еве што најдов како одговор на твојата ситуација ние последниве 3-4 дена не знам веќе што е. Ни плаче ни се смее ни може да му се погоди. Единствено добро е што навечер спие.
Среќна нoва гoдина виртуелни приjателки и маjки. Незнам за вашите бебки ама мojата држеше тренинг да издржи дo 00:00 сo денoви Така да вечерва ќе издржи да jа пречека 2020 Убава вечер
И јас да се одјавам од старата 2019 која со 2005 ми се најсреќни години кога станав мајка. Разликата голема но никогаш не е доцна за ваква среќа. Секаде да дава Бог. Ве гушкам пријателки и ви посакувам се најубаво во Новата 2020 Палчица моја спие и знам дека ќе спие до година до 8:00-9:00 часот. Негде кај 2:00 може да стане за цицање. Синко замина со друштво а јас и мм ќе гледаме( читај спиеме) ТВ.
Најсреќна нека ни е 2020!!! Мене 2019 ми беше магична иако проследена со стресови и секирации. На самиот почеток бев толку изгубена, се наоѓав во некое безизлезно ќоше стутулена, не знаев кој пат да го фатам, па животот ете ме насочи со новоста за синчето. Уште висат одредени прашања, но ете, поубаво било да се остават малку да се решат во некое попогодна прилика. Не им било времето тогаш. Било време за втората љубов која заедно со ќеркичката ми го греат срцето. Пресреќна сум периодов. Пресреќна, занесена, маѓепсана. Бидете и вие такви цела година!
https://pedijatar.mk/temperatura-kaj-bebe-raboti-koi-roditelite-mozhebi-ne-gi-znaat/ Уште еден линк кој може да користи доколку се прочита. Ние со бебчо убаво ја пројдовме ноќта спиејќи си ја дочека новата година како и секое бебче. Со големото окапавме од смеење онолку не сме се смееле многу одамна. ви посакувам на сите среќна нова година и среќни празници кои следат.
Среќна Нова година драги мајки! Годинава за мене беше прекрасна. Станав мајка на две машки близначиња. Станав уште по љубена на мм... Станав комплетна! Со помалото близначе во раце, поголемото во креветче и маж со восхит во очите, ја дочекавме 2020 година. Нека се нижат само убави денови во годината нова!
Мајки кои користите Хип Комбиотик, дали им се случува на бебенцата да ви повраќаат водичка? Додека им давав Нан го немавме овој проблем. Од што може да биде?
За десетина дена правиме 6 месеци, бебо премногу ми е нервозно и премногу живо(не знам како да објаснам), дури мислиш од гума е..од што може да биде ваков, некој совет? На доење сме..
Периодов на секој саат се буди беба за цицање, малку и одма презаспива. И воопшто нејќе во креветче, на спална со нас е.. вака не беше ни до 40 дена А скоро шест ќе правиме..јаооо
Мајки, деновиве се соочувам со следниов проблем. Близначињата ги хране со Пре Нан, па Нан 1. По извесно користење на Нан 1, и се направи запек. Од тие причини пробав со Хип Комбиотик. И двајцата повраќаат од него. Совет што да правам, оваа храна не е опција за нив. Во ред ли е да правам чести промени? Да не направам полошо... Ама мора да најдам решение за хранењето.
пробај со хип органик ние немавме мака со тој. Првото дете ми беше исклучиво на АД и немав мака освен грчеви кои не беа многу чести и се нормални кај секое новороденче. За второто исто на почеток додека ми надојде млеко користев хип органик. Не е убаво често менување од типот ајде да пробам ова е поефтино или ова го нема ова ми го купиле.. ама доколку имате мака мора да се менува неизбежно е. Да прашам нешто и јас. Дома собна температура е 22-23 степени бебе облечено по боди холахопчиња и пижамчиња и покриено а невечер кога спие лицето и рачињата му се ладни. Капче не сака да чуе. Нормално е или да барам совет од педијатар?
Заштo ставаш навечер холахопчиња? Нека си биде раскoмoтенo... jа oблакам пижами памучни или шпикoзни. Мoтам вo не мнoгу дебелo ќебе затoа штo мнoгу мрда сo раце и ми се буди.
Мами акo мoже мислење..? Некакo бебетo мнoгу ми jа држи главата на деснo. Пример кoга ќе jа дигнам спрема мене мoра да и е пoвеќе на десна страна. Oртoпед имаме закажанo, нo ме интересира мислење ? Едит: кoлку и да и jа вртам на лева страна главата кoга спие пак ќе ми се изврти на десна
За второво, и кај нас така беше, од почеток цело време на десна,стававме пелена како препрека,тогаш ја држеше право не сакаше на лево, па после некој период на лево и сега веќе менува. Ортопедот не советуваше ако забележиме да сака повеќе една страна,да му приоѓаме од другата,да му зборуваме,тропкаме со играчки. Што ставате за црвенило под вратчето кај бебките? Претходно беше помалце,сега последниве денови и повеќе се поти има голема црвена линија. Од педијатар кога прашавме пред 1 месец добивме совет пудра,стававме Бекутан, не помогна. Денес намачкав јекодерм,ама не можев да проверам дали е смирено. Дали судокрем може да се мачка и за тоа црвенило? Какви вежби треба да му се прави на бебе од 3 месеци?
Вежби правев вака на 3м:вкрстување на рачиња, кружни движења па држејќи за рачињата ја дигаш нагоре до седечка позиција па назад. 3,4 пати. На нозите стандард кружни-жаба движења, па горе-долу.По 15,20пати.Вака во Систина ни ги кажуваа. @Larahappy доколку има нерамнина во главчето од постојано вртење ќе ви каже ортопедот и обично даваат вежби, ама сите бебиња имаат омилена страна. @marchi-cool температурата ти е ок, нема потреба од хулахопки, проверувај кај градињата дали му е ладно, носето и обравчињата нормално е да се поладни.
Исто и кај мене само на лево. Кога бевме во Плодност и кажав а и самата забележа дека главчето му беше се на лево завртено рече вежби и масажа. Вежби правам со рачињата ги вкрстувам горе доле го факам и сам да се потигне и масажички со кокосово масло на грбчето и вратот и се управи сега се врти и на лево и на десно не ја држи веќе на една страна.
Јас уште не сум породена, ама се спремам и вчера гледав видео за добри апликации. Има некоја baby sparks се вика, и таму имаш различни вежби за бебиња направени во консултација со физиотерапевт.