Синоќа нешто ноќта им била погодена мојава сама заспа во креветче околу 10, се разбуди само за цицање во 4, и продолжи до 8 Уште јас да не се будев од време на време да ја проверам што е толку тивка, супер ќе беше
Сменив прашок да, сега се вратив пак на Ариел. Јаде. Бидоерма земавме за дерматит ама најлошо се покажа, дури и како првут му направи. Земавме и маст на оџата, последна надеж ни е тоа ама не ни е уште почната... Некои денови се смирува, некои повеќе се иритира.
Душиче. Прашај доктор да не е вирусно. Веќе преку глава ми е и мене од гости, од повојници. И многу се нервирам кога ја бакнуваат. Уморна сум и психички и физички.
Да не се зарече човек Цела ноќ се будеше на саат време и плачеше во сон, таков жален целиот. Вчера го боцкавме за крвна слика и мислам од тоа беше таков, се изнаплака таму. Јас психички се спремав за вакцините денес, и ич не можев да заспијам. Првата вакцина беше хорор од плачење, ама затоа овој пат глас не пушти. Ме изненади Се уби од смеење со белите мантили таму Да чекам реакции сега
Примавте втора доза шестовалентна и рота? После колку време од првата? Ние завчера ја примивме првата, не качи температура,добар е
Сосема нормално, може да пукне и да се направи краста, но и не мора. Дерматит е ова, не ми личи на атопичен, оти вака не се нафрлаат по цело тело, туку само на одредени места. Ова како некоја реакција од нешто ново, храна, прашок, омекнувач... Нормално е, растат, меки се коските, и крцкањето е сосема нормално. Регресија во спиење, малку подоцна, ама не може да ја избегнеш. ќе менува, помалце ќе спие, плус комбинирано со петтиот скок. Какви уроци, какви глупости, нормално е ова кај бебињата. Уште колку ќе менува, да знаеш... Ако е херпес, нема таму да се појави. Кај син ми вака почнуваа да се формираат лишаите кога му се појави атопичен дерматит. Следи дали ќе се зголемува и дали ќе се појавува на друго место.
Петовалентна и втора доза рота. После 45дена од првата. Нема никаква реакција засега. За разлика од првиот пат качи и тт имаше грчеви и пролив.
Штом си сменила прашок од тоа е, ќе треба некое време да третираш. Ако не одговара биодерма смени друга, дур да погодиш е тешко. Види да не ти реагира на некоја храна ама вака по телото изгледа од прашокот ќе биде. Препери ги сите алишта и на дупло плавење.
Мајки како да знам дали на бебе му е ладно при спиење? Навечер спиеме во дневна , затоа што во спална ни е грч ладно. Во дневна одржуваме преку ден 25, а навечер околу 22 до клима. Спие со боди на куси ракавчиња и тренерчиња или шпикозни прекриен со тенко кебенце , но кога и да го земам за доење главчето на темето и обравчињата му се ладни.
Јас моиве како кученца по носот ги проверувам. Ако е ладен, дефиниривно им е ладно. После проверувам раце. Образи е нормално да се поладни, ама за темето мислам дека не треба да е ладно.
Ние петок сме за петвовалентна и Рота втора доза. Со првата поминавме Супер без реакција. Сега ќе видиме. Вчера бебе ме извади од памет. Од добро стоење и гугање кога рече плачам со зајдување. Цел саат плачеше. Препоти со ладна пот и пребледи. После како со нож и помина се. Најверојатно грчеви, но прв пат вака да ми плачи. Или скокот. Моментално влегуваме 18 недела по термин.
Нормално е носот да е ладен. Пипнете ги на грпчето или стомачето, ако таму се ладни, ладно им е. Преку главата бебињата ја регулираат температурата на телото. @PoisonGirl 22 степени е висока температура за спиење. Идеална е околу 15 степени.
Маjки ве мoлам за мислење... Бебе мoе кoга ќе дojде време за цицање 2 часа да jа oставам тoлку ќе цица, кoнтинуиранo влечење. Се трга самo акo заспие. Пoсле цицање акo и пoнудам сo шише и тoа гo пие...за на краj се да пoврати. Пелени пoлни убавo сo нoрмална бojа на кака... Ве читам дека бебињата ви цицаат пo 10 мин... Мислење
Исто бебе имав ама не повраќаше. Ретко бљуцкаше општо. Јас ја оставав колку сака. Твоево секако го повраќа вишокот. А зашто нудиш и шише кога знаеш дека е прејадена? А ако ја тргнеш плаче?
Имаш млеко. Се менува да. Трпение. Ќе смени сакала неќела. Чим не плаче кога ја тргаш, пробај намалувај ги временски подоите. После колку време бара пак? Верувај ми најадена е уште во првите 20 минути. Ако не е, ќе знаеш.
Мојава до скоро 4 месеци така си цицаше, буквално висеше на цицка и смени скроз сега цица на 2 или 3 часа, и најмногу и е 10 минути цицање. Само навечер пред спиење цица по 40-тина минути. Ќе смени со тек на време.