Ова со ноќново спиење не префати и нас изгледа дај боже да потрае. Бебе прв пат спиеше 6 саати поврзано во текот на ноќта. Цицаше,па следно будење за 3 часа за цицање,па по два часа се разбуди наспан,свеж,насмеан. Пред малку пак цицаше и заспа. Во колку часот си легнуваат навечер вашите бебиња,за ноќно спиење? Моево мислам од почеток,околу 11,11ипол заспива цицајќи. Некогаш и без да цица ќе заспие,ама од страв да не ми се разбуди рано во текот на ноќта,ќе го земам и ќе му дадам да цица. Се мислам да не е касно легнувањево и како да го сменам. Он си има дремки кај 9,10 знае да спие и по 20мин и по 1 час, ама крајното е кај 11...
Мајки, незнам зошто бебе несака да спие.Овие 3-4 дена не спие по цела вечер.Ја заспивам во раце ја ставам во кревет спие 15 мин и се буди и цела вечер така.Овие денови малку кашла и носот и е затнат,дали е поради тоа стварно незнам
Моето преку ден спие речиси секогаш во исто време. Ама кратко. Ако не се разбуди за 3 минути, спие 10, ако не се разбуди за 10, спие неверојатни 20. Издржува буден повеќе, некогаш и над 2 саати. Ноќе се комира точно во 9. Неверојатно, ама без отстапки, без разлика колку и кога спиел претходно. Спие до 9. 20. Цица и се мази со мене до кај 10 кога е конечно цврсто заспан. Во 12 е прво будење, кое некогаш го рипа и тогаш станува во 3. Второто, евентуално нели прво будење е во 3. Е тогаш е свеж, наспан и спремен за игра. Гуга колку што го држи глас, се смее, чепка по нас со рачињата и тера така скоро 2 саати. После почнува да вриска колку што го држи глас и тоа трае саат време. Ништо не го смирува, оти ни тој не знае зошто го прави тоа. И така фаќа скоро 6 и нешто кога пак се успива некои 30 минути и спремен е да го почне денот. Единствено што ми одговара е што ноќе цица еднаш и натаму одбива до утрината. Па така мм превзема, а јас спијам или си седам со самата себе. Тоа што почесто не сум наспана во ноќите кога можам да спијам, не е до бебето, ами до мене. Оти некогаш бирам да останам до подоцна колку и да сум уморна, оти ми треба време за себе. И единственото што го имам е ноќниот период. А и серии треба да се гледаат, нема смисла да заостанувам. Е тоа што син на мајка станува баш кога ќе легнам е до Марфи, ич не е до него.
Далеку сме до првиот скок ама помалово близначе богами тежок уште сега е. Поголемиов батко како да немаме бебе дома. Најаден, сув, изгушкан и него тоа му е доволно. Уста не отвара. Треба ептен да го каснам за хранење за да заплаче. Многу, многу е кроток. Затоа малово... Мм го нарече "мексичко чили". Со право! Деновиве за се плаче. Незнам дали има врска што почна поретко да кака па мешето го притиска... Трет ден денес не е какан. Синоќа плачењето достигна кулминација... Сабајлево како друго дете ама пак е прилично кенкав. Големиот батко само гледа и слуша. Сте збореле за ноќното хранење, моиве ставаат еднаш. Последен оброк им давам кај 23 часот на едниот 00 на другиот. Првонахранетиот става кај 4 за хранење, другиот кај 5. Се будиме кај 8 и почнува денот. На 300 ума сум дали да им сменам храна и така. За тоа дебатираме со мм со денови. И така си лета времето.... Ве гушкаме
Ајде помош од тие што тазе стававте вакцини на два месеци Се опремив со се, ама заборавив да прашам дали смее да се бања бебка деновиве? Прими рота и хекса.
Да прашам нешто. Бебло еве 4 месеци има и забележав дека во стапалата се поти. Со првото не ав таква "мака" мислам во ред е да се потиме на нозе ама бебе од 4 месеци.... ??
Нормално е. Сите потат. Јас не знам бебе што не поти, затоа и нозете им се ладни често. Не облекувај го многу.
Ау подобро нека ми заспива во 11 отколку да играм ноќе ма да знам дека ќе има и такви пероди во иднина, од искуство од деца на другарки. Мм не може ништо да преземе ноќе зошто сабајле во 6 станува за на работа ептен за итни ситуации ќе стане,нормално. Моево ќе заспие најкасно до 12, ама јас си легнувам 1,2, иако уморна. Баш што викаш ми треба време за самата мене
Исти сме и ние. Во 11, 11 и пол заспива. Некогаш се буди кај 3 саатот, некогаш во 6 прво станување и пак презаспива до кај 9 или 9 и пол. И јас мислам дека е многу доцна заспивањето, ама веќе се навикна така, не верувам да смени. Сепак мислам дете до 9 или 10 треба веќе да е заспано. Обично легнувам и јас тоа време, максимално да искористам, наутро станувам рано со поголемото дете за на школо. Синоќа во 3 се разбудив наспана и повеќе од саат време око не затворив, затоа денес дремам од нога
Маjкички бидете среќни дo 2 дежурам секojа нoќ. Незнам какo да и сменам... и преку ден не спие...едваj се издржува
Здраво мајки 6+ сме и овие дена слабо јаде и слабо пие млеко што може да е ? Што да и давам затвора уста и плаче а јадеше се што и давав и млекото исто не го пие како што пиеше
Јас сум била среќница. Бебе го бањам од 19-19:30 цица и во 20:00 е заспана. Спие цели дванаесет часа до 8:00 утрото со еден подој во 2 часот и евентуално ретко може кај 5:30 уште еден. Преку ден преспива 4-5 пати. Кај 10:00, 13:00 15:00 и 17:00 по еден час. И бројам околу 17-18 часа ги спие. ПупуПупу машала Да видиме да не не фати сега регресија во спиење. Према синко кој во кревет не легнуваше оваа е шампион. И Мама одморена и дома средено.
Па сега ми е супер или барем многу подобро од што беше. Оти до скоро цицаше нон стоп ноќе, дека тешко идеше цицањето преку ден, па така веројатно надокнадуваше. Ми смени и бољи ми е вака да тера. Со тоа што јас не си играм со него ноќе, а ниту мм, оти сакаме да научи дека е тоа време кога се спие. Освен гушкање, помалку нишкање и некоја демек приспивна песничка во надеж дека ќе заспие, нема друго. Светлото исто останува пригушено. Тука таму и некое тивко зборење треба да спиеш итн. И ова би го исклучила, ама па ми е жал и ништо да не му кажуваме, а оно си гуга. Е сега до кога ќе трае оваа фаза, не знам. Ама еве се спремам и вечерва да си седам со самата себе. Ние со мм се менуваме. Некад он ја спие цела вечер, некад јас, (освен за подој) некад се мењаме на пола. Еве сега мене 2 ноќи слободни ми се фатија. Одморен делуваше па го наместив. Ама не се толку тешки овие ноќи. Јас да трае од 3 натака, али бољи него да ми вриска цела вечер и да се чудиме што му е. За преку ден ич да не раскажувам. Зомби у движење.
мене првото ми се потеше во вратот и на долниот дел од главата. Утоп,чиниш од туширање излегол. Ова сега на стапалата. Па се мислам дали смеам да ставам од онаа бебешка пудра бела што е. Со неа да го масирам по ноџињата. Инаку еве една корисна статија. Читам дека доста мајки имаат мака со спиење успивање или должина да сонот (спиењето) https://pedijatar.mk/bebeto-se-budi-vo-tekot-na-nokta-i-teshko-se-uspiva-vo-shto-greshat-roditelite/
Мојот спие добро со 1, максимум 2 станувања ноќе. Она што ме збуни е што педијатарот ми сугерира да му го намалам постепено ноќниот подој и да го прекинам за некоја недела. Демек веќе има развиен желудник и може да ја истера цела ноќ без цицање. Баш ќе пробам со намалување од 10мин цицање навечер со 7, па 4... Намерата е дека потребен им е долг сон, а цицање навечер ствара лоши навики за јадење во сред ноќ...
Јас не можам да се пофалам со спиењето. Беба моја преку цел ден дремнува неколку пати по пола саат, а кога станува изгледа како да спиел 2саати. Ноќе е цело време закачен на цицка, не ни бројам подои оти се е измешано. Таков му беше и големиот. Освен да се навикнам друго не останува. Затоа мама скина килажа за екстра кратко време.
Има ли будни Мами? Ние полека се стабилизираме од прв скок. Еве бебо стана за јадење испи и продолжи да нане. Инаку пиштеше до 2 да не знаиш шо му е. Не сака да јади не сака термофор не сака да лежи не сака во раци.... Ама да не си го подречам Туку овие денови жива се изедов не јади едвај со сила . Крај не му се знае некогаш си пие 90мл а некогаш 60 па дури и 30мл. Ми е мака зошто не сака кога сака кига не... Изгледа и тоа е дел од скокот. Утре одиме на мерење да видам дали напредува.
Адамс и моите беа така пред десетина дена... Се стабилизираа и сега си јадат убаво. Незнам дали станува збор за скок, ама и моиве изведуваат нешто. Помалово не плаче само кога спие. Еве веќе трет ден е таков. Па паника ме фаќа кога мм не е дома... Најадени и повеќе отколку што треба, а тие се тресат буквално по цуцлата лажалка. Да не не ги заситува млекото... Му запнав на млекото знам Сношти спиев од 23 часот до 07 наутро. Стана само поголемиот кај 5. Лапоса цело шише со затворени очи и пак кома. Сабајле мајка свежа па натенате средив се низ дома. Веќе сами и се бањаме, сношти со мм ги средивме тип топ. Досега најмалку плачеле. Бабите кога бањаа пиштеа на цел глас. Заклучок: Мајката си знае најубаво Ете така, си се пофалив. Ами горда на себе па што сум... Тих, тих.. Убав ден мајкички