2 месеци и 16 дена е. До сега само си цицаше, и тоа по нејзина желба кога сака. Помеѓу претпоследното и последното мерење имаше качено само 100гр, за 10 дена, ама рековме ќе почекаме уште малку да видиме како ќе биде. Сега кога и кажав за пелените, рече да дадам вечерва и утре да ја носам за да видиме со што тежина почнува со АД.
Рече си ги понудила двете гради. Зелена кака може да се јави од неефективно доење. Може не го местиш правилно на града, или поверојатно не ја доцицува градата. Почетното млеко што го цица кога ќе почне да цица е по водесто и тоа треба да му ја задоволи жедта, односно потребата за вода, потоа доаѓа погустото, поквалитетното млеко, калоричното што треба да го најаде и засити. Можеби од двете гради го испило она првото млеко, па затоа потоа испило толку АД. Не сите бебиња додаваат исто на килажа, и многу други фактори одредуваат дали бебето е здраво. И мене педијатарката ми рече да не очекувам буцкасто бебе (освен на слика, таму е чиниш бумбар ), нема да става на килажа многу, ама е жилава, цврста, сите останати параметри се во ред, тоа е тоа. Не се грижи, најверојатно имаш млеко чим ексклузивно доиш веќе 2 месеца.
@Yowannty Се надевам и јас нешто друго дека е причината. Она убаво исцицува се, по 25 минути на града цица и тоа активно влече. На крајот почнува да мрда, се тегне, буквално се бори со мене, додека не ја наместам на другата страна. Само не знам сега, исто треба да чекам три часа да поминат од ад за да и дадам да цица ако бара?
Немам искуство со ад па не можам тука да помогнам. Јас претпочитам доење па би нудела цицка пред ад. Може едноставно си било полакомо денеска па испило повеќе, се случува. Ако е расположено и полни пелени немаш простор за грижи.
Да се надоврзам на муабетов,се случува бебе на некое цицање,да се нацица активно 5мин и после како да си игра, фаќа, пушта,лиже, мрда со раце,ме мава...ми личи на играње, си помислувам дека нема млеко,се трга, стискам града тече? Што сака да ми каже малиот? Не се сеќавам дали во таков момент сум го префрлила на другата. Инаку , моево само од една града цица на еден подој, така тераме од почеток.
не верувам дека ќе ти се одбие штом навечер станува почесто за цицање. Може до скок да е може да е до тоа дека сте почнале со вкусови па е може збунето а дотогаш само на цицање било. Инаку да си прашам. Ние сме на цицање и знам дека бљуцкањето е нормално ама последниве два дена некако повеќе од вообичаено враќа. Да не речам повраќа оти е многу малку количински за да се нарече така. Секогаш е со рацете во уста некогаш мислам дека на тој начин провоцира да дојде до тоа враќање на млекото. И често тоа плукање е како да има шлајмче,така нешто тегаво лигаво... Кака нормално не можам да речам дека е некој вирус. Апетит има весел е. да го носам по лекари за тоа не би. Мислење?
Тоаа значи дека му е доста и кај мене така прави. Поале тоа му давам цуцла и среќен и задоволен е. И јас му давам една цицка само и од неа се најадува ама дека така почнавме од почеток вљда она си произведува толку килку му треба за цел оброк
Јас пак во паники точно 1 месец сме беба се си е супер си напредува си цица но при капење вчера ја забележав дека има брукички на градите, денес и на лицето и вратот од кожен доктор семеен пријател добив одговор дека од жешко и се ,но јас мислам не ние многу топло дома со алишта не ја трупам многу
И на мене ми личи ова од жешко дека е, и на моево му се појавија откако свеки го моташе во јоргани во дневна, веќе не дозволувам. Мислам дека на бебе многу е лесно да му стане жешко, моево кога цица како радијатор да имам гушнато. По боди и тенки шпилхозни сега само. Инаку ако цица, вака може да се исфрли и од мајчините хормони. Во секој случај мислам дека не е ништо страшно.
Фала мајка , сега ја расоблечив само на боди и панталонки памучни и блузичка памучна е ,ѕиврињата и ги собчечив.
Патронажната ми е блиска пријателка па често контктираме. На последното предавање им рекле бебињата послабо облечени а за време на доење дури не се препорачува завиткани во ќебиња дури по боди доење бидејќи мајката пренесува топлина, а хормоните си прават плус некој степен. @☁сон☁ убаво ти кажа @Yowannty не може 2 месеци да доиш и наеднаш да не стига млеко. Не брзај со дохрана. Менуваат децата од ден на ден. Денес е гладна утре нема да сака да цица. Ова од искуство. И мене бебе ми делуваше гладно но Еве ја 4 и пол месеци уште и стига. Почесто ставај на града ќе стимулира млеко плус. А ноќе ако поретко станува молзи се да одржиш лактација за нареден ден. И јас и давав некое време АД по 1 на ден и патронажната велеше не е гладна имаш млеко ако минуваш со еднаш АД. Со тоа ние мајките се смируваме. Инаку ако даваш АД треба 2 часа да поминат до наредно АД а за цицање може кога сакаш. Секогаш прво нуди цицка после АД
Како сте мајки , добро утро читам за дохрана зборувате, јас до 6 месеци не почнувам. Така беше за големата, така ќе правам и за малата сега. Верувајте ќе ви се здосади потоа да блендирате храна полесно нешто од давањето млеко нема. Ние сме трети ден во Мк, по пат убаво поминавме Вики се изнаспа 5 саата откако тргнавме се додека стигнеме во Ск Гуга, се смее на глас , обожава некој да и зборува. Спие супер, е се нервирам што бара нешто да има во уста додека спие, дали цице, дали цуцла лажливка, се надевам лесно еден ден да се одвикне од ова. Ако не и ја вметнам цуцлата, може цела ноќ да ја помине со цицето во уста и да цица. Затоа кога ќе стане сабајле , пелената тежи леле мајко и повраќа без престан.
Мами ај малце консултација. Кога се породив немав млеко дури накај 7 ми почна многу по малце да ми надоаѓа. Во меѓу време буци го доранував 2-3 пати дневно со ад, не заспиваше ако не го доранам, а по 2 саати ми висеше на гради. Сега имам млеко (иако јас мислам дека се уште е малце ) па го ставам на града ќе се нацица и си спие по саат и пол - два. Тоа значи му стига моето млеко или намален му е апетитот? Исто така каката му е поводена од таа кога беше на ад. Читав тоа било зошто мајчиното млеко полесно се варело, се надевам не е пролив. Татко му уште ме тера да го доранувам а јас пуста желба за доење, ама пак не сакам гладен да е. ☹️
@Vanessa9li пролив е ако има над 5 столици во 1 час. Иначе каката ќе се менува, некогаш ќе е потечна, некогаш погуста, некогаш боја ќе менува, зависи и од тоа ти што го внесуваш. Нормално е. Ако полни пелени и при тоа е расположено, нема потреба од дохрана.
@Andonia јас само боди со долги, панталончиња и чорапчиња облекувам ништо друго. Нема потреба од повеќе облека за дома. Тргам по мене и поголемите деца, сите дома седиме по тренерка долна и кратка мајца. Ако е буден е откриен кога ке заспие покривам само со тенко кебенце. Исто и ноќе го облекувам само покриено со подебели кебенце бидејки е намалена температурата.
Допрво ќе се учам ,јас од страв да не и е ладно па ја покривав ја наоблекував ,но од денес ќе сме на помалку алишта .