Од кога станав мајка и сфатив колку е тешко, за мене мајки на близнаци се д бест. Жени херојки. И да си се фалиш
Околу капењето и моево на почетокот неколку пати го капеше свекрва ми. Зајдуваше од плачење. Од ко почнав сама да си го капам глас не пушта, си гуга си ужива, со кејф да го капиш. Е некогаш за облекување вришти, не успевам на раат да си го наместам ама и то ќе средиме ко ќе може да се занимава со играчки. Бебе ко бебе, некогаш ќе спие цел ден, некогаш ич, некогаш ко моево ќе се прејаде па се ќе поврати. Сабајлево стана во 5 за млеко, дур го направив сите ги разбуди. Му го давам, пола сат го пиеше. После 2 сати пак стана, пак бараше млеко. Му дадов, едвај 30 испи и си продолжи. А цуцлата лажачка не ја сакаше. Само без нервози, ќе си менуваат секој ден, секакви периоди ќе има. Некогаш не ни осеќам дека имам бебе, некогаш грбот ми се распаѓа од држење в раце. Со првото и јас нон стоп за се нешто се нервирав. Сега помалку, веќе знам шо ме чека.
Здраво мајки, 8 дена имаме со бебуш и сме на мајчино млеко и аптамил 1-2 пати на ден и се мислам од кои капки да започниме дали Д3 или Д3 +К1 јас земав од овие но не знам дали да ги сменам
Овие на самото упатство пишува дека се од 3 месеци, д3+омега. Нас ни ги дадоа со полни два да ги почнеме, зашто многу нагло се издолжи малата. Такво објаснување добив. А дали со К или без, препрашајте си.
Маjки бебе неjќе денес да цица, утрoвo дoдека дoев се тргна и на секoj oбид да jа ставам да цица плаче се трга. Измoлзев и дадoв сo шишенце испи нo самo пo 50 и дадoв заштo ми е срав да не се oдбива? Иначе се смее нема прoмена вo распoлoжение. Истo и ставам да цица дoдека спие. Штo мoже да и е?
После сто години да ти пишам... Со мачката ништо не се дешава. Со ќерката ептен се здушија тек кога таа прооде... И тоа ако се нарекува задушување... Секогаш ја држевме на некоја дистанца затоа што сепак мачорот не трпи баш гњавење. Мислам дистанца од типот ја предупредувавме дека ако не сака да си игра нема да знае како да ѝ каже и може да ја гребне. А кога беше бебе, и сега со синчето, не ги перцепира. Као ок, бебе. Толку. Не му доаѓа, не го чепка. Ништо. Инаку ние добри сме. Последните мерења пак не поминаа најсјајно, две недели 130... Ама имаше и вакцина па беше зашеметен малце. Докторот не е ама баш ич загрижен, го гледа, вика одличен е со развојот. Се смее, гуга, весел е. 4 цицки нудам на подој... пикам цицка во уста, се трга и плаче. Кога не сака, тоа е. Стискам, има уште. Плаче, се смирува кога ќе го исправам. Уште бљуцка, не како претходно, ама не е престанато. Ждрига и прди ко возрасен. ))) Здрав е и тоа ми е најважно. На 7 сме на втора доза вакцина и мерење. Да видиме како е. За спиење сте затерале муабет. Преку ден најубаво спие ако го шетам надвор. Шеталче е и ужива во количка. До лифтот не сме стигнале, тој си заспал. Инаку дома потешко. Преку ден фаќа 2-3 саати некаде. И уште по 20 минути неколку пати на цицка. Навечер заспива во 11-12. Па 2-3 цица некаде. Па 5-6. Па 8. И толку. Денот пак почнува. ))
Земав ад за секој случај дома да имам. Е сега пишуваа во упатсвото до 6месеци е над 6месеци е друг тип. Ако не го отворам до 6месеци, смеам да го киристам после тоа?
Леле исто, само шѕо мој буци нема шанси да заспие без шише. Гладен е постојано. Денес ми беше на гради од 8.30 до 13 со паузи од 10-15 мин кога заспиваше и пак се будеше. За на крај да му направам 60 мл адаптирано за да заспие. Спиеше после тоа 3 и пол саати. Сега пак се мачиме, од 17.00 часот навака де на едно цице де на друго. Сакам да заспие без да го доранувам, ама тешка работа. ☹️Изгледа немам доволно млеко, или пак не го местам на града како што треба, ама пак си влече и си голта. Не знам што да правам, ми требаше до сега млеко да ми тече без стискање , Буци е 10 дена.
Во составот се различни, до 6 месеци е послабо. Ако го користиш ретко колку да имаш дома, чувај го. Ќе ти заврши некогаш работа. Ако е за секојдневно пиење земи си 2ка.
Здравје се надевам ќе имам млеко, за така ми е кога (ако) ќе се задржам подолго кога сум испадната да го залажат. Супер фала на одговорот Инаку четврти скок го поминавме уште пола недела има и ноќеска прв пат ми стана во 2,а од пола месец си врзува по 6-7часа. Ептен кај нас нема врска не се дешаваат работите што треба не гледав некоја промена. Дали е тоа за загрижување или сум една од посреќните?
Штом слушаш како голта значи имаш млеко.И моето првиот месец нон стоп цицаше,еве втор месец тераме се среди па цица на 2-3саати.Мало е уште давај кога сака и колку сака,знам напорно е на почеток ама ќе се среди.
Не знам што се случи... тамам се врати во нормала со спиењето, еве 2 ноќи по ред пак по старо. Вчера се будеше пак на 45 мин. ама ноќва.. е ноќва кулминација до сега, се будеше на секое спуштање на кревет, цела ноќ само да е во раце и на цицка. Секое ковче ме боли, главава ми е шашма, очајно ми фали сон, ќе се распаднам. Мислев излеговме од скок... или уште не сме, или 5ти не мавна ептен брзо. Ама ако е вака, жими се тешко се издржува...
Можеби вие го преживувате и нашиот скок. Веќе 18 по термин 19 недела од раѓање само чекам громче. Да не се повторувам спие 12 часа ноќе5-6 преку ден. Само еден ден Плачеше 1 саат и толку. На мм му велам јас уште едно ќе раѓам а тој Вчера вакцина прими петтовлентна и рота, за сега после 26 саати е Супер. @Мариаа. Како поминавте вие? После колку време дава реакција? И @Septemvri I @marchi-cool тука негде сме за вакцини. За млекото ќе прашував нешто ама ај во соодветна тема.
Ние добро поминавме со вакцините, од првата доза рота имаше поголеми грчеви и вознемиреност. Од втората доза и петовалентната ништо, малку вознемиреност ама ок, во рамки на изджливо. Мислам дека штом поминале толку саати нема ни да има ништо.
@Presrekna Супер поминавме. Никаква реакција немаше, точно 72 часа поминаа. Првиот пат ужас. Тт, течни столици, грчеви.. Овој пат топ
Фала генерацио. Ние и првата ја поминавме Супер, само од ротата уште повеќе поспана беше. Како планирате за дохрана? На доење сте сеуште? И @Yowannty ќе ја вклучам за дохрана, бидејќи за вакцини мислам различни се во Грција или грешам. И уште ова. За 1 недела одиме Банско 7 дена. Што предлагате да земам за секој случај? Мислам @Septemvri е фармацевт. Зедов ефералган чепчиња од 80, електролити на бекутан, еспамусан капки. Др нешто не ми паѓа на памет. Антибиотици не земам не дај Боже ако треба нема да седам таму. Фала ви уште еднаш
@Presrekna првиот пат рота беше без реакција, од ревакцината имаше нелагодност, мали грчеви, цревцата и кркореа почесто и беше раздразлива. За сега вакцините се исти освен што овде не се прима бсж. Ја има во имунолошки календар ама стои во графата на опционални. Не ја ставивме, овде немаат пракса да ја ставаат. За дохрана педијатарката ми рече од нареден преглед ќе ми даде список за да почнеме, као од 5ти месец. Наредна контрола ни е на 20ти. Бебе сеуште не покажува никаков интерес за храна. Овој месец цица по цела ноќ ради скокот, па искрено очекувам да напредне повеќе од прошли, ама и да не напредне повеќе, ќе следам знаци. И на интернет читав дека не е доволно само бебето да достигне тежина за дохрана, туку треба да се следи и неговиот интерес и најчесто досега за се е така, кога бебе е спремно за нешто ново самото ќе си покаже. Најрано што би почнала со дохрана ќе биде Февруари почеток, на 5ипол месеци. Освен ако има потреба од порано. А ако сеуште не покаже интерес и си е сито од моето млеко и тоа му е доволно, ќе си терам ексклузивно доење до 6ти, како што всушност и препорачува СЗО.
ние примивме рота и тие со неа (заборавив кои беа) и крена тт вечерта. За малерот па не оставаше да му мерам тт а на допир беше топол. Успеа само до 2ипол мин да го сочува топломерот и беше 37.8 максимално. Ама дадов ноќта парацетамол пред спиење. Другата ден немаше ништо. Сега следна вакцина на 23 ти јануари. А ова со скоковиве чудни ми се. Еден ден е супер друг ден како од живеачката да му е смачено. А еве од понеделник сме 20та недела по термин. Еднаш се навива во 12:30 и до 8:30 ако верувате ич не се разбуди јас не се сеќавам се на штрек сум веќе повеќе на медитирање ми е ноќта одколку на спиење. Ама кога утрото ми беа градите исто како што ми беа на месец после породување знаев дека ноќта не цицал па едната града ја испразни а другата морав да ја измолзам инаку ќе ми пукнеше. кога е втората доза на рота? јас со дохрана од 5ти ќе почнам. А имам давано да лизне колку да осети вкус. Морков баш вчера дадов 3-4 лажички и се изненадив како му се допадна вкусот.