Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. ☁сон☁

    ☁сон☁ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    @marchi-cool Мене ми кажаа откако ќе наполни 4 месеци, можам да ја носам за втора доза рота.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  2. maja1511

    maja1511 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Епа добар ден и од мене...деновиве полни раце работа...ве читам ама никако да стигнам да пишам..бебе е супер ние почнавме со дохрана по предлог на педијатарот...на последно мерење пред 1 недела беше 6600 4 полни месеци...цицаме сеуште ама многу е лаком нека е жив и здрав да може од уста ќе ти земе:Dги примивме втора доза рота и шестовалентната на почеток на месецов реација некоја посебна немаше...ја читам Пресреќна прашува за дохрана ....бебињата ни се еден ден разлика
    Јас почнав со тиквичка 2 дена па 2 дена морков вчера и денес сме на компир варено пасирано бебе се мршти на првите 2 лажички а после се тепа :Dда ја држи лажичката сам да става во уста...абе циркус без пари:D
    Навечер се успиваме околу 9 станува 2 пати за цицање и сабајле во 6-7 станува...толку од мене мајки имајте убави празници поздрав
     
    На Baby boo, Andonia и Presrekna им се допаѓа ова.
  3. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.538
    Допаѓања:
    9.895
    Пол:
    Женски
    На ова би додала само пробиотици, друго ништо. Колку што знам не сте почнале со храна само на доење сте. Друго ништо неможе да се даде без преглед од лекар на оваа возраст. Убаво да се одморите на чист воздух:)
     
    На Andonia и Presrekna им се допаѓа ова.
  4. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.538
    Допаѓања:
    9.895
    Пол:
    Женски
    Втора доза прими на 3 месеци+3недели заедно со петвалентната.
     
    На marchi-cool и Presrekna им се допаѓа ова.
  5. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    2.161
    Пол:
    Женски
    Мајка мислам сите тоа го имаме поминато. Дали дека растат, се им е поинтересно од јадење и спиење.
    Пробај да доиш кога е поспана, и менувај положби на доење. Мене неколку пати само тоа ме спаси, ваљда фактор изненадување кога ќе ја наместиш поинаку:D
    Само упорно, пази не менувај дезодоранси, не ставај лосиони и слично. Велат и уво може да ги боли што не мора да значи, пипни зад уше ако не плаче не е тоа.
    Поздрав
     
    На Septemvri и Larahappy им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    ние па првата доза ја примивме ден пред да направиме 3 месеци а ни закажаа следна вакцина на 23ти јануари,ќе имаме полна 23та недела односно 5 месеци и една недела. Баш ќе видам што треба да примаме тогаш.
     
    На ☁сон☁ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Леле се нервирам. Што народ не влезе кај буци изминатата недела , и нормално сега носот му се растече. :( Целиот крчка и од тоа мислам и бљуцка чат пат. А сите ми се правдаа " не сме болни онака носот ни тече" :@ значи ич да се немало памет, 10 дена дете. Ај барем апетитот не му е сменет. А не ми се оди по болници на ова време може навистина ќе го разболам. Ај читав овде се чисти од плодова вода може од тоа е крчкањето. Па нели надри лекари сите од што сум му ставаала физиолошки раствор од тоа му течело и крчкало носето. А јас по една капка физиолошки колку да ги омекне мрсулчињата за да ги шмукнам со аспиратор... Ај доста се жалев се надевам не е ништо ама тоа крчкањето малце ме загрижува.
     
    На Mia Fuentes и Larahappy им се допаѓа ова.
  8. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.538
    Допаѓања:
    9.895
    Пол:
    Женски
    Штом сте примиле една доза, со следната треба да има разлика од 45 дена.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ☁сон☁

    ☁сон☁ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Можно ли е да се јави зелена столица како реакција на вакцините? Ниту сум јадела нешто ново, ниту бебе прима суплементи за железо. Од вчера три пати кака така.
    Бара повеќе да јаде , ама не ми делува дека е гладна
     
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.323
    Допаѓања:
    28.119
    Без осет се луѓево. Кажувај им да доаѓаат кога ќе напраи месец барем.
     
    На Magic13 и Vanessa9li им се допаѓа ова.
  11. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.538
    Допаѓања:
    9.895
    Пол:
    Женски
    Не би требало од вакцина зелена столица, следи ако се повторува и утре консултирајте педијатар.
     
  12. ☁сон☁

    ☁сон☁ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Земав млеко плус сега, да пробам да и додадам после цицање, да не случајно и треба уште... Ако не, не ни бега лекар утре
     
  13. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Јас можам да ти кажам патронажната што ми рече за како да знам дека не го ранам буци доволно. Рече столицата ќе му е зелена и ќе има некако киселкав здив. Значи еден индикатор за зелена столица е недоволна исхрана. Ама сепак консултација со лекар најдобро е.
     
    На ☁сон☁ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Не е страшно доколку бебчето си јади како и претходно.. и ние имавме еднаш зеленкаста кака и бевме на контрола др. рече дека не е ништо страшно за бојата .. ние си јадиме машала и доста напредуваме .. сеа повторно ни зголемија на мл.. баш зелена е или како сенф жолто зелена некако... ?
     
    На Vanessa9li му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.556
    Допаѓања:
    184.582
    Пол:
    Женски
    Како реакција на вакцината не, ама од стрес од истата може да е. Зелената столица е нормална се додека бебето полни пелени и си цица нормално. Не е индикатор дека е гладно. Чим се искакало значи јадело. Мојата имаше зелена столица 3 недели по ред, си напредуваше убаво и се среди по некое време. Нема потреба од дохрана.
     
    На Kaetana, Vanessa9li, Мариаа. и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Бебуш на почеток скоро секоја пелена му беше полна со каки сега едвај еднаш дневно некогаш и на два дена..
    синоќа ептен му беше тешко на меше имаме и грчеви се стега јачи дури од напон и две полни пелени имаше со каки, но во изметот најдов како две точки крв како капиларче.. дали може да станува збор за тоа? дали е страшно? претпоставувам од напон нз др што би можело да биде.. иначе бебче после се смири и убаво спиеше се олесна баш .. си јади и си напредува одлично.. имаме грчеви само и не давам ништо освен перниче со трички масажи, вежби и пробиотик био гаја.. дали имате сл искуство или треба итно да барам мислење од педијатар?
     
  17. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    10.402
    Мoетo на пoчетoкoт какаше пoчестo, сега му се регулираше стoлицата. Кака еднаш дo два пати на ден. Така да мислам дека е нoрмалнo.
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.435
    Допаѓања:
    37.681
    Пол:
    Женски
    Моето имаше исто крв во каката кога немаше какано неколку дена. Одговорот на педијатарот беше дека не е ништо страшно, пукнато капиларче.
    Ако сакаш да си мирна прашај го педијатарот телефонски доколку постои таква можност.
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Baby boo

    Baby boo Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2018
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Пред три дена почнавме со дохрана,вкусови.. но бебе преку ден некако помалку сака да цица, пишти, се тегне, кога ќе сменам страна лакомо дури цица..без разлика од која прво ќе му дадам..но ноќе се уште се буди често на два, еден саат некогаш и порано..се уште ли не држи тој петти скок..5+ сме или ќе ми се одбие од цицање.. искуство..што би можело да е..
     
  20. ☁сон☁

    ☁сон☁ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Се слушнав со матичната, рече да дадам сега, за да не е гладна. Испи 70 мл, после цицање од двете гради :( утре одиме на мерење, да видиме до кај е