не речам..ми вика да му дадам лесно сонче да има и се фаќа за злато и промрморе нешто и му го кажа името на глас.. мислам од тогаш дека се се смени, има ли некоја врска или само случајност е...
Пред една недела беше чичкото на гости. На брадата на средина имаше црвенило. Кога го прашавме што му е ,рече ништо, се копав. Не обратив внимание во моментот,после сфатив дека може да е херпес, веќе заздравен со кора. Го држеше бебето во раце и колку што видов не го баци. После некој ден на мали доле под тестисите на десна страна накај ногата му се појави црвен круг. Денес гледам тој круг има повеќе мали кругчиња. Мачкам со судокрем цело време,ама ме јаде јанѕа да не го пренел вирусот. Жива ќе се изедам што не изреагирав во моментот. Големината е малку помала од зрно грашок. Дали е можно да е тоа? И аман со луѓево што доаѓаат на повојница и користат прилика додека да ги послужиме, да си го земат бебе во раце како од самопослуга ,без да прашаат дали смеат!!
Не постојат уроци и проклетства. Бебе е ќе менува. Може да сте во петтиот скок. Ќе се врати во нормала.
@The Unicorn @лукајана Ако ви спијат повеќе од 5 часа стварно ви завидувам. На малово не му се случило повеќе од 3-4. Додуша само месец и нешто е, можеби затоа? Забележувам деновиве ме бара и за блискост а не само за јадење. Па "цица" и многу почесто. Кога сум тука да прашам, навечер додека спие знае да кенка, па дури и како да ’ржи. Не ги собира и стега ноџињата ама ги тегне и исправува. И има гасови. Дали се работи за грчеви? Го масирам ама не знам дали да му давам нешто плус.
Мајки 6+ сме , еве како два дена ми грчи со носето затнато е прскам носе со спреј и го чистам со пумпа но пак исто е. Што можа да земам да и помине или да ја однесам на педијатар?
@Baby boo не постојат такви глупости, немој да те лаже ѓавол по бајачки да тргнеш, полошо ќе направиш. Фаза е, скок, ќе пројде за недела дена. Ако веќе не си раат, подобро во црква однеси го нека го помазат со масленце. @kitty.m вака сега кога те читам, да, уствари и моево ја фаќа цуцлата, ја вади ја става сама. Не ми ни текнало на тоа, ама добро, мислам на нешто потешко ете како играчка. Инаку во право си, игралната е закон. Не очекував да е толку добра, ние ја купивме дури пред една недела; бебе се прероди. Игра внатре, гуга, вика, клоца, подава рачиња, ја тресе целата. Може требаше порано да ја купиме. @Sofi.ja не знам што е црвенилото ама сочувствувам. Не знам со луѓето како веќе, дури и најблиски. Моиве се толку збеснати по неа што секој втор ден доаѓаат, не можат да издржат и не ми пречи тоа, ама сите само ја грабаат, и зборат, и прават фаци, ја влечат, ја играат и после ми плаче ноќе во сон. Еве вчера бевме на ручек 6 души, викаа, се смееја, го нападнаа бебе и цела ноќ кенка плаче без да се разбуди, преживува одново. Инаку, главно што земав да пишам сабајлево - БЕБЕ ЈА ПРЕСПА ЦЕЛА НОЌ ЗА ПРВПАТ! Јас бев кома вчера и легнав во 21.30. Она исто заспа ама ја слушнав дека се разбуди во 22 и нешто. Неколку пати се будев го измачи маж ми до кај 00.30 не можеше да ја заспие збесната беше од луѓе. Сега го прашувам, вика во 00.30 и дал одмолзено млеко 170мл и се комирала. Дали беше многу уморна, дали многу ја најал... Во последно време цица пократко, но на 2 саати наместо на 3, нема шанси да пие повеќе од 100-120мл претпоставувам. Се будев неколку пати ноќеска да видам што се дешава зошто не се буди, она спие ли спие. И сега во 8 дури намерно ја разбудив зашто веќе шубе ме фати. Се нацица онака лакомо гладно и пак заспа
Ние веќе со полни 4 месеци малиот се исчисти од брунчињата за кои педијатар ни рече дека е можно да е коксаки. Го мачкав само со пантексол маст и премивав со хиперманган. Ноќеска забележав дека и мене ми се имаат појавено неколку такви меурести брунчиња на стапалата од долна страна. Сигурно додека ги третирам кај него се има пренесено и кај мене. Налет на се и настината сум, грло ептен црвено,кашлам , два вечери температура. Ми препишаа цефалексин и пробиотик за бебе да не го фати пролифче. Дали смеам да јадам мед додека дојам? Среќа што мм ми помага ноќе, ќе ми го подаде за доење ќе го легне во креветче и ајде мене ме масира , оцет на нозе , само да се опоравам побргу . Туку и ова 4ов скок до кога трае бебуш сеуште ми се буди ноќе на час и половина ретко кога два часа или повеќе ќе сврзе, а што убаво си дремнувавме порано во цел ноќ еднаш ќе се пробудеше. Ми фалат тие ноќи успани.
Немав ни размислено, јас скоро секое сабајле ставам третина лажичка мед наместо шеќер во нес кафето и досега немало проблем...